|
|
Б А Л К А Н С К О У Ч И Л И Ш Т Е |
Б А Л К А Н С К О У Ч И Л И Ш Т Е Луѓето го гледаат светот, не каков што е, туку какви што се тие. Светот во нас не е иста слика како што сме ние во светот. Многумина се занимаваат со ситници, а треба да се гледа поголемата слика. Дали ќе биде животот поинтересен ако се биде објективен, да се гледа светот онаков каков што е. Надгледникот само гледа. Еднаш не многу одамна животните решија да направат нешто херојско што ќе ги задоволи проблемите на општеството, па организираа училиште.Тие направија наставен план кој се состоеше од трчање, искачување, пливање и летање. За да биде полесно за Управникот, сите животни ги изучуваа сите предмети. Патката беше одлична во пливање, дури подобра и од учителот, и доби одлична оценка по пливање, но беше премногу слаба во трчање. Понекогаш мораше да се откаже од пливањето за да на допонителни часови вежба трчање. Нејзините нозе се излитија па стана само просечна во пливањето. Просекот беше прифатлив за училиштето, па така никој не се грижеше за тоа освен патката. Зајакот беше најдобар во одделението во трчање, но доживеа нервен слом кога разбра дека другар му го напуштил училиштето, па мораше да го стават во училишниот затвор. Верверичката беше одлична во искачување се додека учителот не ја натера да лета на часот по летање. Да, да лета ама да стартува од земјата па нагоре, а таа кутрата очекувала летање од врвот на некое дрво па надолу, со други зборови сакала да го надмудри учителот. Но на крајот излудела од преголемо напрегање па доби тројка по искачување и двојка по трчање. Орелот, е тој што е приказна сам за себе, што да ви кажам премногу проблематично дете. Во искачување ги претркуваше сите, но тоа го правеше на свој начин, а не како што беше во наставниот план. Кога беше сам беше тивок и повлечен, но кога ќе му дојдоа другарчињата од надвор, заедно сите беа како дрогирана дружина. На крајот од годината, абнормалната јагула која умееше многу брзо да плива и трча, да се искачува и да лета по малку, имаше највисок просек и беше најдобар ученик по поведение! Мечката беше прогласена за првенец, најдобра по сите предмети па дури побара и изборен предмет-Медицина. Прериските кучиња не одеа на училиште и се бореа против управникот затоа што не сакаше да додаде копање и риење во наставниот план. Своите деца му ги доверија на јазовецот и подоцна им се приклучија на мраморците и стаорците за да основаат ново училиште со поголема територија и со повеќе ученици. Еј, заборавив да прашам знае ли некој каде се Попај морнарот, мечето Ушко, Том и Џери, Пинк пантер, волкот и зајецот погоди-Конец (ама не за шиење). “Ништо нема појако од идеа на која и е дојдено времето да се реализира“. М-р Борис Јанев |