Среда, 06 Април 2022   
КОРОНИЗАЦИЈА. И птиците сепак не биле слободни. Морало да заВисат од ЕкоЛогистиКата дневна?

1Marija Kukubajska 

Марија Емилија КУКУБАЈСКА 

Земја, прашина, пат - низ ниви родителски. Небо, сечие, а сепак мое, над моја земја, од раѓање разгрането. Пат, но за птици преселници од своја во друга, од природна во одродена средина?? 

Птици, птици!! Нели целта ви е предел определен од био-географија?! Природна ли ви е сега туѓината, хРаната поднослива ли е за гените изнасилени во туѓи садови? Од глад или гад бегате?

Овде и децата наши - мили, милозливи, дарежливи, машко, женско, богато, сиромашно- и влекачи и гулаби хранат меѓу грабливите дивотии, и не знаат од зло да се бранат? А гаврани, чавки, стаорци и мравки демнеат, од завист темнеат, плетови туѓи газат, мразат, семиња колват, стебла крадат од миразот на мирот - од деца, од старци, од вековен п(л)од.        

Вековна вистина е: секогаш има искинати, оголени, нечисти, разболени, бедни, безвредни и материјали и мисли, по улици, по скали, и по гламурозни сали - анти-луѓе меѓу луѓето вријат. И еден страден Мики, со право од грабливи птици леб си брани, против глад по улици се храни, но,  туѓи полиња не гази со гнев. Може ли со лесно, свесно да се разДава она што чесно не се создава?

Се тргува ли со маката на работливите... нивите јаболки, ориз, тутун да ги оставаат непродадени? 

Колку можат да знаат преселниците агресори што е фер-пазарење, што е твое/мое? Заедничко било се` - демон-стрираат номадите граѓани на светот, ограбуваат дарежливи, невини домаќини кои и за свои деца немаат. Од ред и мир, од родна земја ги падат, од нив јадат. Со стрв им цицаат крв!

Птици, или пци, убаво време ли, или зли, лажни вести носите? Микрософт клаудс против органска меморија, психотронски кодоши и шпиуни против вљубените во вистината - врнат над Нотр Дам, криптичен идеограм за нов храм, за закон против срам и жал? Нови анти-вести истураат, бришат нормала! А градевме, народи просветлувавме. Од психобомби сега ќе можеме ли да се чуваме?!

Вода, о, да - ни капка чиста за пиење, за миење светски отрови и домашен јад, та ниедна вода  да не знае да испере наРации на СлобоДните радикали. Тиранизираат тие со правила против сите правила, радикалите со инстант беснило каснуваат несвесни генерации, пластифицирани, три-ди копирани идентитети, хибриди алчни за промени: птици со риби, рептили со луѓе... хуманоидни лешинари и глодари морфирани во луѓе. Свиени, во хуманитарни ќулавки скриени, стрвно демнат, да се нафрлат, да маѓепсаат жртва - и жива и мртва, само за сопствен кукаст клун, клон немилосрден, уста-канџа, само за бодеж и грабеж монтирана, привлечна само со измамничко лого, најмоќна кога збркува и заведува неискусно избезумени, или криво-умни, или безумни, изгубени.

Во акаСфери и во хејтерски медиуми - пандемски се шират бездомните птици. Пад подготвуваат во Г-Ад. Со мотори од метално перје, и енергија од гасовити и течни пари, ака тој ѕвер во сите сфЕри, не признава прастаро, чисто домородно плодно семе, ако не е ѕверски заколнат против висини на вистините и слободите вселенски закон што ги грее низ чоВечни текови. Клука, плука на влезот и кровот на светот. Со презир, провокации - пали, руши, двои, туѓо да освои, опустоши?

Ние мирот желеевме заедно да го чуваме, не да ограбуваме, не да снемуваме еко-системи што не’ бранат од горештини и студ, гола пустош да не настане, без траги од култури, без писма од саканите, песни од вековите, Карпош востанија, без име со кое се водиме низ времето. Љубовта ни` осветлува град(б)и и во нив не’ чува од курвинска трговија со оружја, органи и со бело робје.

Каква гротеска: романтичари-јаничари! Од инстинкти и илузии не се храни нормално реалното.

Но, тие, неприродни натуралисти, лажни нематеријалисти, подземни елити во змиска ложа: Нам ни’ голтаат и пилиња и гнезда. Ѕвезди симнуваат, а овошни срца сурово ни’ сушат, тонат, ронат во утописки Аркадии. Револуции садат садистите, душа вадат. Најранливите ги рануваат...

Од заседи, од небо, од земја, од вода... Ново-левите продаваат на десните, следбеници купуваат, слободно да задават гулаби на мирот, и елените во хиени да ги престорат. Крадци му судат на ограбениот - да не изусти дека со клет геноцид му раскинуваат ѕидови на клетките – да навлезат радци новодобски. Тие грев не признаваат, тие народот за народност на гиљотињи го сечат. 

Во леви темнини левите птици со пустински ветер печат десни делови од човековото цело.

Со шеќерно-отровен клун - песок во уста на вистината и’ набиваат, и колец во срж на надежта,за да не не’ биде. НО, и по крвни делби и по трајни преселби – чуваме и наследници и претци ние, заедно да сме: Моќ на љубовта за правда. Не се одродуваме, за правдини робуваме, народе наш!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.