Среда, 01 Февруари 2023   
Зајачето и Таќе ја продаваат Македонија на источниот сосед

1 rubin1

Сервилноста на нашето довчерашно премиерче (Зајачето од Муртино со потпишувањето во 2017 година со источниот сосед договорот за добрососедство и соработка и една година подоцна (2018 година) со Преспанскиот договор со Грција за промена на уставното име на Република Македонија го донесе во апокалиптично сценарио својот сопствен народ.

Бугарија чекаше момент од само 5 години кога Таќе, Зајачето и нивните поданици околу нив ќе си дадат со спортски жаргон кажано автогол во водењето на актуелната надворешна политика.

Па така, пред неколку дена на настан во Македонија за одбележувањето на денот на убиството на “тетовската бугарка“ Мара Бунева во македонската метропола, се вееше знамето на туѓа држава со слоганот дека “Македонија е бугарска“, и со тоа на чело бугарскиот европратеник и копретседател на политичка партија на Бугарија ВМРО – БНД – Ангел Џамбаски, придружени од членови на бугарската фондација Македонија.

Македонските власти на чело со Таќе и неговата СДС – овска и коалициска (ДУИ) предавничка елита во прв момент не покажаа знаци на вознемиреност. Но кога заканувачките пораки од источниот сосед зедоа поголем замав.

Имено, на сцена стапи претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски кога го свика советот за безбедност и од кој се “изродија заклучоци“ да се прогласи Џамбаски и други личности од источниот сосед за непожелни личности во нашата земја.

Во оваа прилика се прашувам каде се челниците на европскиот парламент на оваа провокација на буграскиот европратеник Џамбаски.

Вториот случај е претепувањето во Охрид на Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот културен клуб каде првиот командант на МВР Олио нагласи дека со овој потег на повидок е хибридна виојна против Македонија.

Со оваа изјава бугарските политичари се кренаа на нозе и испратија бугарски авион да го “однесе“ дотичното лице на лекување во Бугарија. Нашите власти пак беа пасивни со дадена изјава дека кај Пендиков од страна на МВР се пронајдени недозволени пуштени во употреба дрога и прекусори од страна на дотичното лице.

Значи може да претпоставиме дека тепањето на Пендиков не е од политички побуди, туку, истите се потикнати од подземјето со мешетарењето на дрога.

Иронијата да биде уште поданичка и предавничка, Македонскиот министер за надворешни работи веднаш замина во Софија да го посети повредениот Пендиков. Го посети но за жал, доби жолт картон од својот бугарски технички министер за надворешни работи Милков.

Повторно бугарските политичари и забревтаниот бугарски народ организираа протести пре македонската амбасада во Софија каде извикуваа македонија е бугарска. Иронијата да биде уште поголема бугарското МНР го повика бугарскиот амбасадор во Скопје на политичко советување во неговата матична земја.

Последно од серијата на Џамбаски и неговите поданици е доаѓањето во Скопје во сабота (04.02.2023г.), на голем број бугари за да чествуваат и положат цвеќе по повод раѓањето на македонскиот деец Гоце Делчев.

Но Бугарите треба да знаат дека Гоце Делчев е роден во Егејска Македонија, а ако сакаат да го слават треба да одат во Кукуш каде што е роден Македонскиот великан Гоце Делчев.

Исто така, пред да дојдат во Скопје да поминат во Ваташа каде бугарските окупатори ликвидирале голем број недолжно домицилно македонско население.

На крајот бугарите треба да ги реализираат пресудите од стана на европскиот суд за човекови права за македонците во Пиринска Македонуија.

Дипл. ЕКК Рубинчо Видое Јованоски

Новинар и поранешен одбојкарски судија од Прилеп

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.