Среда, 01 Февруари 2023   
Александар Џеповски : Среќен роденден Гоце, уживај горе, доле е пекол
1Dzepovski1 Александар Џеповски
 
Тие истите што те предадоа и сигурен сум нивниот куршум, никако аскерски кој те усмрти на млади години, ете сега креваат галама нивни си бил, беља работа. 
 
Знам дека горе последниве 120 години имаш размислувано многу и се каеш што ете си бил учител по Бугарски и што си јадел нивни леб. Па добро ете вака и јас сум бил привремен учител по српско - хрватски во Австралија, сум примал пари од австралската влада па рака на срце ниту сум Србин, Хрват или Австралец ... исто такви случаји има еден куп милиони низ цел свет, ама ете САМО ТИ и не верувам друг, си класифициран и маркиран како нивни, демек Бугар. Страшно Гоце, многу страшно. Ова веќе преоѓа во сериозна работа и не се поднесува повеќе. Тешко ти е тебе, тешко ни е на нас но најтешко е на Мајка Македонија. 
 
Овие споредбени анализи се за Гинисова книга на рекорди и има непредвидливи и несакани последици. Со луѓе ќе се разбереш некако, со животни полесно ама со Бугарите - НИКАКО !!! Се што е Македонско присвојуваат, црква, име, азбука, историја, такви како тебе од Самоил па до кој знае кога ...круната Архиепископска, абе лудница е ова Гоце, ептен е работата излезена од колосек. 
 
Имаме молба Ние Македонците до тебе Гоце. Прашај го Севишиот до кога ова ќе трпиме од нив  и дали може ти или Тој или било кој да ни даде некој ишарет за денот долго очекуван ? Почнуваме веќе да се нервираме и ова нивното е безобразлук невиден. Издржавме 500 години турско ама ова татарското не се трпи повеќе. 
 
Прими ги нашите честитки, солзи, јадови и маки и не се секирај, ќе ја средиме некако работата самите ние овде на оваа земја каде царува пеколот а на небото рајот. Ти си бил, си и ќе бидеш гордост наша Македонска и ти се колнеме дека Егеј и Пирин ќе ги вратиме па да се треснат од земја сите душмани.ЕДНА Е МАКЕДОНИЈА, ЕДЕН Е ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ И ЕДЕН Е МАКЕДОНСКИОТ НАРОД КОЈ ДОЛГО ЌЕ ЖИВЕЕ И ЌЕ СОЗДАВА ЈУНАЦИ КАКО ТЕБЕ. 
 
АМИН !!!
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.