|
|
Ако е Гоце Бугар, тогаш Левски и Ботев се Срби |
Ако е Гоце Бугар, тогаш Левски и Ботев се Срби а Зорба Македонец.Доколку ги почитуваме и спроведуваме вистините на нашите ценети комшии од кои Антиката Македонска припаѓа на Грција , средновековната на Татарите и најновата на кој како ќе стигне, тогаш и тие ќе мора да играат по истиот терк и да ја спроведуваат истата логика и на нивна штета.Правото име на Левски беше Васил Кунчевиќ Левски, на Раковски - Сава Попович Раковски и тие заедно со Христо Ботев беа Српски питомци ... исто како што Гоце нели бил Бугарски питомец. Значи, питомци и се школувале на Српски јазик чесно и достојно.
Славниот Зорба за кој се сними филм како епски Грк боем последните 20 години живееше во Скопје каде почина и гробот негов се наоѓа во градските гробишта во Бутел. Аналогно на сето ова и логиката на ценетите Грци испадна дека Зорба е Македонец.
Кога на целата ова каша попара ќе го додадеме и фактот дека ете и 8485 Албанци се изјаснија и гледај чудо се чуствувале како Бугари, па дури си регистрирале друштво и клуб албанско бугарски...е тука веќе стигнавме до зенитот на онаа народната мисла - дури сега знам дека ништо не знам.
Слободно може да кажеме оти во минатото луѓето одеа да си бараат чаре по печалби, во комшиските дворој, но денес пасошот и лесната пара се голема магија во која комшиите наши златни и те како знаат да ги употребат за свои цели и глупости.
Тргнаа луѓето по памет на натемаго па царува лесната коруптивност и продавање на душата за некое евро.
СВЕТОТ Е ВО ГОЛЕМА КРИЗА НЕ ОД МАТЕРИЈАЛНА СТРАНА ТУКУ ОД УМСТВЕНА СТРАНА И ТУКА ПОПРАВЕН ИСПИТ НЕМА, ПА ЗАТОА ГОРНИОТ ЌЕ СУДИ...Е ПА ЌЕ СУДИ, ВИ КАЖА И ВЕ ОПОМЕНА ВО КНИГИТЕ НЕГОВИ. СО СРЕЌА ДА СИ ГО НОСИТЕ.
АМИН !!!
|