Среда, 15 Февруари 2023   
Македонците ќе преживеат, ама соседите ќе останат со кратки ракави!

11svekrva Свекрва

Катастрофалниот земјотрес кој ја зафати пријателска Турција и Сирија, до овој момент, однесе повеќе од триесет и шест илјади животи, над осумдесет илјади се повредени. Овој број не е конечен и за жал бројките сеуште можат да растат.

Турција сега е економски ослабена држава, која зафатена со остранувањето на последиците од земјотресот неможе да влијае врз настаните во Украина и на Балканот, кој го тресат политички земјотреси. Интенцијата на Западот Албанците да доминираат на Балканот, на штета на славјанските народи, полека се остварува. Последиците од промените доколку настанат ќе ги почуствуваат над дваесет милиони жители.

„Балканскиот политички земјотрес“ предизвикан од некои сили, имаат за цел да ги срушат старите структури, а на нивно место да биде изграден нов центар на моќ. Тирана треба да биде еден од новите центри на моќ. Не случајно толку беше вложено во создавање на Косово како држава, а во земјата протежирана албанската заедница. Не е ни најмалку случајно, што во Тирана се среќаваат албанските политички партии од регионот и таму се создадоа Тиранските платформи, кои сега ги спроведуваат истите партии, како и петоколонашите во регионот.

Реконструкцијата на владата во Македонија, наводно заради ЕУ интеграција на земјата, како и заканите за дестабилизација на регионот доколку не се прифатат барањата на Албанците, Бугарите да влезат во Уставот, се дел од тоа делување. Неодамна лидерот на Алијанса на Албанците А. Таравари се закани дека е „можно е да се случи радикализација на албанските партии ако биде загрозена европската перспектива на Македонија. Според него „може да пораснат фрустрациите кај Албанците и може да се појават нови идеи за реорганизација на државата, а земјата би можела да влезе во еден маѓепсан круг од кој нема да може да излезе“.

Ваквите изјави на Таравари, ги надоплни советникот на косовскиот премиер Аљбун Курти, Елвис Хоџа, кој смета дека „ако меѓународниот фактор во рамките на дијалогот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, инсистира на формирање на Заедница на српските општини во Косово, тогаш тоа ќе поттикне слични барања и кај други заедници во регионот“ Осносно тој смета дека такво нешто е можно да се случи во Македонија.

Но, косовскиот советник ни укажува дека барањата на Таравари за отварање на Уставот не се со цел Бугарите да влезат во него, туку дека Албанците сакаат доотварање на Уставот само за да станат втор државторен народ. Сето тоа е со цел создавање на Заедница на албански општини, федерализација на земјата, поделба и реализирање на сонот за Голема Албанија.

Всушност, Албанците го сонуваат истиот сон како и Бугарите, што се гледа од картите кои двете страни ги пласираат по социјалните мрежи. Тие се повеќе или помалку се исти како и картата за време на Втората светска војна, кога Македонија беше поделена на две окупациони зони со кои управуваа Бугарите и Италијаните, односно Албанците. 

Меѓутоа соништа на Тирана и Софија за територијлни поделби и проширување на македонска почва, уште на самиот почеток се осудени на пропаст. Прво Македонците не го сакаат тоа, а второ Македонија е членка на НАТО, кој во моментот не би сакала разгорување на било каков оган на Балканот додека помеѓу Русија и Украина се води крвава војна.

Не е случајно што Софија сеуште има четврта по ред техничја влада, а во Тирана пак има протести на опозицијата против актуелната корумпирана власт. Вашигтон и Брисел не би требало да дозволат властите во овие земји да работат за интересите на Москва, која би сакала да го сврти вниманието на Вашингтон и Брисел од војната во Украина..

Меѓутоа, можни се секакви сценариа, доколку некој потпали поголем пожар на Балканот. Сепак, пироманите треба да знаат од досегашното историско искуство дека долку потпалат пожар на Балканот тој лесно може да го зафати и остатокот на светот, да дојде до апокалиптични сценарија, во кои и самите можат да се изгорат.

Стравот од доминација на Албанците на Балканот, која има поддржка од Западот, го зголеми евроскептицизмот не само кај нас, туку и кај другите Славјански народи кои чекаат пред портите на ЕУ. Само корумпираните власти, за да ги зачуваат своите позиции, нечесно стекнатите богатства и да избегнат да одговараат пред судот на правдата, се ставаат во функција на албанската агенда. Така и сегашното влегување на Алијанста за Албанците во власта, која драстично го нарушува етничкиот баланс, повеќе е обид на СДС да купи уште некој ден повеќе да остане на власт, отколку заради самите евроинтегративни процеси.

Македонците имаат искуство во справување од последиците од земјотреси, било да се тоа природни или пак вештачки. Тоа ќе им овозможи да го надминат и овој последниот, ама Тирана и Софија, следејќи ги своите соништа, повторно ќе останат со кратки ракави, тие ќе имаат најголема штета.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.