|
|
Свекрва : Единствен начин Македонците да преживеат е оваа неспособна власт да биде заменета! |
Власта предводена од СДС и ДУИ постојано се обидува да обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието за да се извршат измени во Уставот кои според нив водат кон ЕУ. Во меѓувреме, земјата постојано се соочува со низа закани: закани за вето од соседот доколку Бугарите не влезат во Уставот, закани поделба на земјата ако не се промени Уставот, закани за поставени бомби во училиштата, закани од банкрот на државата поради прекумерни задолжувања, неможност од исплата на плати поради хакерски напади и т.н. Сето ова наликува на развиени сценарија кои треба да влеат страв кај македонскиот народ за „доброволно“ да прифати обезличување на државата. По неуспешните обиди на власта да ја убеди опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ да гласа за измени во Уставот, како и поради немоќта да се повторат уцените или да се купат преставници од опозицијата во Собранието, како што се направи за промена на името, денес се случуваат низа настани кои можат да имаат влијание на јавноста да прифати нешто што мнозинството не го посакува. Имено, поради хакиран систем доцнат платите на вработените во здраството и исплатите на други корисници на Фондот за здравствено осигурување. Јакиот шум кој се создаде со овој сајбер напад врз ИТ системот на ФЗО, го покрива звукот од тркалањето на карпата позади брегот кој поради неспособноста на власта да се справи, може да ја распарча земјата. Чудно е како власта има дозволено една институција како што е ФЗО да нема бекап, од каде лесно би се вратиле податоците за кратко време. Чудно е што по сите развиени сценарија за сајбер тероризам власта дозволи една ваква институција да биде доведена во ваква ситуација, што преставува закана за безбедноста на земјата. Некој навистина треба да поднесе одговорност за настаните во ФЗО. Но не само да бидат жртвени јагниња, туку владата треба да си поднесе оставка. Ако не се способни да заштитат таква една институција, тогаш како ќе ја заштитат државата. Власта предводена од СДС и ДУИ, ако нема друга цел, покажаа тотална неспосбност не само во превенција, туку и во справување со последиците од секаков вид на ризици и опасности по животот и материјалните добра. Тие треба да си заминат веднаш, зошто како би се справувале со поголеми кризи предизвикани од климатски промени, пожари, поплави, земјотреси и т.н. По пандемијата со корона вирусот, земјотресот во Турција отвори многу дилеми за употреба на биолошко и друг тип на оружје за постигнување на геостратешките интереси на поедини земји. Така на пример, долго време постојат тенденции да се развијат тектонски оружја кои би предизвикале земјотреси, вулкани, поплави и лавини. Пред крајот на СССР, постоеле програми „Меркур“ и „Вулкан“ кои испитувале такво оружје. Многумина се прашуваат дали тоа е вистина или не, дали вакво оружје постои или не, и каде светот оди. Иако денес, за нас се е во рамките на научна фантастика, наголемо се зборува за постоење на климатски оружја и дека земјотресот во Турција било дело на машина „Тесла“ која ја имаат некои западни земји. Теоретичарите на заговор велат дека истата била употребена за активирање на акумулираната маса на линија на раседот, со цел да влијае врз Турција, Сирија и Иран, заради руско-украинскиот судир. Ако тука има и малку вистина, тогаш како оваа неспособна власт може да излезе на крај со разни видови на закани кои постојат, а уште повеќе што Македонија се наоѓа на гео-политичкиот расед, т.н. линија на огнот, кој поради триењето на поредокот од Истокот и Западот секогаш може да го активира. Од земјтресот во Турција видовме само оние згради кои биле солидно изградени, по сите стандарди, останале здрави, додека сите кои биле речиси без темели биле срушени. Тоа значи дека ни Македонија тешко може да опстане ако темелите поставени на Првто заседание на АСНОМ се поткопани од оваа власт. Единствен начин Македонците да ги преживеат сите евентуални земјотреси на Балканот е оваа неспособна власт да биде заменета со нова која ќе изврши целосна санација на темелите на државата. |