|
|
Ламбе Арнаудов: ИСЦЕЛИТЕЛНАТА МОЌ И УНИВЕРЗАЛНОСТА НА ПОРАКИТЕ НА МОШТИТЕ ОД МАКЕДОНСКИТЕ ПАТРИОТИ |
Ламбе Арнаудов Пред петнаесетина денови, односно, токму на денот на прославата и чествувањето по повод раѓањето но и смртта на прославениот охридски ГЕМИЏИЈА МАРКО БОШНАКОВ бев за среќа и голема радост во Охрид. За величественоста на неговото дело, фанатичната преданост во борбата за ослободување на МАКЕДОНИЈА и фасцинантната духовна градба на ГЕМИЏИЈАТА, сé е познато и заради сето тоа јас пред неговиот лик и дело длабоко се поклонувам и клечам. Но, во сиот овој раскош на патриотизам, верба, истрајност, непоколебливост и одбивност од скршнување на тој зацртан пат со однапред познат епилог, трагичен во моментот, но со блескава светлост во вечноста, ме вчудоневиде еден навидум помалу значаен чин. ЧИНОТ на донесување на главата на ГЕМИЏИЈАТА дури од далечната пустинска Либија ископана со голи раце од неговите соборци ГЕМИЏИИ ШАТЕВ и БОГДАНОВ. Од една страна, длабоката традиционална сочувствителност кон семејството, христијански, човечки и морално етички искажана чест. Од друга страна, да навлеземе во суштината и пораките од ваквата ангажираност, и големината на човечкиот ум опседнат и посветен на својот македонски род и татковина МАКЕДОНИЈА. Генијалноста на овој чин трае, се потврдува и разнесува низ просторот и времето, благодарејќи на нивната убеденост дека жртвата ГЕМИЏИЈАТА МАРКО не е залудна, е непотрошлива и непресушен извор на инспирација за идните поколенија, извира и се разлева насекаде до каде живеат МАКЕДОНЦИ. Главата на МАРКО ГЕМИЏИЈАТА сега вградена, сродена и изедначена со македонската напатена оросена со патриотска крв земја во која почива, испраќа повеќедимензионални пораки за тоа што треба и на каков начин се сака татковината. Исцелителната моќ на овој револуционер духовно нé лечи и целосно нé оздравува во моменти на депресија, безнадежност и очај што не инфицирале, разнишана самодоверба, но и нова снага и патоказ за кога ќе се исправиме и уште посилни ќе зачекориме еруптивно силно да го надополниме загубеното во времето на заболеноста и мрзливоста и силни бодри да го прегазиме несаканото, а да го поканиме НАШЕТО, СВЕТОТО. Секако тука во прв ред ги ставаме исцелителната моќ и високо интригантите универзални пораки на нашиот најголем син МАКЕДОНСКИ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ и ДРУГИТЕ. Затоа, драги мои почитувани ВМРОВЦИ во време на заболеност и пројавена слабост на отпадници од ВМРО-ДПМНЕ: СЕТЕТЕ СЕ: И ОДГОВОРЕТЕ ИМ. Ние членовите, симпатизерите, гласачите и почитувачите на ВМРО-ДПМНЕ имаме со што да се гордееме и чесно и гордо да стоиме исправени пред својот народ. Создадовме суверена, независна, самостојна и демократска Република МАКЕДОНИЈА меѓународно призната со што го остваривме сонот на многу, многу генерации пред нас. Живеејќи и дејствувајќи не ретко во нарушени демократски процеси извојувавме рекорден број на победи на парламентарни, локални, претседателски избори и референдумски изјаснувања. Дадовме двајца претседатели на држава и еден потпретседател, двајца премиери, многу скоро ќе го добиеме третиот премиер г-дин Христијан Мицкоски кој сигурно ќе ја спаси Македонија и еден технички премиер, неколку стотина пратеници и сто толку, ако не и повеќе градоначалници од кои повеќе пати наш градоначалник на Скопје, неколку илјади локални советници, државни секретари, директори, дипломати, амбасадори, конзули, стотици министри, директори на агенции и владини претпријатија и многу други локални и државни службеници и речиси никаде не сме се посрамотиле. Чесно, поштено, со љубов кон својот народ и МАКЕДОНИЈА како наследени ГЕНИ но и со постојано сеќавање на исцелителната моќ на нашиот дух, да ги препознаеме и прифатиме универзалните патриотски, слободарски и демократски пораки МИРОТОЧИВИ од моштите на МАКЕДОНСКИТЕ ПАТРИОТИ И РЕВОЛУЦИОНЕРИ. Градевме, градиме и ќе градиме, го зголемуваме стандардот на граѓаните, отворавме работни места, инвестиравме во патната и електрична инфраструктура, го јакневме демократскиот амбиент, вложувавме во култура, спорт, најмногу во образование, земјоделците никогаш не биле посигурни за својот производ, наградени без грижа за пласман и цена. Ги релаксиравме меѓунационалните односи како никогаш до сега давајќи еднаква стартна позиција на сите. Така ќе биде и понатака. Да си ВМРОВЕЦ е тешко. Одговорноста од дадениот збор и верноста кон својот народ е голема. Затоа и тешко се живее како ВМРОВЕЦ. Но, тој кој не е ТОА, тој и воопшто не ни живее. НИЕ НЕ СЕ ОТКАЖУВАМЕ. На крај, за душегрижниците измамници, и МАКЕДОНЦИ и АЛБАНЦИ, една моја порака, ако нешто ви значи. НЕ Е СРЕЌА ЛАВОВИТЕ И ОРЛИТЕ ДА ЖИВЕАТ ЗАЕДНО ВО ЗООЛОШКА ГРАДИНА. СРЕЌА Е ДА ЖИВЕАТ ЗАЕДНО ВО СЛОБОДНА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА. |