Среда, 15 Март 2023   
ХОЛОКАУСТОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ - ЗЛОСТОРСТВО ШТО НЕ СЕ ЗАБОРАВА

1martin1 Мартин Треневски

Во неделата, на 11. март, во Скопје, Битола и Штип со бројни манифестации се одбележа траорната 80-та годишнина од најголемиот злостор што го направи фашистичка Бугарија како окупатор на од две третини од Република Makeдонија. На тој ден, по долготрајна и многу внимателно и систематски подготвувана операција, 7.144 македонски Евреи беа приведени од нивните живеалишта и затворени во  импровизираниот концентрационен логор во скопскиот Mонопол. После десетина дена тие беа натоварени во сточни вагони од бугарската железница и по тридневно нон-стоп патување исторавени во логорот на смртта Треблинка, на осумдесетина километри од Варшава.

   Лично бев на местото од злосторот како министер за иселеништво во 2.000та година за со сопствени очи да видам каде се случи тој злостор. Но, бев запрепастен од она што во суштина не го видов. Имено, нацистите пред налетот на Црвената армија уништиле буквало се: сите објекти каде биле сместени македонските и други Евреи,п просториите каде биле егзекутирани најголем дел од новопристигнатите несреќници со труење со гасот "Циклон Б", крематориите каде ги гореле телата на мртвите Евреи... Буквално ништо не беше останато осем огромна рамна површина, за која неинформирани не би можеле ни да претпостават дека токму на тоа место постоела фабрика на смртта во која жнвитите ги загубилке стотици илјади недолжни граѓани, меѓу кои и македонските Евреи, само заради тоа што биле по постекло Евреи.
 
1mar
Мај 2015. Амбасадорот на РМ во Австрија проф.д-р Василка Попоска Треневска одава почит пред саркофагот на убиените Евреи во конц-логорот Матхаузен
 
  Логорот на смртта Треблинка нацистите го беа изградиле длабоко во шума каде пристапот бил можен само со железничка пруга - за да не може од далеку да се забележи што се случува таму. Денес од тоа стратиште има останато само бетонска платформа на која ги истоварале пристигнатите Евреи (меѓу кои и Евреите од Македонија), од каде нацистите ги носеле на потстрижување и најголем дел од нив дирекно - голи ги носеле во специјални големи простории - небаре бањи,, наводно на "туширање", но наместо вода им пуштала отровен гас од којшто несреќниците умирале во агонија за десетина минути,
 
   Ете така би го опишал мојот мрачен впечаток за посетата на логорот на смртта Треблинка каде беа егзекутирани 7.144 македонски Евреи. Но да потсетам и дека пред логорот има пет-шест големи коцки од мермер на кои се изделкани имињата на земјите од каде потекнувале жртвувавите Евреи. За жал, бидејки две третини од Македонија биле под окупација на фашистичка Бугарија, и македонските Евреи беа претставени како Евреи од Бугарија. Протестирав кај домакините заради тој неприфатлив превид и им врачив повеке книги од македонски автори (Академик Александар Матковски, Жамила Коломонос и други) за да ја поткрепам со аргументи мојата реакција. Домакините ветија дека ке ја корегираат неправдата и ке наведат дека станува збор за убиство на м а к е д о н с к и  Евреи. Според некои сознанија, тоа, наводно, во меѓувреме е и направено.
 
1br1234567801
 
На фотографијата: Делегацијата од Министерството за иселеништво пред Треблинка                                                                                                                                                     
За манифестациите за одбележувањето на 80 годишнината од депортацијата на македонските Евреи се кажа многу на македонските медиуми, а Република Македонија се потруди тоа да го стори на најдостоинствен начин. Но, за жал, и овој пат бевме сведоци на скандалозното однесување на дипломатите од бугарската амбасада во Скопје и нивниот генерален конзулат во Битола кои не присуствуваа на одавањето почит на загинатите македонски Евреи чија смрт е нивна заслуга!
 
  Пред пандемијата на една слична комеморација сепак присуствуваше екс-премиерот на Бугарија Бојко Борисов. Тој на прашање на македонски новинар:"Дали Бугарија намерава да се извини за нејзиниот удел во ликвидацијата на македонските Евреи по примерот на Вили Брант кој на колена се поклони пред споменикот на убиените Евреи во логорот Аушвиц", Бојков одмавна со рако и ладно одговори:"Немојте вие мене да ми наметнувате такви пропаганди". Да, токму така е и денес!? Званична Бугарија не сака да ја признае својата вина во ликвидацијата на македонските Евреи. А на 11 март, кога ширум Македонија одававме почит на нашите загинати сограѓани Евреи, тие во Бугарија многу гласно одбележувааа дека спасиле 48 илјади бугарски Евреи!? Но званична Бугарија и нејзините квазинаучни институции и поединци не смеат да заборават дека комплетната документација од нивната окупација, вклучувајки ги и документите за политичко и економско уништување на македонските Евреи, вклучувајки ги и документите (подготовка на списоци со адреси и сл.) ги поседуваме ние денес во Државниот архив на Македонија во Скопје, а копии од таа документација се благовремено доставени на Музејот на холокаустот Јад Вашем во Ерусалим. Со други зборови, од вистината нема бегање, а пред вистината и боговите молчат!!!
 
   Но да појасниме за што се реботи кога станува збор за двојниот пристап на Бугарија. Поразот на нацистичката солдатеска во битката за Сталинград (август 1942 - март 1943) го означи и почетокот на крајот на нацистичка Германија и беше јасно дека таа ја губи војната војната. Истовремено се зголемуваше и притисокот врз фатистичката влада во Софија и од Берлин, но и од страна на Американците. И покрај се, нацистичка Германија не се откажуваше од својот концепт за "трајно решение на еврејското прашање" (т.е.нивна ликвидација). И сојузниците, но и нацистите истовремено вршеа притисок врзфашистичката влада во Софија! Пораките од нацистите гласеа: доколку фашистичка Бугарија не ги предаде Евреите дека ќе ја бомбардираaт Софија и други поголеми градови во Бугарија. Од друга страна Американците и се закануваат на Софија дека ако фашистичка Бугарија ги предаде Евреите на фашистичка Германија, САД ќе ја бомбардираат Софија! Соочувајки се со вакви закани од двете спротиставени во војната страни, владата во Софија се одлучува на типично бугарски/византиски потег: ги жртвува Евреите од Mакедонија и другите окупирани територии за да ја задоволи нацистичка Германија, а не ги дава своите Евреи за да ги задоволи Американцире! Токму за тоа, некои Евреи кои по војната емигрирале од Бугарија во Израел иницирале таму да му се подигне споменик на Борис III koго го нарекуваат "Цар спасител",  но израелската влада таа идеја  не ја прифати.
 
   1br12345678012
После се што да заклучиме!? Сепак мислам дека Бугарија ќе мора да еволуира во своите национасистичко-шовинистички ставови како членка на Европската унија каде важат цивилизациски стандарди и погледи за минатото и ќе мора да го признае и да се извини за злосторот што не може вечно да го оспорува!
 
  И уште нешто, за време на мандатот на д-р Василка Попоска Треневска како амбасадор на РМ во Австрија, четири пати присуствувавме во комеморацијата на жртвите од конц-логорот Матхаузен (втор по големина после Аушвиц) и каде многу објекти (дел од бараките за логорашите, крематориумите, па дури и огромен бетонски базен за изметот на логорашите), сеуште постојат!
 
   Комплексот на овој логор е преполн со споменици од земјите од каде потекнувале ликвидираните Евреи. На наше упорно инсистирање од надлежните во логорот што денес е спомен обележје под заштита на државата Австрија, обезбедивме и Македонија да постави споменик во почит на загинатите Евреи (потомците на брачен пар Евреи, кои успеале да го сокријат своето потекло од нацистите, а чија романтична врска започнала токму во логорот Матхаузен и денес живеат во Скопје). Ни беше речено буквално: "Донесете споменик, а ние ке обезбедиме место каде да го поставиме"  (Само за информација: Aлбанија во Матхаузен има поставено гранитен обелиск висок најмалку седум метри, а споменици имаат речиси сите нам соседни земји)!!!  Праќавме дипломатски депеши до Министерството за надворешни работи на РМ, Сојузот на борците на РМ, Музејот на холокаустот во Скопје но, на жал, не добивме ни елементарна повратна информација, а камо ли некое спомен-бележје.
 
   Ете такви сме ние - без елементарно чувство за државност и почит кон минатото и кон нашите неброени страдалници.
 
М-р Мартин Треневски, Поранешен министер и амбасадор
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.