Среда, 29 Март 2023   
Македонците мора да се спротистават на разградувањето на земјата

1svekrvaСвекрва

Од доаѓањето на власт во 2017 година до денес, коалицијата на СДС и ДУИ им го оспори правото на народот да одлучува. Спротивно на вољата на народот изразена на референдум, го сменија името, сега ја менуваат историјата, ги распродаваат националните интереси.

И додека заради  украдена демократија (донесена одлука наместо со 62 да се оди во пензија со 64), народот во Франција со денови демострира и има тешки судири со полицијата, во Македонија народот канализиран од полицијата своето незадоволство го искажува на спортски натпревари.

Околу триесет минути траеше прекинот на ракометниот натпревар помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, поради нереди предизвикани од навивачките групи. Инцидентот лесно можеше да излезе од контрола, поради слабата процена за безбедносниот ризик. Меѓутоа ако се знае дека постоеше зовриена атмосфера пред напреварот, се поставува прашањето зошто не беше спречен инцидентот, освен ако не се сакало свртување на вниманието на јавноста од лошите политики на власта и контролирано намалување на тензиите меѓу народот.

Иако поголем дел од медиумите се под контрола на власта, сепак до пошироката јавност доаѓаат секојдневни информации кои ја дискредитираат власта. Народот веќе нема доверба во корумпирана квинслишка власт, во судството, полицијата, здраството, образованието и т.н. Нема област, нема институција која не е инфицирана и афектирана од оваа болест.

Поради намален имунитет, Заевистите и Артановци лесно ја приграбија законодавната, извршната и судска власт. Како последица на ова, Уставниот суд молчи за промена на уставното име, употребата на јазиците  и т.н. Судот пак ослободува криминалци, додека ги казни драстично уставобранителите. Исто така беа издадени пасоши на криминалци, а постојат проблеми и во здраството и образованието. Има недостаток на учебници, се говори за фалсификувани дипломи, а насекаде за наместени тендери и др.

На површина секојдневно се појавуваа голем број на афери, меѓутоа никој не одговара за нив и  за жал сите молчат. Интелектуалците молчат, народот молчи, а младите гледаат единствен излез што побрзо да заминат од земјата.

На власта тоа и одговара, нема кој да се буни, а за да не ја изгуби работната сила ќе увезува Непалци, Пакистанци, Албанци, Косовари и други. На дојденците воопшто нема да им биде гајле дали некој ја ограбува или ја обезличува државата. Тие со стекнување на одредени права, утре, задутре, дури ќе им помогнат на власта целосно да ја растурат државата на македонскиот народ.   

Македонците мора да се вратат на вистинските вредности, мора да ја вратат демократијата, мора да застанат на вистинската страна на историјата и да си го обелат образот, како што тоа го направија нашите претци за време на Втората светска војна. Не смееме да дозволиме ширење на повампирениот нацизам во земјата.

Македонците немаат резервна држава и мора да се спротистават на разградувањето на земјата. По секоја цена, што побргу, ова власт мора да се натера да оди на предвремени избори, а потоа со пенкало во рака, СДС и ДУИ, да се испратат на буништето на историјата.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.