|
|
Таќе потпиша погубна зделка |
Рубинчо Видое Јованоски Пред неполн месец македонскиот премиер Димитар Ковачески – Таќе и неговата свита со многу помпезна радост го потпиша договорот за изградба на коридорите 8 и 10 со странскиот конзорциум “Бехтел и Енка“, во вредност 1,3 милијарди евра со цел подобрување на патната инфраструктура во нашата држава. Имено, со договорот ќе бидат опфатени 4 делници – коридорот 8 кој се протега на должина 68км, со автопат со 6 ленти, а ќе го поврзува Тетово и Гостивар, Кичево – Струга и Ќафасан и коридорот 10 , исто така автопат со 6 ленти, во должина од 40км кој ќе се протега од мојот роден град Прилеп до Битола. По потпишувањето на овој мега договор Таќе нагласи дека истиот бил со примеси на транспарентност и одговорност. Просто, човек да се сомнева дека овој проект ќе ја види светлината на денот без корупциски скандали. Таќе кој го наследи “Муртинчето“, со иницијали З.З. кој со сите негови потпишани договори го билдаше своето финансиско конто, реално е да се очекува и Таќе да оди по неговите стапки. Во оваа прилика само да потсетиме дека актулената извршна власт нема направено ниту километар од автопатот Кичево – Охрид, а за железничкото поврзување со Бугарија е мислена именка во актуелниот период. Таќе го потпиша договорот и почна повторно да лобира за внесување на бугарите во преамбулата на уставот на Република Македонија. На крајот Таќе треба да оди во кабинетот на Артан Груби каде се вежба и игра фудбал вежбајќи ги и следствено на тоа јакнејќи ги мускулите да биде голман кој тешко ќе може да ги одбрани ударите на Груби и неговите истомисленици и можеби ќе прими гол со пета каде во минатото нагласи сега упокоениот Амди Бајрам кој во тогашно време се однесуваше за лицето Б.Ц. Дипл. ЕКК Рубинчо Видое Јованоски Новинар и пороанешен одбојкарски судија д Прилеп |