Среда, 05 Април 2023   
Предпразничен монолог: До Мис Стоун, од госпоѓата Катерина Македонска

1Marija Kukubajska Проф. д-р Марија Емилија Кукубајска

Предпразничен монолог: До Мис Стоун, од госпоѓата Катерина Македонска

1miston

Стани, другарке стара, партнеру во доброто против злото. Дојди, види Мис Стоун, ќе препознаеш ли кои се новите тирани на овој страотно оттуѓен, одново раскинат, тајно завојуван свет!? Ти со Јане Македонски и дружината негова, се молеше за слобода и правда. Ќе ги разбиреш ли и денес непријателите на ослободителите? Лажни богови одново владеат со народот? И сега ја арчат и парчат Македонија, од сите страни ја делкаат. И по 122 години од твоето сведочење за Бог на Балканот, арамии се нафрлаат, не од каде месечината се раѓа, туку од каде лажно сонце пржи и распаѓа се’, иако сепак ќе паѓа завиено во свое знаме на темнината. И сега, ново наострена, прастара завист, со безбожни армии јава, лукаво, пакосно. А јас, со правнуците искачена на светски мегдан, со стар вокабулар ти пишувам, со алгоритми на вистината современа, и трајна. Ти беше запатена од запад да шириш нова верба од твојот свет, во нашиот прастар, прв христијански, македонски народ на Европа.   

И по најнеправедни војни во 20ти век, дојди, увери се дали човештвото се устрои по ветуваниот најдобар тек!? Ќе препознаеш ли нова борба за доброто на светот, за светото на Македонија, ќе се бориш ли сега и самата ти против ново ропство што не запоседна, да не погуби. Гледаш ли? Мојот народ и земја и сега го окупираат, а во име на човечноста! Ќе биде ли храбра совеста на твојот свет, да им пренесе на водачите од другата страна на Големата Вага, дека Голема Лага овде мери само за свој интерес, не по човечни и не по Божји вредности. Голема кражба ја врти и вие Македонија, ја запрашува со коктел-болести, ја соли со отровна пепел, ја погребува во глобални експерименти, а од преживеаните прави робови на хибридна лигатура, демократска диктатура.      

Ќе бидеш ли и сега, во име Бога, на страна на правдата? Дали вистината сеуште не е истината во твоето срце, зашто токму во твојот свет - срцето, свеста отпочна обезбожување. Ќе можеш ли и денес да кажеш, без да излажеш пред Вселената и пред освестената планета, дека не си непријател на човековите права, дека си како и некогаш - лојален пратеник во собранија на светот, верна на човечноста - ако таа е со вечноста исконска, ако не е синтетизирана, девастирана, демонизирана од доминации. Стани, Елен Стоун, биди чесен гостин на потомството на Македонија, на Пиринскиот Цар Сандански, на народот на светскиот Гоце Делчев Македонски. Заедно, без страв да славиме празник на универзалниот, космичкиот триумф  на Богочовекот Христос, да се уверуваме дека трагедијата не’ учи на истрајност, помирување во разликите, мир во слободата ... Воскресение.

Заедно, одново да бидеме соборци за правда, иако сега наводно бескрвни биле арените на победените, а наводно непобедените – крвави сцени местат за најнова македонска апокалипса. Големи риби одново се мрестат тука, ги голтаат, распарчуваат помалите. Наводно големите риби вештачки интелигентно зборуваат, убедуваат дека во суштина ги штитат малите. Но, ние мудрите знаеме: нема мали народи ни мали земји, туку само мали луѓе, малоумници, малодушници, малограѓани, малтретирачи, малверзатори со човекови и природни и историски богатства.

Гледам и јас, и на тебе не ти е добро веќе, ти се смачува од ненаучени, извитоперени лекции за Каин против Авела. Некогаш ти нас не’ убедуваше да веруваме во доброто потекнато од твојата страна. Сега, кога одново е отворена македонската рана, ти подавам рака, мис Стоун, соземи се, стани, види, ние и денес сме овде, храбар, умен, убав народ, а од вештачки монструми прогонуван. Но, ќе преживееме, после челични чекичи и стари кремен камени наковални. Продолжуваме да докажуваме вистина умртвувана од агресори, но зачувана во записи по небесни енциклопедии без облаци и без самраци. Доаѓа нашето здраво, златно време, неодвеано од светски ветерници, зачувано во сончева моќ, против смртоносна ноќ на Ѕверката што допрва ќе паѓа во сопствени кругови на хаосот. А ние и нашите борци за сопствена градина под сонцето, во хор на ослободените – ќе пееме за одбрана на Македонија, и ќе бдееме од сите светски страни. За Македонците, со сите други народи – напред! Кон нови договори за безусловно постоење. А наоколу, и понатаму, и насекаде - судири нечија сувереност ќе бодат, и дигитални, абнормални војни ќе се водат со науки и уметности на убедувањето. Но, Македонија ќе остане ненадмината матрица на моќта на докажувањето дека Е - македонска, античка, старословенска, и нова, светска.    

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.