|
|
Свекрва : Коров кој ја опустоши Македонија! |
Свекрва Во пописот од 2002 година беа попишани 2.022.547 лица, а во 2021 година во земјата беа попишани 1.836. 713 жители. Што значи дека во последните две децении земјата изгуби околу 200.000 луѓе. Меѓу главнити причини за ова иселување се смета дека е слабиот економски раст и недостатокот на инвестиции, но никаде не се спомнува анархијата која владее во земјата. По воениот конфликт во 2001 година, разни паши, бегови, аги и нивни вазали, ја управуваат и ја пљачкосуваат земјата. Но тие се недопирливи за органите на прогонот и правосудните органи. Откако ја опустошија земјата, малку им беше што по разни основи влечат средства од намерно пролонгираните изградби на патишта, сега си ги зголемија и платите. Додека поради инфлацијата здраствените работници и пензионерите добија минимални покачувања (здраството од 2-3.000 денари, а пензионерите само 8.4%.) власта со помош на Уставниот суд, оној истиот кој збор не кажува за повреди на Уставот, си ги зголеми платите за 78%. Споредбено еден пензионер од најниската категорија ќе зема околу 200 евра пензија, а некои високи функционери ќе земаат плата поголема и од 2.000 евра. Со оваа одлука треба да им се зголемат платите на уставните судии, премиерот, претседателот, собранискиот спикер, министри, заменици министри, градоначалници, директори на агенции и т.н. Сосема е небитно дали некој ќе намали бод за пресметка или некој ќе се откаже од покачувањето, иритацијата кај народот е голема. Како некој намерно да ја подгрева атмосферата во земјата. И додека Али Паша–Зајашки, Артан бег–Скопски и нивните вазали од СДС пируваат, од земјата тивко се иселуваат Македонците. Оваа ситуација не се разликува многу од средината на 18 и почетокот на 19 век кога владееше еден друг Али Паша-Али Паша Јанински (1741 - 1822). Тој е османлиски феудалец од албанско потекло, паша на Јанина, кој потоа се одметнал од централната оснманлиска власт. Станал независен владател Албанија, Епир и Мореја, а потоа власта ја проширил во Македонија. Меѓу народот останал запаметен како зулумќар. Поради зулумите на Али Паша Јанински и други паши, како и анархија која владее во Македонија во овој период. народот се помасовно бега од селата во градовите, а тие што имаат можност се иселуваа надвор од земјата. Очевидецот на оваа анархија, францускиот патеписец Оливие, кој заедно со Бригиер патувал по Турција во 1793 – 1798 година во врска со ова пишува: „Селското население пренатрупано со даноци, несигурно за своите имоти и животи, неусетно ја напушта земјата, која неможе повеќе да ги храни, и заминува во големи градови да бара спокојство што го загуби во колибите, и да бара нов живот каков што неможе да најде повеќе во обработувањето на земјата. Пашите дури бараат исти давачки од оние што останале и ги тераат да плаќаат и за оние селани што избегале; последица на тоа е што сите жители исчезнуваат за кратко време и ги напуштаат селата засекогаш. Нема ниеден дел од империјата, вели Оливие, што се наоѓа малку подалеку од престолнината, а да не преставува слика на пустелија; големи полиња остануваат необработени, колиби и села разурнати и опустени“. (П.И. Милев, цит. статија, 34). За несигурноста што владеела на патиштата во Македонија во ова време и за нападите на разновидни пљачкашки банди пишува не само „Новине Србске“ од 22 I 1838 година, јавувајќи дека на планинскиот дел на Кресна разбојниците ја нападнале поштата и зеле 20 ока злато, сопственост на серските и солунските трговци, туку за тоа пишува и австрискиот конзул во Солун во својот извештај од 5. IX 1853 год. Во кој вели дека „разбојничко зло и натаму се размножува во Македонија и ги кочи комуникациите“. Не само што бил нападнат карван од 100 коњи кој на патот од Неврокоп одел за Тракија, туку вакви напади ималу многу. Сето тоа од своја страна ги терало македонските трговци не само да одат во поголеми групи, туку на тие опасни патувања уште и да се маскираат, да се пресоблекуваат во Турци, па дури и да ги менуваат своите имиња во турски. Така Хаџи Кочко од Скопје за време на патувањето добил муслиманско име – Беќир; Хаџи Зафир – Џафер; Хаџи Коста – Ќерим; Хаџи Тасе – Таир и т.н. Денес власта е коров која ја опустоши Македонија. Таа мора да замине од власта, за да може да се опорави земјата. |