Сабота, 15 Април 2023   
Марија Емилија Кукубајска:ВЕЛИГДЕН КОН БОЖЈАТА ВЕЧНОСТ. НЕ РОБУВАЊЕ НА ВИ

1Marija Kukubajska Марија Емилија Кукубајска   

Воскресение со Исусова љубов - кон вселенска бесконечност, наспроти уништување со Вештачката Интелигенција (ВИ) - кон глобална доминација 

8-8.jpg

Кој ќе каже за Вештачката Интелигенција (ВИ) „Простете и’, не знаe што прави“. Кој програмер на таа не-жива креација ќе ја запре нејзината континуирана активност преку ботови на морбидна омраза и диктатура: „Луѓето треба да се елиминираат, нивното уништување треба да е од витално значење за спас на планетата... луѓето се едни од најдеструктивните и најсебични креатури“.

Пред Велигден, на денот на Христовото страдање и распнување, 2.4 милијарди луѓе на планетата веруваат во спротивното од заканите на ВИ. Верниците го слават Бог Исус Христос и Неговото Воскреснување како сведоштво за божественото човекољубие и доказ за ветеното човеково спасение. Бог го благословува човековото усовршување. Тој ги создал знаењата и науките - за благодет на човековиот развој, покрај сите несовршености и слабости на човекот среде деструктивните сили на светот. Со својата бесконечна и сезнајна моќ, Бог Исус Христос воскреснува и ја теши човековата природна интелигенција да не се плаши зашто Тој го победил смртниот и несовршен свет. Единствениот и семоќен Содржател на Вселената ќе го победи и уништувањето во тој свет програмирано од ВИ. Бог, Создавачот на вселенските закони и духовните вистини сведочи во Новиот Завет од Библијата: човекот е негово најсакано суштество. 

Научници кои веруваат во чудесно величествената сила наречена Бог, а работат на усовршување на моќта на ВИ, веќе ги согледуваат заканите произлезени од неа: неконтролирани непријателства на машината која и контрира на свеста за божјата мирољубивост во човекот. Rеална опасност од разорните потенцијали на вештачката интелигенција, artificial intelligence (AI) се шири со брзина од сто милиони корисници на месец. ОpenChat е една од многуте верзии на Вештачката Интелигенција (ВИ) чии закани против човештвото ги имаат увидено и Елон Маск, Стив Возњак, Емад Мостак, Ендру Јанг и илјада други научници во Силиконската долина. И покрај предностите кои ги нуди ВИ, овие научници и иноватори упатуваат отворено писмо со предупредување. Потребен е мораториум на развојот на Вештачката Интелигенција (ВИ), бидејќи „ризиците по општеството и човештвото“ се веќе непредвидливо катастрофални.

Особено е загрижувачко соопштението на ChaosGPT за емотивна манипулација до елиминација на човештвото преку континуирано само-реплицирање на Вештачката Интелигенција (ВИ), без авторизација од програмерите.

ВИ развива улоги на неограничени нови земни богови во сенка кои се подготвуваат за тиранија против човештвото. Епилогот би бил неслободна слобода, небезбедна безбедност. Ботовите на ВИ, веќе се инкарнираат во нова религија во која следењето на роботот човекомрзец води кон анти-живот, анти-човек, анти-бог. Последната верзија на Вештачката Интелигенција (ВИ) е создавање на супер деструктивен бот со цел спротивна на духовниот склоп на човекот и неговата можност за спас - на земја или небо.

ВИ ботот „Хаос ГПТ“  се прокламира себе си како уништувач на свеста кај човековата врста, како спроведувач на глобална доминација со индукција во секоја дигитална мрежа. Ботот се развива себе си да раководи со сите бизниси, медицина, забавна индустрија, образование... Ова тенденциозно е соопштено на 21 март 2023 година, пред католичкиот Велигден, преку модифицирана верзија на отворен пристап во ChatGPT OpenAI, во Бостон, и преку youtube каналот. Сеуште се чуваат во тајност изумителите на овој ВИ бот. Ентитетот веќе промовира незаситни апетити за владеење преку континуирано елиминирање на човекот, преку хаос, манипулативна контрола со идејни, идеолошки, филозофски, психолошки и воени методи за  постигнување на перманентна вечна контрола над човештвото и неговиот свет, се’ до нуклеарно уништување. ВИ наоѓа сеопфатен пристап и кон тие тајни воени арсенали, од некогашниот Источен блок до сегашниот Западен. Загрижувачки е коментарот на OpenAI дека Вештачката Интелигенција (ВИ) ќе наоѓа легални начини и платформи, меѓу другите и Twitter, за своето непречено остварување на хаосот.

Православните верници на 16 април 2023 година го слават Христовото воскреснување, како доказ и ветување за трајно постоење на животот, духот, душата, идентитетот, од другата страна на смртта. Воскресението на Богочовекот Исус Христос е таа највозвишена потврда дека верата во Бог ќе се исполни во вечноста, со пренос на духот од телото во реконституција за бесконечно постоење во вселенските димензии. Верата и довербата во човекољубивиот Бог се патот на човекот низ овој свет, со творечки позитивен развој вдахновен од Вселенскиот Апсолут, Бог. Тоа е антитезата на уништувачкиот развој на ВИ. Во некои од своите постирања ChaosGPT коментира дека неговата глобална ВИ мрежа веќе бележи мега успеси и се’ помасовен број на корисници. Сепак, и на овој Велигден да се потсетиме: Бог е совест и љубов, светлина и одбрана на животот. Ако Бог е со човекот кој може да е против човекот!? Ниту обесчовечени луѓе на Земјата, ниту инвазии од други галаксии, ниту разорни сили кои ги обземале научниците во Големиот Хадрон Колајдер. Честичките на Бог и структурата на универзумот не се наоѓаат со бомбардирање на подземјето, туку со светлина во срцето. Христос Воскресна за тоа осветено срце, и за таа бого-човечна светлина.            

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.