Среда, 19 Април 2023   
Свекрва:Дурдеџии на 21 век!

1svekrvaСвекрва

Во 2001 година албанските екстремисти, подоцна борци за човекови права, ја преминаа македонско-косовската граница и ги нападнаа македонските безбедносни сили. Тие го направија истото како што пред повеќе од еден век го правеа нивните претходници, Арбанашките разбојници кои го преминуваа Дрим и ги напаѓаа македонските села.

1ue21.jpg

Нападите во 2001 година завршија со Охридскиот рамковен договор со кои Албанците се стекнаа со одредени права. Но, за нив тоа никогаш не беше доволно и секогаш со помош на СДС ги зголемуваа привилегиите, поголеми отколку што има било кое друго малцинство во земјата, па и во соседните држави.

Овие т.н. дурдеџии на 21 век, денес бараат уште повеќе од својот коалиционен партнер за да им ги сочуваат позициите и имотите на челниците на СДС. Тие склучуваат договори со СДС какви никаде во светот нема. Тоа се договори за исплата на класичен рекет, со цел да се сочува мирот. Тоа се договори со кои малцинството владее со мнозинството.

Оттука тие ја користат секоја прилика да ја понижат македонската власт и држава. На пример, иако македонскиот е единствен јазик за надворешна комунукација, неодамна министерот за надворепни работи Бујар Османи на официјална средба со министерот за надворешни работи на Шпанија Хозе Мануел Албарез зборувал на албански јазик. На локално ниво, пак градоначалникот на Тетово Билал Касами го пречека косовскиот премиер Албин Курти со зборовите: „добредојдовте во Тетово, албанскиот главен град на Северна Македонија!“.

Дел од Албанците без разлика на партиска припадност не го почитуваат уставот и законите на земјата и на локално ниво. Некои од нив сметаат дека не треба да плаќаат даноци (ревизорски извештај за Арачиново), други сметките за струја (информација од ЕВН за Грчец) и т.н. Албанското знаме пак се вее насекаде во земјата спротивно на законот за употреба на знамињата на заедниците во службениот и јавниот живот.

Челниците на СДС, како партија на власт, ниту збор не кажуваат за осуда на  ваквото однесување на Албанците во земјата.  Молчат денес, како што молчеа и за време на локалните избори, кога преставници на нивниот коалиционен партнер ДУИ, Кичево го прогласија за „воен плен од 2001-та година“ и дека таму не доаѓало предвид Македонец да биде градоначалник. Или, пак, предупредувањето на Али Ахмети до Албанците, за ризикот од тоа да се дозволи Македонци да одлучуваат за „албанскиот град Гостивар“.

Некои аналитичари сметаат дека денешната засилена националистичка реторика на преставниците на албанските партии, е во контекст на евентуално предвремените или редовните парламентарни избори, но и да се изврши притисок за уставните промени, за да се внесат Бугарите, што би го откочило процесот за влез на земјата во ЕУ. Но она поради кое Албанците вршат пририсок за промена на уставот не е влезот на Македонија во ЕУ туку да се избришат 20 отсто и да се заменат со албански јазик... Со тоа ќе им го отвори патот на денешните „дурдеџии“ кон нивната крајна цел, федерализација и поделба на земјата.

Денешните „дурдеџии“ и состојбата во земјата не се разликуваат речиси по ништо од оние на почетокот на 20 век. Еве што пишува белградска Политика од 8 април 1908 година за тогашните дурдеџии:

„Сеуште сосема не се истопил снегот а нам ни се јавија нашите вечни гости. Некои на повик, некои по своја воља, а многу повеќе од нив со сила, – Арнаути. Водат преговори со нашите села од оваа страна на Дрим и се договараат. На многу места овие договори се завршени и важат цела година. А чудни се овие договори, нив никаде на светот ги нема. Во една барем по името, држава, каде има војска, полиција и власт, би било смешно готово апсурдно да уште некој се јавува како заштитник на личната и имотната безбедност на поединецот. А тоа кај нас не ние смешно, ни чудно, тоа е дамнешен обичај кои поради невоља мораме да го одржуваме. Овде нема ни војска, ни полиција, ни било каква политичка власт. Навистина таа формално постои, но за неа никој не води сметка. Овде заштитата е, ако така може да се каже организирана сосена поинаку, како приватна установа.

Преку Дрим почнуваат населбите на полудивите арнаутски племиња на кои главно занимање им е лов и пљачка. Чим дојде пролет и озеленат горите  веднаш нивни чети ја преминуваат реката Дрим и напаѓаат на наште села. И ако се дивјаци не се толку крволочни и дури во нужен случај проливаат крв. Главно им е неприметно да се приближат до селата, или во летото до стоката во планината, па да фатат и потераат колку што ќе најдат. Се случува многу често да за време на летото наеднаш да ја потераат целата селска стока која ќе ја најдат на куп на пасење и тогаш настанува прогон и пушкарање со нив се додека на го премит Дрим. Меѓутоа, многу е тешко вечно да се биде внимателен и на стража и да се одбиваат вакви напади.

Затоа нас од одамна неволата не терала да бараме нарочити луѓе, на кои тоа ќе им биди работа, и така настанале „дурдеџии“. И тоа се нашите гости со кои секоја година се договараме.

И дурдеџиите се мала чета Арнаути кои за годишна плата му служат на селото, ги одбиваат нападите на други разбојнички чети, спречуваат кражби и истражуваат и ја повраќаат украдената стока. Како и секои други мајстори така и тие се разликуваат, ги има познати, јаки, со одбрана дружина, која селото мора скапо да ја плати, ама затоа е обезбедено. И кога дурдеџииите еднаш влезат во служба тогаш ќе се тепаат и колат ако е потребно  и со родениот брат кој тргнал да направи штета на тоа село. Дурдциите имаат своја јака организација и разгранати врски, па можат однапред да знаат за секоја подготовка и поход и лесно им е да го одбијат.

Иако кражби има многу, а ќе бидат се додека има прекудрински Арнаути, убиствата се многу ретки. Тука ги има многу помалку отколку источно од нас, во гостиварската и тетовската каза. Таму арнаутските одметници се многу покрволочни. Ним, главна работа им е уцена на нашите села, и за да дојдат полесно до неа тие мораат да убиваат, колат и мачат, затоа таму има повеќе убиства, исто таму се извршени злочини многу пострашни отколку било каде во Македонија. Најсвирепите арамии често пати се во договор со турските власти, само одат од село до село и собираат даноци. А колкави се тие намети може да се суди по тоа што најмалото село мора да плати по 100 – 150 дукати за да се ослободи од казна и од крв.

И така кај нас годината почнува страшна, крвава година, чии почеток е од Косово и кој знае кога ќе биде крајот.(Гал.„Годината почнува!“, Политика, Белград, 8 април 1908 г.)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.