Среда, 26 Април 2023   
Власт, корупција и лаги!
1svekrva Свекрва

Високата корупција во земјава ја уништува државата. Поради длабоко вкоренетата корупција безбедноста на земјата е нарушена и Македонија како држава може да исчезне од европската карта.

Иако Опозицијата повеќе пати предупредува за постоење на корупција во земјата, САД и ЕУ не превземаат никакви чекори за да ја раскринка актуелната власт. Со тоа, тие ја поддржуваат коалицијата  на СДС и ДУИ, но и ја нарушуваат стабилноста на јужното крило на НАТО..

Во 2017 година СДС и ДУИ дојдоа на власт и од тогаш до денес, нивното владеење е исполнето со многу лаги и сомнежи за корупција (злоупотреба на службената положба за остварување на незаконска приватна добивка). Почнаа со „План за живот во Македонија“ и ветување од 600 милиони евра во првите две години за изградба на патишта и завршување на автопатот Кичево – Охрид, кој почна да се гради во 2014 година.

Власт, корупција и лаги.

Неколку години потоа, на почетокот на 2023 година, премиерот Димитар Ковачевски, кој го наследи Зоран Заев, се пофали дека „во последните пет години биле изградени 1.300 километри нови патишта и дека бил изграден автопат Кичево – Охрид долг 57 километри“. Меѓутоа, реалноста е сосема друга. Оваа власт, освен распродажбата на националните интереси, речиси да не успеа ниту десетина километри да изгради од овој автопат. Да не говориме за други патишта и пругата кон Бугарија и Албанија.

Сето тоа, кај народот предизвикува сомнеж за висока корупција. Особено договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорот 8 и 10 д, чија вредност изнесува повеќе од 1.3 милијарди, а како што проценуваат експертите од оваа област, крајната цена ќе достигне до неверојатни 3 милијарди долари и кој власта го крие од јавноста, предизвикува голем сомнеж.

Некои партии од опозицијата јавно соопштија дека имаат „сомнежи за корупција од големи размери“ и побараа целосна транспаретност и ревизија на досегашните активности, за што беа обвинети од власта дека се против САД и ЕУ. 

Всушност ако некој има нешто против САД и ЕУ, тоа не е опозицијата, туку се преставниците на актуелните партии на власт, СДС и ДУИ. Тие овозможија корупцијата да пушти длабоки корени во земјата, со што сериозно го попречија нормалниот развој на државата, и ја поткопаа демократијата и доброто управување во земјата.

Таква корумпирана држава никој не посакува во ЕУ.

Од друга страна, корупцијата го намали и институционалниот капацитет за одговор при разни кризни ситуации, што пак има безбедносни импликации, меѓудругото и стабилноста на јужното крило на НАТО.

Иако корупцијата ја поткопа легитимноста на владата и опозицијата бара предвремени избори, власта упорно инсистира да го истера својот мандат до крај. Едноставно се плаши од гневот на народот и дека тој ќе им пресуди за корупцијата, криминалот и лагите.

Но, за жал народот засега молчи и толерира.

Наместо да се соочи со проблемот и да започне борба за да ја поврати демократијата, тој избра да бега во странство, со што и се овозможува на оваа власт да ги продолжи своите деанија против националните интереси и интересите на САД, ЕУ и НАТО.

Сепак се има крај и оваа корумпирана антимакедонска власт еднаш ќе си оди.

Ќе престане власта, ќе престане корупцијата, ќе престанат и лагите, но ќе има одговорност и повеќегодишни казни. Со оглед дека денешните затвори во земјата не ги исполнуваат европските стандарди, редно е барем власта ако ништо друго нема изградено, барем сама да си изгради комфорни затвори.     

Само тоа нека биде некој нов „Голи Оток“ во Мариово, каде како воспитна мерка ќе кршат камења повеќе од 60 часа неделно и ќе научат како се градат патишта со свои капацитети.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.