Среда, 03 Мај 2023   
СПОРЕД ЕДНА НОВИНАРКА: СКОПЈЕ ДА ТИ БИЛ "ПРЕСТОЛНИНА НА КИЧОТ"!?

1martin1

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

(ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 197)

Две теми ме мотивираа (да не речам: ме испровоцираа) да реагирам, иако бев одлучил малку да апстинирам од пишувањето свои лични ставови и погледи на нештата што не опкружуваат и секојдневно ја тормозат македонската јавност дома и се разбира ширум раселена Македонија.

Прво, за фамозниот проект за автопатиштата што предизвика - со полно право - ураган од негативни реакции во македонската јавност. Што се’ се изнаслушавме од узурпаторите на власта во земјата (коалицијата ДУИ-СДС и нивите сателити), но апсолутно го делам мислењето дека станува збор за до сега невиден криминал, грабеж, корупција и какви уште се не беззаконија!!!

Многу нешта се речени и допрва ке излегуваат на виделина за самоволието и алчноста на ненародната коалиција ДУИ-СДС, но немам сомнеж дека се работи за огромен грабеж, а цехот ќе го плаќа и враќа народецот наш осиромашен, понижен и омаловажен. И тоа со генерации што следат после оваа - сегашнава.

Па како не би се сомневале во криминалот што ни го претставува власта кога, на пример, ќе направиме спопредба колку чини модерен автопат што истиот тој американско-турски конзорциум Бехтел и Енка го граделе во непосредново соседство?

Ако кликните на Гугл, на пример, и запрашате: "колку чини изградбата на еден километар модерен автопат" да речеме во Швајцарија, ке добиете информација дека чини 5,5 милиони евра! Споменатиот конзорциум и во соседна Србија граделе автопатишта, но еден километар таму чинел над осум (8) милиони евра. Но конзорциумов да ти градел модерен автопат и на Косово и тоа според речиси идентични услови како овој кај нас и по иста цена! (една милијарда и триста милиони евра)?

Кутрите косовари (а сосема сигурно и таму се работи за криминална зделка) сега не знаат што да прават со автопатот бидејки има три-четири ленти, а кај нив ни од далеку нема толку возила за да го користат.

Радува енергичната реакција на опозицијата што мора да резултира на корекции во реализацијата на проектот.

Да не заборавиме дека и македонските градежни компании се маргинализирани и нивното учество е речиси симболично во реализацијата на овој фамозен проект, но затоа актерите од споменатиот картел смислиле да носат работници од Пакиснан, Авганистан, Бангладеш...

Немам никаков сомнеж дека стотици милиони евра ќе се одлеат (доколку не се спречи овој грабеж) кај партиите од владеачката коалиција ДУИ-СДС за купување гласови за претстојните парламентарни избори.

Но не исклучувам дека некое милионче ке се слее и во некои приватни џебови (сопругата на премиерот Димитар Ковачевски учествува со 28 милиони евра (како што тврди тој) од "сопствени средства" за некаква инвестиција за производство на соларни панели, а јавно го прашувам Таче (таков му е надимакот): да не е мадам Коваческа арапска принцеза или роднина на Илон Маск, Бил Гејтс и ним слични? Ќе треба еден ден да дадеш одговори на овие прашања Премиеру наместен на таа позиција од длабоката држава и тоа без избори!!!

Впрочем, се поставува прашање и улогата на длабоката држава во оваа ујдурма со автопатите на Бехтел и Енка, бидејки не можжам да прифатам дека целиот аранжман (демек договорот за изградба на автопатите), не е диригиран  од некој центар на моќ!

Второ, Го читам коментарот на почитуваната писателка и коментатор Кица Колбе (нашинка која живее во Германија) под наслов:"Славата на Скопје како престолнина на кичот" во кој фрла и дрвја и камења на целиот проект "Скопје 2014".

Кица, те ценам како интелектуалка и коректна и добронамерна во своите видувања и коментари, но мислам дека овој коментар навистина не ти е на место - задоцнет е и тенденциозен до бескрај!

Пред се, уште старите Римјани рекле дека за вкусовите не треба да се дискутира!!! И Ајфеловата кула своевремено не им се бендисувала на Парижани и голем дел од нив сакале да се сруши по завршетокот на Светската изложба заради која и била изградена. Но Ајфеловата кула денес е главна атракција на Париз што привлекува милиони туристи кои оставаат огромни приходи на Париз и Франција. Понатаму, скоро 10 години поминаа од комплетирањето на проектот "Скопје 2014" и дури сега доживеа "Еурека" и  ти дојде инспирација да критикуваш што е изградено во рамките на овој проект! И да те прашам Кица, што мислиш Дали Скопје требаше да го оставиме како турска касаба со кепенчиња од кал и неколку пристојни објекти што ни останаа несрушени од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, изградени во "прво српско", т.е. во кралска Југославија.

А кога веке сме на оваа тема, да те прашам и за следново" што направија овие - сегашнава власт на коалициата ДУИ-СДС за седум години колку што се на власт и прокрадоа над 25 милијарди евра?

Кажи ми Кица барем еден капитален објект. Нема, почитувана Кица, едноставно нема, осем некои крпеници овде-онде. Дури готов објект поранешниот наменет за градското собрание на Скопје поранешниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов го продаде во бесцење за 11,5 милиони евра (а ни денес не се знае каде завршија тие пари), бидејки - го цитирам "Не можел да поднесува барок".

Не спорам дека има и промашувања во проектот "Скопје 2014", па дури и претерувања што и мене лично не ми се по вкус,  но сепак градот заличе на модерна метропола, а самиот факт дека сега Скопје привлекува огромен број туристи и странски посетители по разни основи, е најдобра потврда дека со тој проект е направена добра работа!!!

Свесен сум дека модернизацијата на нашиот главен град најмногу им пречи и на непријателите на земјата однадвор кои не сакаа(т) да ја видат нашата татковина со метропола достојна за почит што рамноправно се носи со метрополите на поголем дел од членките на ЕУ.

Кица, не сакам да поверувам дека твојот осврт за Скопје е политички мотивиран и е во одбрана од лавината напади кон актуелнава номенклатура на власт! која, во недостаток на вистински аргументи за криминалниот договор за автопатите се служи со секакви средства како алиби за своите криминални и коруптивни беззаконија.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.