Среда, 24 Мај 2023   
Марија Емилија КУКУБАЈСКА:НИМРОД И ИЗРОД ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА

1Marija Kukubajska Марија Емилија КУКУБАЈСКА

Свеста ни’ е лансирана против ропствата и новодобствата

Праведните молчат, крадците кријат, ријат и се ладат кај убиствени Семи-Рамиди.  

Полетај љубов наша! Од крилата крв ни тече, но сонцето ни’ златно ќе ги излечи.

Полетај, земи здив од реките и шумите наши, од говор на висините што не’ учеа:

Моќни се вистините за нашата прататковина што ни’ ја ронеа, гонеа, исклучија

од крстилници на Брегалница, од бела Пела, Пелагонија, Охрид, Воден, Кукуш,

Малеш, Пирин, Кожув, Шара, Козјак, до Вардар издишан во Егејско море. Полетај,

одново да пиеме милина од душа небесна, сила да дотече во нашите вени сушени,

никогаш незадушени.

Земи здив, крени се од ропство, татковино љубена, неизгубена.

 

Пееме, те грлиме со ранети крила што кипат рујна, струјна, научна, клучна сила

сочувана во столбови на здрави хромозоми. Не се безизлезни ќелиите, мислата ни’

лета назад кон иднината ветена од природни закони за минато-идно време и име  

на светот со свет идентитет, иако сега обесчестен од суетна, своеволна, трула, болна

власт. Таа ветува со сласт да не’ голта во нејзините вета, да не’ изрешета. Но, ние не

те губиме, продолжуваме. На јаве, во сон - татков дух, мајчин говор ни’ лекува рани

од рѓави ланци и зандани мувлосани. Неправдата свирепо свири: Наши сте, загубивте!

Душманите така убедуваат, но ние не скинавме душа. За нас благородноста е непочината,

непрекината, и по сите сезони на прогони, колежи, пожари. Љубов наша, Македонијо!

 

1lslik

Злато од гол камен. Од Камен Мост до космос, до пламен галаксии. Струни ткаевме,

ѕвезди садевме во себе, за доблесен род и сладок дом и здрава храна за срцето. Доста е

врбата жално да свири, а вавилонски вампири и валкири да играат дионисови баханалии.

Доста веќе црни туѓи сонца греат и очи ни’ вадат од подземни окна. Македонци мои,

исполнете гради со сила на совршеното, со крила на љубовта награденото од Бог. Срцето

кон умни наследства лета, за културен натпревар меѓу народите. Светот на мудрост

прастара лежи: Љубовта кон своето си тежи - во нови гранки среде игранки на ветровите.

Запеј, измачена земјо наша, јазик наш незаборавен. Кремен камен незакоравен, факели

ни’ пали, слобода да вивнеме над крем(ирани) логори. Златно зло да не не’ догори, народе.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.