Среда, 31 Мај 2023   
ПОЕТОТ АЦО ШОПОВ - АКТИВИСТ И ПАРТИЗАН

1Marija Kukubajska Марија Емилија КУКУБАЈСКА

ПОЕТОТ АЦО ШОПОВ - АКТИВИСТ И ПАРТИЗАН 

100 години од раѓањето на Ацо Шопов. Меѓународна конференција,

Универзитет Гоце Делчев, Штип, 25-26 мај, 2023

1aco4

Штип, 1975, прием за Денот на оослободување. Ацо Шопов и неговата сопруга Светлана во друштво со две генерации штипјани: современици и соборци на Шопов, Фируз Демир Назим, висок политички функционер во сојузни и републички органии на СФРЈ, претседател на Организационо-политичкиот собор на Собранието на СРМ; младите поети Ристо Лазаров и Марија Кукубајска и Александар Грличков, претседател на ИС, Собрание на НР Македонија,1961-1964, секретар во ИК на ЦК на СКЈ, председател на Комисијата за меѓународна соработка на СКЈ.

Во 20-ти век, поимот, праксата и продукцијата на идеите анти-фашизам, социјализам, комунизам, фашизам или нео-фашизам, еволуираат, често до спротивставени конотации. Промените во толкување на прогресивното водат кон тези и анти-тези на поимот револуционерно. Напредното во градење на култури и литератури во општествата на Сталин, Мао Цетунг или Кастро, постанува регресивно за Западот, но и за дел од истокот. Пост колонијални поети како Сенгор, се пацифисти свртени и кон современото, Франкофонија, и кон про-националното црнечко движење, Négritude.

1aco45

Пријателот на Ацо Шопов и претседател на VIII Светски конгрес на поети, 1985, Крф, Грција, Сенгор и поетот учесник од Македонија, Кукубајска.

Уметничката мисла на револуционерно ангажираниот Шопов, поетот од т.н. „Титово време“, интуитивно и искуствено се издигнува и ослободува од политизирање на поезијата, иако опева настани од НОВ и ПОЈ. Шопов продолжува да е значаен и актуелен и поради препознавање на опасноста од партизирање на највисоката идеја - љубовта кон слободата. Слободата ја гледа како универзална и лична, идеална и реална, како моќна убавина, како суштина и под златни и под црни сонца, како љубов кон човечноста и правдата, кон татковината, кон македонскиот, мајчин јазик, и кон верата.

1941 година. Ацо Шопов се зближува со гимназиските другари македонци вратени од Србија во Штип, Викторија и Јордан Поп Јорданови. Пробугарски средношколци собрани во фашистичката, анти-македонска организација  Браник, заедно со бугарски превоспитаниот подмладок на нижата гимназија, наречен Орле, се  непријателски клинови во организациските тела на СКОЈ во Штип. Непокорот во СКОЈ пружа постојан отпор и на Браник и на Орле.

Соработници на Ацо Шопов во гимназискиот анти-фашистички отпор, идејност и дејност, покрај Поп Јорданови се и другарките Васка Донева, Мара Минанева, Вера Ацева, Ленче Арсова, Блага Златева, Марионка и Бранка  Лазареви, Блага Јорцева, Вера Цири Вири и другарите, браќата Тошо и Љупчо Арсови (од 1953-1960,  Љ. Арсов е претседател на ИС на Собранието на Република Македонија), Славчо Стојменски, Димче Беловски (претставник на СФРЈ во ООН и амбасадор на СФРЈ во Канада и САД), Александар Грличков, Фируз Демир Назим, евреите Исак и Пепо Сион, Трајко Ставрев, Васил Златев, браќата Михаило и Драган Ивановски и Анѓел Пуздерлиски.                       

Мирната природа на поетот одлучно се вклучува во активности против бугарскиот окупатор во Македонија. Се залага за обновување и отворање на „Читалиштето“ во Штип, основано уште 1872 година. Преку хуманитарни донации се собира и класична и револуционерна литература на повеќе јазици, и покрај диктираното бугарско политичко влијание преку бугарска литература и фалсификувани материјали за фактичката македонската историја и култура. Се прифаќа предлогот на Љупчо Арсов читалната со библиотека во Штип да го носи името на најзаслужниот македонски револуционер „Гоце Делчев“.

За да се оневозможува непријателската бугарска мисија на одродување на македонскиот народ од самиот себе, штипската младина заедно со Ацо Шопов организирано ја сокрива шовинистичката пропагандна литература испраќана во читалната по диктат од Софија. Меѓу членовите на читалната се имињата и на Методи Гогов (подоцна поглавар на Македонската Православна Црква – ОА, 1993-1999), Славчо Стојменски, Ванчо Прќе, Фируз Демир Назим, Тодор Христов, Тодор Гичев, Киро Кукушев и Крум Аџипецов.

Ацо Шопов, заедно со Димче Беловски, Панајот Такев и Вита Поп Јорданова се активисти и надвор од гимназијата. Работат со воспитни групи од  скоевската средношколска и работничката младина. Се шири отпор против окупаторот во сите реони. За да се избегне бугарската полиција и агентите од кои вриел Штип, Шопов и активистите постојано одбираат различни места за состаноци: мали куќарки, оградени чардаци маала, чешми, фурни, излетнички места надвор од градот: Пчеларникот, Суитлак, Каваклија, Новакова Чешма, Л’џи. „Во омасовување и организирање на акциите на скоевските и партиските групи, условите стално се отежнуваат. Убиства, терор, затвори... Заради  конспиративноста бевме принудени да спроведуваме задачи користејќи и семејни поседенки, вечеринки, имендени, приредби, игранки и други свечености. На тие средби вметнувавме однапред приготвени политички дискутанти“ - се сеќава Ленче Арсова.

Шопов соработува и со своите сограѓани Бочваров, Ќелкоцев, Арнаутови, Вера Ацева, Пуздерлиски и еврејката Пава Леви и Матилда Сион, блиска другарка на Вита Поп Јорданова. Читаат Толстој, Иго, Бели Мугри од Рацин,  и политички статии. Се дискутира влијанието и важноста на комунистичката и пролетерската литература врз масовно будење на народните ослободителни движења, се толкува смисолот на напредното во тие забранети материјали, се договара собирањето народна помош за жените работнички...

Ацо Шопов и Фируз Демир се во групата за организирање санитет, лекови, залихи облека, храна од доброволната помош, оружје и гештетнер. Ги чуваат во куќата на Фируз, познат како другарот Еф, и во с. Долани. Со нив соработува и Љупчо Арсов, народен херој и подоцна претседател на СР Македонија, заедно со Ченто потписник на историските одлуки на АСНОМ.     

Мајката на Фируз, омилената тетка Сахибе, ги дочекува за состаноци неговите другари како свои синови и ќерки. Тие ја споредуваат со хероината од романот Мајка на рускиот револуционерен писател Максим Горки. Фируз, како староградски турски раскажувач аматер, често опишува сцени од пазарни денови во Горно Маало и Стар Конак, со епизоди од чаршиски вреви, селани пазарџии, занаетчиски дуќани, налбатски работилници полни со коњи и магариња, секојдневие типично за некогашното балканско, македонско поднебје на една занаетчиско-трговска и земјоделска средина. Таа дарба за прикажување што ја поседува Еф се совпаѓа со личната наклонетост и инспирација на Шопов од неговите доживувања на родниот Штип.

Уште во гимназиски денови Ацо Шопов живописно и мајсторски ги опишува сликите на традиционалниот свет на Македонија кој токму младинците треба да го надградуваат со своите нови светски идеи за напредок. На еден од тие состаноци, Киро Апостолски чита реферат за Илинден, по повод прославата на Илинденското востание. Тоа предизвикува сурови полициски блокади и прогонства, особено од злогласниот бугарски џандар Мане Мачков.  

Другарките на Ацо Шопов, Бранка Лазарева, Блага Златева и Блага Јорцева, се собираат во илегалната соба на Вита Поп Јорданова за нови задолженија: носат шаторски платна и шијат торби за идните партизани во Одредот на планината Плачковица. Од ученичките ташни сечат и шијат патронажни торби. На илегални состаноци кај Даница Кожинкова, Ацо Шопов носи образовни материјали. Иако срамежлив, им ја пее „Македонијо, земјо мила“.

Во визбата на Ацо Шопов е формирана илегална младинска библиотека. Огромна заслуга за обемната набавка на книги има Димче Беловски. Скоевците и воспитните групи ја продолжуваат виталната соработка со Месниот Комитет. Еднаш неделно се одржуваат илегални состаноци за организациска и теоретска работа со младината.

1942, во штипската гимназија се формира младински месечен весник, Искра. Уредник е Ацо Шопов, а за размножувањето се грижи Славко Јовев. Скоевски и воспитни групи, активи на жени и напредни граѓани се јавуваат преку неговите страници. Искра излегува само во 14 примероци, со по четири до шест страници, но неговата содржина се пренесува по целиот град. Среде бугарската окупација се шири моќниот глас на македонскиот јазик на кој е запишана првата револуција на југословенските народи во 20. век, Илинденската, првата република на Балканот, Крушевската, а со тоа и борбата на Македонскиот народ за национална самостојност и државност. 

Весникот Искра престанува да излегува кон крајот на 1942, но во мај 1943 се печати Народен Глас, нов весник на партиската организација во градот на Ацо Шопов. Се објавуваат новости од фронтови меѓу државите, од конфронтации меѓу македонското население и туѓата бугарска власт, се пишува за работници и експлоататори, напредни сили и надминати системи на власт, нацистички и фашистички режими во Европа и на Балканот... Скриениот гештенер во куќата на Фируз Демир на почетокот го умножува и овој весник кој подоцна се печати во планинските скровишта на Плачковица.  

За излегување на Штипската група во партизани, 16ти септември 1943, од Штип, преку Скопје кон Шара, меѓу останатите требало да заминат и Ацо Шопов, Димче Беловски, Васил Златев, Трајко Ставрев, Михајло Ивановски, Бранка Лазарева, Олга Арсова и Стојан Бочварски. Стигнува и очекуваната задача од Главниот Штаб на Македонија, од Темпо. Командантот на одредот го добива задолжението - со партизаните да се префрли и сојузничката мисија составена од четири члена, англиски офицери. Линијата е Пешкопеа-планина Козјак. За претстојното префрлувања на мисијата, одредот врши подготовки, борците се вооружуваат и обезбедуваат облека и храна. Добиени се и три коњи за јавање и шест мазги за носење храна и останати потреби. Англиската мисија е опремена и со радио станица, што е од вонредно значење за одредот.                                                               

Ацо Шопов,  Димче Беловски, Али Шукрија, Боро Чушкар, Исак Сион, Трајко Ставрев, Владо Тасевски, Стојан Бочваров, Ванѓел Мојсов, Гога Смилевски, Миле Луќиќ и Вита Поп Јорданова, се спојуваат во вкупно 23 македонски и косоварски партизани. Се’ до враќање од албанскатата територија преку Кораб, југословенските партизани имаат зајакнување од албанските партизани. По совладувањето на албанскиот терен, одредот продолжил со сопствени снаги. Патот од Албанија до Шара, и оттаму преку Кара Даг до Куманово и Врање, донесува уште една борба, со суровата зима. Англиската мисија безуспешно се обидува да добие храна од авион; имаат само уште шест конзерви пченка за оброците. Патот до Албанија, борбите и пеколното враќање назад е пат на одредот до граници на физичката снага, иако ги крепи вербата во слобода и правда за Македонија.  На враќање од Албанија, другарка на Ацо Шопов, Викторија, е убиена од албанските фашисти, Балистите. 

Ацо Шопов, пред убиството на Викторија Поп Јорданова, крева интуитивна  здравица посветена на неа, единствената жена борец меѓу нив, за нејзиното херојско влијание во идната народна борба за слобода и мир во Македонија.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.