Среда, 07 Јуни 2023   
СДС и ДУИ се рак рана на македонското општество

1svekrvaСвекрва

Војната во Украина се повеќе се рефлектира во земјите на Балканот. Меѓународната заедница го зголемува своето присуство и условува нови односи меѓу балканските земји кои се наоѓаат на т.н. линија на огнот. На Вашингтон и Брисел им се брза да ги застворат отворените прашање на Косово и БиХ, поради што под зголемен притисок се наоѓаат Србија и Македонија.

Во решавање на отворените прашања се вклучуваат политички тешкаши од Западот, кои добро ја познаваат балканската политика. Сепак, тие со своите постапки често предизвикуваат незадоволство кај балканските народи. Но, секое спротиставување на нивните глобални стратешки интереси, се квалификува како застанување на страната на Москва и Пекинг.

Во тој контекст, мнозинството македонски народ го смета за непримерен отворениот притисок од американската амбасада врз опозицијата за да прифати влез на Бугарите во Уставот. Едноставно македонскиот народ е спремен да прифати такви барања само на база на реципроцитет. Но, тоа незначи дека македонскиот народ го отфрла стратешкото партнерство со САД и застанува на страната на Русија и Кина, како што власта знае да тврди.

Од друга страна, Мирослав Додик, претседателот на Република Српска, при неодамнешната посета на Русија упати силни антизападни пораки, претставувајќи го српскиот народ како жртва на западниот хегемонизам. Исто така, тој неодамна објави прекин на дипломатските односи со западните преставници, пред се со американските и британските дипломати  поради намерата „да и се одземе имотот на Република Српска“.

Исто така и Бошњаците имаат замерки на американската политика сметајќи дека тие работат против нивните интереси. Негативното расположение кон Западот кај Бошњаците го зголеми предупредувањето на видни политичари да не му веруваат на Западот кој наводно сакал да ги подели и да ги проголта муслиманите.

Во меѓувреме, насилното влегување на косовската полиција во општините на северот на Косово, за да ги внесе новите градоначалници Албанци, доведе до судири со мнозинското српското население. Со интервенција на припадниците на КФОР се спречи  крвопролевање.

Иако активностите на косовската влада беа осудени од Вашингтон и Брисел, кои ја обвинија Приштина дека не ја слуша меѓународната заедница и бара од неа да дозволи формирање  на заедница на српските општини, некои аналитичари сметаат дека овие настани се потикнати токму од Западот во контекс на демонстрациите во Белград и рушењето на актуелниот српски претседател Александар Вучиќ.

Протестантите во Белград кои протестиратт наводно против насилство,  испраќаат морбидни пораки против српскиот претседател. Отука, Приштина изгледа очекува дека на протестите на опозицијата во Белград ќе се повторат настаните од Украина во 2014 година, кога од плоштадот Мајдан во Киев започна уривањето на тогашниот премиер Виктор Јанукович, кој тогаш одби да го потпише Договорот за асоцијација со Европската Унија.

Сите овие настани неможат да се третираат одделно. Сите имаат заеднички корен и можат да влијаат на иднината на регионот.

Имено, заради остранување на секакво влијание на Москва и Пекинг, меѓународната заедница го моделира Балканот по свој терк. Исто така, заради своите геостратешки интереси, меѓународната заедница воопшто нема разбирање за националните интереси на народите на Балканот. Тие се спремни ако е потребно да поддржат и нови промени на постоечките граници.

Во тој правец. меѓународната заедница постојано има некакви барања од македонскиот народ.   

Меѓутоа неисполнетите ветувања за членство во ЕУ и покрај исполнетите барања за промена на уставното име го доведуваат во сомнеж секое ново барање за влез во ЕУ, како што е најновото за влез на Бугарите во Уставот на земјата. 

Македонија мора да внимава на настаните во соседството и несмее да биде заложник на другите. Македонија не треба да дозволи да биде монета за поткусурување за потребите за решавање на отворните прашања на Балканот:  Косово, Србија и БиХ.

Македонија не смее да прифаќа промена на Уставот, бидејќи секоја промена ја турка земјата се повеќе кон провалија.

СДС и ДУИ мора да си заминат бидејќи се голема измама, рак рана на македонското општество. Се уништија: здравство, образование, економија (земјата е пред банкрот).

Само без нив може да се спаси она што остана од државата, од државата на македонскиот народ.

Само без нив може да се рестартират институциите и воспостави однос кон меѓународната заедница кој ќе не внесе во ЕУ.

Предвремени избори час поскоро е спас од оваа ненародна и корумпирана власт предводена од ДУИ и СДС!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.