Среда, 14 Јуни 2023   
Свекрва: Во Албанија нека заповедуваат Албанците, во Македонија Македонците!

1svekrva Свекрва

По Втората светска војна, на еден дел од територијата на Македонија, се изгради држава на македонскиот народ. По осамостојувањто, под притисок на соседите и нивните спонзори од меѓународната заедница, македонската држава од ден на ден се повеќе се разградува. Во текот на три децении,  Македонија и македонскиот народ беа приморани да се откажат од државно-правните атрибути како што се името, знамето и т.н.

Со промената на името, со бришењето на придавката македонска институција, со впишување на вационалноста како Македонско/граѓанин на Република „С’ Македонија, Македонија станува се повеќе спомен, геогравски поим на територија, од која исчезнува македонскиот народ.  Во таков случај апетитите на соседите кон територијата на Македонија се зголемуваат.

Од тука се зголемени и притисоци Бугарите да влезат од уставот, како и да се острани од Уставот 20 проценти за употреба на албанскиот јазик. Од друга страна, албанскиите партии на власт се обидуваат со свои преставници да влезат во секоја пора од општествениот живот, притоа сменувајќи ги неалбанците од виталните позиции без разлика на нивната стручност. Сето ова води кон разурнување на институциите во земјата.

Примерот со разрешувањето на проф. д-р Сашо Јовев, кој е разрешен од функцијата директор на Државна кардиохирургија, е само еден од многуте. Иако е кардихирург од светски глас, познат по тоа што го предводеше тимот што ги изврши првите трансплантации на срце во Македонија, тој е разрешен поради минорни забелешки, но затоа не им фали ни влакно од главата на албанските кадри, без ралика на нивната нестручност и тешки пропусти.

Особено однесувањето на поедини преставници на ДУИ, нивната недостапност на правдата и покрај индициите за одредени негативни дејанија, предизвика голема недоверба во јавноста.

Отука и барањето на ВМРО ДПМНЕ доколку ја прифати понудата на СДС и влезе во Владата за да гласа за уставните измени за влез на земјата во ЕУ, покрај условеното впишување на Бугарите во Уставот, таа да биде без присуство на ДУИ.

Ваквото барање предизвикува сплотеност кај албанските партии, кои една по една искажуваат солидарност со ДУИ и не сакаат да учествуваат во една Влада предводена од ВМРО ДПМНЕ и СДС. Овој однос може да предизвика нестабилност на политичката сцена и укажува дека на албанските партии не им е многу гајле за земјата, односно дека туркаат друга агенда, запоставувајќи ја заедничката борба и дадената беса на нивните претци.

Имено, формирањето на Влада без присуство на Албанците носи одредени опасности. Носењето на одредени одлуки на Владата без нивно присуство и без решавање на нивно барање за бришење од Уставот на 20 проценти кои се однесуваат на употребата на албанскиот јазик, може да донесе до непредвидливи чекори во правец на албанската агенда.  

Меѓутоа, Албанците забораваат на една работа, на мудроста на нивните претци, кои многу одамна се имаат договорено со Македонците за заедничко остварувањео на целите. Односно обединување на Албанците со блиските Македонци за „канализирање на борбата за национално и социјално ослободување“.

Во „Апел на албанско-македонската револуционерна лига (1887 година) меѓудругото стои:

„Ако ја знаете географијата на Македонија и Албанија нивната мината историја, нивната блискост, обичаи и нивните општи политички интереси, и ако ни верувате нам, одобрете ги нашите дела и во брзо време придружете ни се и дајте ни ја вашата помош.

Сметаме за нужно да ви кажеме дека создавањето овде на “Албанско-македонската револуционерна лига” под лозинката “Слобода или смрт” е единствен пат за да се помогне нашето дело. Ние многупати сме зборувале за тоа, но не сме го исполнувале а сега, на крајот го исполнивме ова дело.

Нашето дело за ослободување ќе го извршуваат Албанците заедно со Македонците, работејќи сложно, без разногласија, според еден устав, под едно знаме и ќе се бориме за да добиеме самоуправа во нашите две области...

Пред се, ве известуваме дека ние не бараме многу: нам не ни треба ни кралство ни кнежевство. Ние не сакаме Албанија и Македонија да паднат под власта на Бугарија, ни на Србија, ни на Грција. Ние сакаме на Македонија и на Албанија да им се даде автономија дури тогаш иако останат и под власта на Султанот. Со еден збор, ние сакаме да си имаме наш суд и наша управа. Во Албанија нека заповедуваат Албанците, во Македонија Македонците....“

Во тој контекст, нема ништо спорно ако албанските партии не се во власта, зошто Македонците ќе се погрижат за нивните права, како што се грижеле во сите овие изминати децении. Никогаш не им било ускратено нивното право, секогаш биле равноправни со македонскиот народ и затоа сега не треба да дозволат да се уништи Македонија и да се избрише македонскиот народ од картата на светот.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.