Среда, 21 Јуни 2023   
Свекрва: Ми заплакало селото Ваташа

1svekrva Свекрва

Ден кој никогаш нема да можат да го избришат од меморијата на македонскиот народ!

На 16 јуни 1943 година, за време на Втората светска војна, бугарскиот фашистички окупатор, на денот на роденденот на цар Борис,  стрела 12 младинци во Ваташа. Злосторот бил извршен во рамките на бугарската офанзива против македонските партизански единици на Третата оперативна зона.

За време на офанзивата од 7 до 16 јуни која беше изведена од три бугарски полка и полициски одреди под команда на полковникот Љубен Апостолов, покрај младинците од Ваташа,  биле стрелани уште околу 50-60 селани (Шивец, 4, Мраморец 5, Дреново 4, Грбавец 5 и др.).

За жал, иако поминаа 80 години од овој злочин, Бугарија не најде сили да се извини, како што не најде сили за се извини ни за холокаустот на Евреите во Македонија.

Одредени политичари сакаат овој злостор да го избришат од историските читанки. Но тие забораваат дека никогаш нема да можат да го избришат од меморијата на македонскиот народ. Овој настан вечно ќе се пренесува од колено на колено, од генерација на генерација, како и преку документите од тоа време.

Во статијата (извештај) објавена во весникот на Поверенство на Главниот штаб  на НОВ и ПО на Македонија бр. 2 од септември 1943 година за настаните од овој период пишува:

„ ...Македонските партизани во тиквешијата за кусо време со своите смели удари по окупаторската полиција, војска и контрачетниците ја спечелија љубовта на својот народ. Лжливата пропаганда на окупаторот за партизаните падна пред делата на партизаните. Окупаторската власт не успеја да го раздвоји народот. Контра-четите ги прајат само издајниците и најдолниот свет. Затоа се нафрли на партизаните со своја сила, 3 полка војска и големи одреди на полиција.

Партизанските единици со вешти маневри му зададоја губитци на непријателот и избегнаа заобиколуванјето, наслонувајки се на поткрепата на сиот народ. Окупаторот не успеја да ги разбије и уништи партизаните, затоа се нафрли на мирното население. Зверствата и грозотилоците што ги напраја окупаторите се равни на оние што ги прајат германските разбојници во окупираните области на Совјетскио Сојуз. Еве ги фактите:

Сите трла, плевни и колиби во полето Праведник се изгорени од војската. Има разрушени куки со бомби во селата Шивец, Ресава, Ваташа и др. Стрелани се 50-60 селани (Шивец, 4, Мраморец 5, Дреново 4, Грбавец 5 и др.). По врф това на најзверски начин, на имениот ден на бугарскиот цар Борис, се убијени 12 души од село Ваташа меѓу кој ученици и деца од 14-16 г.

Они се изнижани со куршуми от картечници па после сечени и дупени со ножој, на некој им се вадени очите, сечени рацете (Васо Аджи Јордановски). Во Кавадарци се стрелани 5 души. Една жена од нив (на 50 г.) е страшно мачена па после убиена. Во Неготино се стрелани 4 души. Во Кавадарци и Неготино вршени се еднодневни блокади.

Низ участаците имат поминато над 100 души, от кој се многумина ужасно претепани. Тука се редат свет од двата пола и најразлична возраст од 14 до 65 години. Интернирани се 35 души од Кавадарци, Неготино и селата. Меѓу интернираните има машки и женски от 15 до 65 години [родители на партизани, мирни селани и граѓани, свет од „Илинденците" и „Бојците"(Се однесува на организацијата „Борци от фронта", во кои беа мобилизирани и Македонци) и невини младинци]. Имотот на партизаните и интернираните е ограбен.

Бидејки и на овие зверства главниот кривец беше полковникот Апостолов (Љубен Апостолов од Крива Паланка, командант на 56-тиот полк во Велес-добро запомнете го за денот на одмаздата) со неговиот полк, мајките на избиените Ваташани дадоја клетва: „Уште еднаш да си ги дадиме синовите на бугарската војска која ни ги тепа децата и мажите, никогаш".

... Окупаторска(та) власт ја скри ролата на војската од Велес, Прилеп и Битола (по еден полк) но то не му спречи на крвавиот цар Борис да го награди зверот Апостолов со орден за неговиот успех во избивајнето на мирното население. От овој терор, зверства и грабежи во Тиквешијата незадоволно и огорчено е сето население. Војската и полицијата, ги ограби сосем селаните, ги остави без сирене, мас, јајца, овни и јаганци, све издигнале, без да платат и еден лев.

Бугарските фашисти си ја спечелија вековната омраза от Тиквешкото население. Селанец на кого му запалиле плевната и дигнале овните во името на сето население вели: - „се нека изгорат, ама пак ке помагаме, и најодзад ке му го видиме тилот на окупаторот". Непријателот е поразен. Народот победи.

Колку е народот приврзан за светата борба за слободата и колку ги цени паднатите жртви-борци героји, покажуват 40 дневниот помен на 12 стрелани Ваташани на кој учествувале преку 2.000 души, сиот народ. 

Жртвите се тешки, но не омалодушават ами терат напред за одмазда и победа. Еден татко на убиен младинец на поменот јасно и громко извикал: „Не е време и нема фајде да плачиме, свет, ние треба да му отмастиме на непријателот, и ќе му отмастиме"! Тоа е клетва на секој Македонец, патриот, на сиот народ.! ЌЕ ОТМАСТИМЕ! 

Денот на победата денот на одмаздата е близок, запомнете ги имињата на Апостолов, Калчев (Атанас Калчев, водач на контрачета во Тиквешко)и на сите виновници за злодејанијата и зверствата на нашиот народ.

Сврши 15 дневната офанзива на окупаторот безуспешно со жртви по него 30 мртви и 50 ранети. Партизаните победија. После офанзивата и теророт народно-ослободителните партизански одреди, пополнети со нови снаги, со масовно влагане на народот, очеличени, маршируват во големи единици на Македонската Народно-ослободителна војска.

Окупаторската власт е изгонета од планинските села. Стравот на окупаторските чиновници му влезе во коски. Шумари и полицајци барат премештаји. Се разгрштаа народните сили. Не е далеку денот кога и последниот фашистички окупатор ке биде истеран от нашата света со крв полеана Македонија. Слава и чест на загиналите борци! Да живејат македонските народно-ослободителни партизани! Долу крвавиот терор! Надвор окупаторот од Македонија! Да живеј слободна Македонија! Напред во победа!“

-(ИА, КПМ. Т. II. к. 1, стр. 385 – 387;„Документи од борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава“, том втори, Скопје 1981, стр. 332 – 334).

Две години по масакрот во Ваташа, Народниот суд на Народна Република Македонија ги осуди на смрт водачите на акцијата: полковникот Љубен Апостолов, капетанот Борис Жеглов, поручникот Костов и Петко Опреков.

Новата бугарска влада на Димитров ги предаде на југословенските власти за да им се суди како фашисти.

Апостолов се изјасни за виновен и за сите други злосторства за кои е одговорен за време на војната, но за масакрот во Ваташа, тој го отфрли обвинението наведувајќи дека на списокот на млади е наведено дека тие се партизани заробени во шумата, а не извадени од нивните домови.

По војната, на местото каде што беа стрелани младите беше подигнат мал споменик. Нивните останки набрзо биле ексхумирани и пренесени на друго место. Спомен костурницата беше свечено откриена на 11 октомври 1961 година. Местото на пукањето беше уредено како спомен-парк на површина од 7 хектари, а во него беа засадени 12 јаворови како симбол на 12-те застрелани младинци.

За настанот испеана е народната песна „Ми заплакало селото Ваташа“.

https://www.facebook.com/watch/?v=192366750190310

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.