|
|
Контра-култура, историски ревизионизам, државна и народна одбрана |
Марија Емилија Кукубајска Кога фактите не се веќе стандард, а фикцијата се пропагира низ политиката како индустрија за мелење на вистината, историјата постанува инвалидизирана. Без точни сведоштва историјата е произволна или лична фикција подложна на дестабилизација на реалноста. Уметноста не е егзактна наука, но нејзиното место во историја на културата е дел од фактичките податоци за идеите и стилот на одредена фаза од човековиот развој. Затоа, културниот и историскиот ревизионизам е насилна и дезинформативна модификација, било да е во САД, во Македонија или Египет. За левицата, целта е - една идеологија, платформа, агенда во светот. Прогресивното културолошко насилство, гневно го силува и образованието и науката, познавањето на минатото, разбирањето на сегашноста. Но, деновиве Египет се побуни, против манипулатор. Ги погоди каде најмногу ги боли: забрана за ископување на археолошките локалитети во Сакара. Причината? Египетската културна дипломатија одсекогаш била отворена за соработка со светски музеи и архиви, колку тие и да ја бранеле сопствената клептоманија во однос на некогаш одземеното, присвоеното и невратено египетско археолошко наследство. Ваквата одбрана на своето национално право, не значи забрана или атак на уметничката слобода на една ЕУ земја, туку навремена и демократска корекција на испревртени вредности во уметничката и забавната индустрија. Историјата не е индустрија, иако некои сервилни политичари и марионетски политики ја оправдуваат својата беда на духовни и морални вредности и понижување на сопствениот културно-историски идентитет, правдајќи го своето отсуство на вина: „Каде владее силата вистина умира“. Но, Египет го крева гласот на вистината и совеста. Бидејќи, ни Малечката Сирена на Андерсен не може да се преставува како црна фигура, ниту Исус Христос како коњокрадец Бугарин од Азија, ниту Македонците како Грци. Фикцијата не е факт, како што релативистите пост-модернисти - сметаат дека и млекото може да е црно, а сеуште нацистичките народи ги прогласуваат туѓите култури за свои, за да се докажуваат супериорни во историјата. Многу други држави, влади и народи веќе не се воздржуваат во спротивставување на новиот вид колонијализам - културниот, и неговите анти-културни политики низ светот, поништување на автохтоните права на фактички документирани сведоштва, и уривање споменици од историската реалност, сето тоа зад фасадата на демократско преуредување на светот. И на домашен и на светски план, се’ повеќе народи на планетата ја согледуваат како трајно штетна квази револуционерност агресивност на контра-културните движења. Разорно се дифузираше „Булдожер револуција“ во Србија, 2000, „Розова револуција“ во Грузија, 2003 „Портокалова револуција“ во Украина, 2004, „Лале револуција“ во Киргистан, 2005, „Арапска пролет“, 2011, „Шарена револуција“ во Македонија, 2016 и други „револуции“ во агендата на замрзнати, или огнени, интереси, усмерени против државите кои се етикетирани со „патронално претседателство“. Ваквите „прогресивни промени“ беа наменети за насилно менување и ставање на влади во зависен однос – патрон-клиент, замена за колонијализам заснован на немилосрден светско-домашен политички и економски криминал и корупција, фармаколошки војни, заболување и осиромашување на народот, загадување и уништување на природата во име на еколошка заштита, манипулирање со климатските услови, лажирани избори, индоктринирање со лажни вести... Во последните децении, од САД до секаде, униполарноста има инвестирано во свои движења за пост-историско рушење и негирање на националните наследства и културните вредност, меѓу кои и ревизионизмот на културниот идентитет, со омраза против фактичкото историско минато, или со Woke (wake) црнечкото движењето за политичка и социјална правда на BLM активистите. Меѓутоа, кога е во прашање Египет, власта, науката и народот, не молчат, особено откако беа изиграни во Арапската пролет. Се бранат, после вековните колонијални грабежи и фалсификати на нивното културо наследство нанесувани од страна на Западот и елинскиот (грчки) хегемонизам. Египетскиот и светскиот револт е протест против изложбата во Националниот музеј во Лајден, Холандија, 22 април – 3 септември, 2023: „Кемет: Египет во хип-хоп, џез, соул и фанк“. Славниот Египет беше предизвникан од изложбата да не дозволува повеќе да биде жртва на хибридниот крипто мултикултурализам. Археолошките експерти во Египет, како Абдел Рахим Риан, и поранешниот министер за култура, Заки Хавас, не се политички ниту социолошки инжењери, ниту еднооки интелектуалци на woke. Тие, заедно со египетските владини авторитети, си земаат за право да ја бранат национална култура и археологија на својата земја. Ја осудуваат западната културна апропријација, со депрецијација на нивните национални богатства и со културно подесување во прилог на Холанѓаните и афро-американците, но со идентитетско обезвреднување на Египет. Црниот расизам и национализам, како и бугарскиот национал-шовизинам против Македонија, се обидува да ги посвојат вредностите кои им требаат за да додадат вредност на својата глобалистичка агенда. Но, не и на нивниот кредибилитет. Изложбениците се правдаат дека црните уметници на џез, соул, фанк и хип-хоп музиката биле долго игнорирани. Но, спрема американските и светските поп-листи тоа е спротивно на вистината. Холандските куратори се бранат и дека изложба им оддавала заслужено признание на обесправените црнечки уметници. Најстарата, Египетската култура ја сочинуваат многу народи, низ историјата и денес. Како и Македонската култура на широка инклузивност од царството на Александар Македонски, преку Македонија низ Византиското и Османлиското царство, и во независноста на Република Македонија по АСНОМ. Низ милениуми се менувала превласт на народите со мешање на расите. Пред Вавилон да го покори Египет, имало привремени владетели и од Јужен Египет и од Нубија. Но, Египетските фараонски династии со милениуми граделе моќна иако сложена цивилизација, и покрај фактите дека од неа пиратски краделе и го претставувале за свое знаење и уметност разните елински клептократски племиња (Sea People). И други култури од Африка, Мала Азија и Средниот Исток разменувале филозофии, научни откритија, архитектонски и уметнички достигнувања, но не ги преименувале и не ги запишувале како свои во својот „ксенофобичен грчки хегемонизам“ по туѓите територии и во своите тврдини-државички (рамен Партенон, игралишта). Пребогатата 5 милениумска историја на Египет, вклучувала мноштво култури и религии, покрај својата доминантна Фараонска (медитеранска и сахарска). Македонска (Александриска и ПТолемејска), Еврејска, Христијанска (Старо и Ново Заветна), Римска, Исламска (Сунитска) и Грчката (пиратско-плагијатска) култура. За најстари цивилизации на светот, освен Египетската, докажани се Месопотамија, Индиската долина, Кинеската, Хититската (Турска) и Персиската. Грчката култура е мешан плагијат кој сеуште се брани себе си со омраза кон туѓи, други народи како кон Македонците. „Грчката“ култура едвај бележи (и тоа оспорувано) појавување околу 1000 години п.н.е. Египетскиот народ, со своите Копти, е поблизок по боја и раса до Евреите и Арапите кои не се сметаат за црнечка раса. Египјаните се медитеранска семи-тохамитска подгрупа на полу-кавкаската раса, на која припаѓа и поранешниот претседател на ОН, Бутрос Бутрос Гали. Во заштита на својата неспоредливо најмонументална цивилизација на планетата, Египет деновиве изразува најодлучна одбрана на своето археолошко богатство од самоволни интерпретации и карикирања на нивната културна историја од страна на холандски, ЕУ натрапници. Египетските државни институции, владини личности и членови на парламентот им забраниле пристап на холандските археолози на важен археолошки локалитет на кој ископувале уште од 1975-та година. Египетскиот весник Независен, го објави обвинението за карикирана уметничка слобода со која се фалсификува, пост-модерно се деконструира и дегенерира египетската врвна археолошка култура и антропологија. Причината навидум е тривијално забавна: портрети на музички уметниви, но е суштински оправдана за египетските власти и народ. „Националниот музеј за антиквитети во Лајден“, Холандија е обвинет од египетските власти и авторитети за „фалсификување на историјата“ со „Афро-центристички“ приказ на египетскиата историја и величествените египетски владетели со нивно портретирање на изложбата како црно-африкански карактери од забавната и музичката индустрија: Еди Марфи, Ријана, Бјонсе, Ерика Баду, Мајлс Дејвис, Џон Синглтон. Алузијата сугерира црнечки идентитет на Египетската цивилизација со што го исклучува Египет од неговата успешно одржана инклузивност за разни народи, раси и религии, без Египет да биде идентификувани од европските „уметници на историјата“ како црнечка цивилизација. Црнечката глобалистичка културна политика со оваа провокација се обидела да ги ревидира системите на вредности (merit systems), за да наметне историски фалсификати со напад на вистината за египетската фараонска култура, за сметка на црниот расизам, сметаат некои набљудувачи на настанот. Египетската влада го цитира законот за заштита на антиквитети бр. 117 од 1983 година, спрема кој го осудува фалсификатот на оригиналот на Тутанкамон. Против оваа изложба се крева и движењето „Бранители на Египетската историја“. Други извори, како холандската тв NRC, ја бранат изложбата како отпор и заздравување на африканската самосвест. Тоа е став и на анти-египетскиот бранител на изложбата во The Art Newspaper, Даниел Солиман, црнечки холанѓанец, куратор во Египетско-Нубијскиот музеј во Лајден. За да ја оправдаат Египетската култура како „црна култура“, се смета дека тенденциозно организаторите го подметнале зборот Кемет во називот на изложбата, што значи „црн“ на еден од египетските наречја. Египетската реакција против изложбата со наслов „Кемет: Египет во хип хоп, џез, соул и фанк“, смета дека таа е пропаганда за хибридизирање на автентичната Египетска култура со други вештачки ѓубрива во име на плодноста на мулти-културализмот произведуван во западните лаборатории. Хибридното, субверзивно вовлекување на мултикултурализмот со про-африканско американско политизирање на фактичката историјата, се пројавува како нова форма на колонијализам, империјализам и расизам, сметаат огромен дел социјални мрежи. По револтираните реакции против мотивите на изложбата со црнечки протагонисти, организаторите се правдаат дека зборот кемет се однесувал на црното, плодно нилско земјиште, каде и самиот библиски Аврам се преселил со фамилијата. Египетската осуда на расистичката цел на изложбата предизвикува делумни повлекувања од директорот на музејот, Вим Вејланд, кој се оградува дека не сите египјани биле црни, но ги негира автентичните археолошки докази за Тутанкамон како не-африкански лик (сликарот Давид Кортзе, го претставува американскиот рапер Нес, „Јас сум Хип Хоп, како црнец). Тоа е случај и со идеалната убавина на египетската кралица Нефретити портретирана од Риана и Бјонсе како црна, и фараонот Рамзес како Еди Марфи. Египет има изразено протест и во врска со портретирање на Клеопатра на Netflix како црна жена, наместо како евро-медитеранска историска личност. Конфликтните ставови за изложбата остануваат да ги навредуваат египетските историчари на културата со афро-центристички ставови, иако и европските грчко-центристички плагијати од Египет и други малоазиски и блиско-источни територии се прифаќале како „бели“, а елинските племиња биле се’ само не кафкаско бели.Log in Секоја година на 1 јуни, православната египетска коптска црква го слави бегството на Светата фамилија во Египет, од заканата на гувернерот Ирод. Преку Синај, Јосиф, Марија и Исус пребегнале до Фар(а)ма, и се задржале три ипол години, се’ до смртта на Ирод. На местата каде престојувале се граделе цркви и манастири. Можеби и тоа е еден од мотивите на атеистичката изложба да се напаѓа Египет од европските анти-теисти и нивните девијантни симболи, коментираат социјалните мрежи. Тие едновремено ја бранат и египетската култура од пиши-бриши на историјата и ја критикуваат американската култура која дозволува војна на културите во САД и други делови од светот, а им наметнува „геј и транс, покрај црнечки и други расистички агенди“. На евро-американските квази елитни либерали им е потребна едукација од археологија, антропологија и другите науки, како со научните ковид факти прогласувани за конспирации. Но, не и холандска верзија на BLM, „Црните се важни!“
Сликата на Тутанкамон со црнечки карактеристики предизвикува и меѓународен револт Во Египетската одбрана на својата култура се вклучува и египетската кралица Клеопатра, од македонско потекло, последен владетел од династијата на Птолемеите кои 300 години владееле со Египет. Клеопатра е потомок на генералот на Александар Македонски ПТолем I Сотир, кој се борел и против Грците, против нивните грчките сојузници, Персијците и против Илирите. Тогаш сеуште не дошле Бугарските хановите на Македонскиот Балкански полуостров; ќе им требаат уште 1000 години за нивниот напад. Режисерката на Нетфликс Клеопатра, своја бизарна одбрана ја додава на афро-западните пропагандисти дека можеби Клеопатра била меланизирана (доживеала промена на пигментите) во тие три векови во Египет.
Африканска кралица: Кралицата Клеопатра, Netflix документарна драма, 2023 и Елизабет Тејлор, во филмот Клеопатра, 1963 |