Четврток, 22 Јуни 2023   
Триесет и три години ВМРО-ДПМНЕ, Триесет и три години борба за МАКЕДОНИЈА

1 Lambe Ламбе Арнаудов

Нека ни е честит и вековит роденденот на партијата, ама и вечна да ни е и од ГОСПОД благословена љубовта што ја гаиме кон ВМРО-ДПМНЕ, МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ТАТКОВИНАТА МАКЕДОНИЈА.

 

354899

- Триесет и три години ВМРО-ДПМНЕ,

- Триесет и три години борба,

- Триесет и три години, три генерации,

- Триесет и три години изградени мостови,

- Триесет и три години ниту еден срушен.

 Еве зошто.

ВМРО-ДПМНЕ е посебен, неповторлив и неуништлив.

Триесет и три изградени мостови не само за зближување туку и сраснување со сопствениот народ, верни на заветот, издржливи на предизвици, константни во борбата и синтеза на единствената желба заедничка.

Ние од ВМРО-ДПМНЕ немаме желби.

Имаме само една желба: да му се остварат сите желби на македонскиот народ.

Вие, драги мои читатели знаете дека на мостовите се исполнуваат и најпосакуваните желби. Токму затоа таа желба заедничка прави заедништво, прави цело и го прави нераскинливо.

Триесет и три мостови изградени кои ВМРО-ДПМНЕ го поврзуваат со минатото е втората челична не‘рѓосувачка алка што ја прави партијата непотрошлив материјал, вечна вредност.

Стотици илјади жртви и саможртва пред олтарот на честа и слободата за МАКЕДОНИЈА се и самопочит кон себеси и останатите истомисленици, цврсто заколнати за создавање, чување, ширење и утврдување на вродената традиција, идеалот и каузата што со право и како единствен светол пат што мораме да го изодиме, го зацрта нашиот лидер ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ.

И точно. Ликови, портрети, композиции од борби, настани и епопеи во музеи, галерии, паркови, улици и во нашиот храм со кои успеавме да се сродиме, тие станаа наши современици, ние нивни соборци и сострадалници што ништо не жалиме да подариме на својот народ и татковината МАКЕДОНИЈА, сé освен дух зошто сме свесни дека за него протеза нема.

Сите тие свети уметнички творби за нас ВМРОВЦИТЕ и МАКЕДОНЦИТЕ се поголем извор на вечна инспирација отколку кровот на Сикстинската капела од Микеланџело, што е за римокатолиците.

Триесет и три мостови изградени кон иднината.

Триесет и три генерации, секоја подобра од претходната, секоја поуспешна од најуспешната, секоја посплотена со народот од било која дотогаш.

ГОСПОДИНЕ ПРЕТСЕДАТЕЛЕ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ!

Ја предводите генерацијата на соништата која сам со своите ништо помалку заслужни соработници ја создадовте, негувате и доградува е плејадата на ретко вредни и честити членови, структури на партиски функционери, советници, градоначалници и пратеници кои обелеја образ, донесоа изгрејсонце и на партијата и на МАКЕДОНИЈА да не е тажна а да се радува.

Ве охрабруваме и Ве замолуваме да продолжете по единствениот пат, од МАКЕДОНИЈА да направите слободен и топол дом, безгрижен и весел, радоста да ја замени тагата, љубовта омразата, добрината гневот, дружењето разделбите, честа итроста, вистината лагата, вредноста просечноста, разумот воинственоста, одговорноста хедонизмот...

Убеден сум, сите заедно со ХРИСТИЈАН напред тоа можете, сакате и ќе го направите затоа што знаете зошто и како и заради кого.

Направете го и ГОСПОД уште повеќе ќе ве засака.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.