|
|
На Брисел не и е потребна нефункционална држава |
Македонска нација Мора да има правда за сите Шарената револуција и слоганот „нема правда нема мир“ беше настан кој ја одбележа 2016 година и кој ги донесе СДС и ДУИ на власт. Но наместо правда тие донесоа неправда, наместо мир, тие донесоа немир, наместо борба против криминалот и корупцијата го зголемија нивото на ова општествено зло, наместо реформи создадоиа нефункционална, поделена и понижена држава. Примерот со градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, кој САД го стави на црната листа, како и најавата дека оваа листа ќе се прошири, само покажа дека криминалот и корупцијата како канцер ги зафатила сите сегменти од живот. Во изминатите години челниците на ДУИ и СДС создадоа нефункционална држава. Клиентелистичкиот режим му овозможи на „главата на октоподот“ да ги пушти своите пипци во сите сегменти на општествениот живот. Корупцијата и криминалот го зафатија секој сегмент од општествениот живот, метастазираа во извршната, судската и законодавната власт. Сето резултира со распад на образовниот, здравствениот, економскиот систем на државата и т.н.. Ваквото однесување на власта која од функционална, создава нефункционална држава, преставува велепредаство или врвно злосторство против народот и државата. Во тој контекст, по смена на уставното име, може да се сведе и постојаното барање на ДУИ и СДС да се изврши промена на Уставот за да влезат Бугарите во него, за да земјата ги започне преговорите за членство во ЕУ. Меѓутоа, ако се тргнат барањата на Софија и Атина, со нефункционални институции, СДС и ДУИ сами ја блокираат евроинтеграцијата. На Брисел не и е потребна нефункционална држава, која не може да ја контролира својата територија, земја во која царува криминалот и корупцијата. ЕУ нема да ги отпочне преговорите за членство на земјата дури и да се извршат бараните промени на Уставот. ЕУ како и САД постојано ја мониторира земјата и не би сакала да има проблеми и да ги троши своите ресурси на нефункционална земја. Но неминовно се поставува прашање: Како е можно ЕУ и САД да доволат ДУИ и СДС да создадат ваква нефункционална држава? Дали тоа значи дека ним им одговара една ваква држава за да ги спроведат своите агенди!? Изгледа – не! Стејт департментот го прогласи градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за непожелна личност за влез во САД, поради негова вмешаност во тешка корупција, а тоа како и односот кон настаните на Косово, укажува дека Вашингтон полека ја менува плочата. Време е повторно да се изградат руинираните институции во кои граѓаните немаат доверба. Челниците на СДС и ДУИ се свесни дека државата е нефункционална. дека демократијата е руинирана, дека незнаат да управуваат со земјата и дека се кочница за евроинтегративните процеси. Во таков случај, од морални причини, најдобро е да поднесат оставка за да земјата на предвремени избори ги избере оние кои можат да ја извлечат земјата од дното во која е втурнаа. Време е да се санираат институциите во кои работаат партиските неедуцирани и некомпетенти кадри кои не сакаат ниту да работаат, ниту да одговораат на потребите на граѓаните и државата. Не смее повеќе да се дозволи системот на државата да се гради врз основа на лични интереси. Мора да се воспостави ситем во интерес на сите граѓани во државата. Мора да се врати довербата во институциите, мора да има правда за сите! Час поскоро СДС и ДУИ да си заминат од власта, истата да и ја остават на опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ за таа да може што побргу да започне да работи на воспоставување на функционални институции, односно функционална држава. |