|
|
Рубинчо-Видое-Јованоски : Кој сака да го наруши имиџот на државната Кардиохирургија |
Од осомостувањето на нашата мила и низ векови напатена Република Македонија од едно умие во демократски начин на живот, ресор каде се кршат копја - кој да раководи во истиот е министерството за здраство. Иронијата да биде уште поголема ова министерство го добиваат претежно личности со недоволно познавање на проблематиката во здраството од една и добивање на дипломи со слаб успех и завршување на високо образование во земји каде се на последното место на шангајската листа. Тоа се личности од коалициониот партнер од албанскиот политички кампус. Во истото најмногу се врта финансиски средства каде колачот од нечесното работење оди на грбот и на сметките на мал дел на личности од една страна и пациентите кој од несовесното и коруптивно владеење го осетуваат на својот грб од друга страна. Прв и најлесен начин е набавката на лекови. Потоа на секоја УК директор на истата и организационен директор кој треба да бидат поставени по партиски клуч а својствено и на тоа од партиска основа. Формирање УО на секоја УК каде членовите на истите тие УО земаат баснословни суми на финансиски средства. Распишување на тендери за изградба на нов клинички центар каде при секоја промена на власт истите се раскинуваат и се распишуваат нови тендери. Епилогот од овој начин на работа е исплата на казнени пенали на фирми кој го добиле тендерот за градба во милионски суми на евра. До тука работата е многу кристално чиста и јасна. Но жално е овие горе наведени личности што се дрзнуваат да направат кадроски промени во УК каде има голем напредок. Еклатантен пример за тоа е смената на директорското место на професор Д.Р Сашко Јовев кој е еден од основноположниците за формирање на државна кардиохирургија во нашата држава. Тој е голем стручњак на трансплатација на срце, личност приемчива и со мирна душа да дадеш совет на болниот пациент и неговото потесно семејство е токму професорот Јовев. Стручњакот Јовев имаше целосна доверба кај некогашните министри и тоа: Филипче, Сали и до 5 јуни кај актуелниот министер Фатмир Меџити. Јовев е осново положник на државната кардиохирургија ценет, почитуван кај нас и во странство со многу научни трудови и 3 специјализации (абдоминална, торакална хирургија, кардиохирургија). Потврда за тоа се и голем број на признанија лакети и дипломи од земјава и странство. На самиот почеток на месец јуни, токму Јовев ја отвори хибридната сала се разбира во присуство на малото пионче Таке, кој моментално седи во скут кај момчето од мала Речица. Ресорот министерство за здраство со цел да го оправда разрешувањето на Јовев нагласуваше глупости и лаги дека при самата контрола на државниот санитарен инспекторат, истиот личниот кај него рапортирал дека има амоналии во работењето на оваа институција. Министере Меџити, Јовев работи сложени операции по неколку часа на ден, каде во неговите раце е срцето на донорот. Нагласувате дека менувате директори кој не работат ништо и истите тие биле на функција 5 и повеќе години. Исто така министерот нагласи дека имало нерагуларности во поглед на дежурствата. Во оваа прилика ќе ја парафразирам изјавата на Јовев дадена за електронските медиуми. Тоа се специфични дежурства, каде согласност дава исклучиво со свој потпис. Имено дежураат двајца кардиохирурзи и ако е потребна итна интеревенција, не можат истата да ја направат го повикуваат вториот тим на кардиохирурзи, а ако и тие неможат стапува во акција Јовев како стручњак со повеќе искуство. Јовев работел 24/7 и со тоа самиот си ја оптеретувал во интерес на пациентите, но со тоа си го запуставувал личниот живот и следствено тоа не обрнувал доволно внимание на семејсните обврски. Министре - вие сте невролог, и партиски поставен на ресорот министерство за здраство. Најдобро е за вас да го земете чеканчето во рака и како невролог да ги испитувате рефлексите на вашите пациенти, а на професор Јовев и неговиот тим да ги оставите на мира да продолжат со својата благородна мисија. На крајот грешките во чекори се кобни за конечниот резултат. Немој професор од калибарот на Јовев да го испуштиме од раце, мислам да замине од државното здраство. Вие и вашиот партиски лидер со уцени извршивте притисок во извршната власт. За разлика од вас, Јовев со срце и душа спасува човечки животи од една и го заштедува здраствениот буџет од друга страна. Личности од калибарот на Јовев се потребни во државниот здраствен систем на нашата држава. П.С: Директорското место беше резервирано за ДУИ, со последните случувања на струшкиот градоначалник Рамис Мерко, кој беше ставен на црната листа на САД, актуелниот министер на кого не сакам во овој момент да му го спомнувам ни името, во минута до 12 постави кадар од СДС. За способноста на новиот директор незнам ништо, но сигурно е ученик на Јовев кој од самиот почеток на професионалниот ангажман му има носено бурек, јогурт лично на Јовев. Дипломиран. ЕКК Рубинчо-Видое-Јованоски, Новинар и поранешен одбојкарски судија од Прилеп |