|
|
АПЕЛ од друштво на Македонците од Панчево - Војводина, Р.Србија |
АПЕЛ од културно-научниот центар на Македонците од Панчево,Р.Србија
Апелот е испратен преку Славе Николовски-Катина, голем подржувач на Македонците каде и да се во светот и бранител на македонската кауза. Почитувани,
Ние сме група Македонци од Панчево, Војводина, Р.Србија. Со скромни средства во рамките на нашите можности се обидуваме да формираме Културно-научен центар на Македонците во Панчево, Република Србија.
Потребни ни се книги, публикации, музика, филмови а се напишани и создадени од македонски автори кои имаат научна, уметничка вредност и оставиле траен белег како во Р.Македонија така и во поширокиот регион.
Во таквиот центар сите Македонци кои живеат во Војводина и пошироко ќе имаат можност да ги користат материјалите од областа на Наука, Историја, Географија, Книжевност, Антролологија, Етнографија, Култура и Уметност.
Културно-научниот центар на Македонците од Панчево,Р.Србија нема да е само информативен, туку и научно-културен и уметнички центар каде би се случувале: проекции на македонски филмови, читање на македонски поезија, натпревар во кулинарски вештини, изложби, одржување на конференции итн.
Сите донирани книги, публикации, музички, филмски дискови од Ваша страна ќе послужат да се формира библиотечен и видео-фонотечен фонд во нашиот центар во Панчево.
За таа цел се обраќаме до сите Родољуби во Р.Македонија да ни излезете во пресрет и доколку е во ракмите на вашите можности да ни помогнете во оформувањето на библиотеката на културно-научниот центар на Македонците од Панчево, Р.Србија.
За комуникација, давање на материјалите го овластуваме нашиот драг пријател Сашо Карапанчев, кој има студирано и живеено кај нас, а веќе извесно време живее во Скопје, Р Македонија. За подетални информции можете да го контактирате на неговиот моб: 077 947 803, или на мејл:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
.
Инаку Сашо Карапанчев по татково потекло е од Егејска Македонија село Габреш, Костурско кој има богато ЦВ-со кратка биографија на македонски и англиски јазик.
Неговото образование е такво кое бара вработување во државни научно-културни институции или приватни научно-културни институции (но такви во Македонија нема) што останува само во државните научни институции.
За Ваша информација, Сашо Карапанчев е пионер во Македонија за политичка Географија, културно-историска Географија и Геополитика.
За жал властите во Македонија до денес немаа разбирање и желба да го вработат Сашо Карапанчев. Ве замолуваме, доколку сте во можност да му помогнете за вработување на овој надежен научник со голем интекектуален потенцијал и креативност.
Исто така Ве замолуваме ако имате контакт, да ни ја испратете мејл адресата и моб.телефон од големиот борец за Македонците и нивните права г-дин Алдо Климан (книжевник) од Пула, Хрватска на кого актуелната Влада на Р. Македонија му го забранија влезот.
Однапред Ви благодариме на вашето разбирање и одвоеното време за нашите потреби.
Со почит,
Дејан Кицошев (еден од основачите на културно-научниот центар на Македонците од Панчево,Р.Србија)
Македонска нација: http://www.mn.mk/
|