|
|
„Македонија за Македонците“ |
Свекрва Секојдневните афери кои произлегуваат од преставниците на ДУИ и СДС укажуваат дека земјата е во рацете на разбојници кои немилосрдно го пљачкосуваат народот. Тие толку се осилени што не престануваат дури и кога реагира меѓународната заедница во земјава. А за да ја замолкнат јавноста тие го заплашуваат народот со помош на соседите и политички прогонства. Се ништи патриотизмот кај Македонците, а земјата ја направија пекол во која македонскиот народ најмногу страда. Поради ваквата состојба младите масовно се иселуваат. Сето ова на некој начин не потсетува и води на почетокот на минатиот век кога во Македонија делуваа вооружените пропаганди, кога Македонија беше поделена меѓу соседите Бугарија, Србија и Грција. Иако Бугарите никогаш со прст не мрднале за автономија на Македонија, денес со помош на актуелната власт бараат да влезат во Уставот како државотворен народ. Софија која отворено покажува територијални аспирации кон Македонија, очекува „келепур“ од актуелната власт во земјата, предводена од СДС и ДУИ, која е способна да даде се за да ги прикрие аферите и да ги задржи своите позиции ден повеќе. Меѓутоа, колку Бугарите треба да бидат дел од Уставот се гледа и од текстот „Македонија за Македонците“, од 27 декември 1932 година, Гара Новоселци, во кој Комитски пишува: „ ...Многу стари народи, иако слезени од светската сцена, со текот на времето пак се издигнаа. Зошто истото да не биде со Македонија? Зарем другите се патентирани, последнава не може? ... Еден народ којшто си има свои обичаи, вера, јазик, традиции итн. и тврдо опстојувал сред толку ропски искушенија – значи дека е способен за слободно постоење! Додека беше под „турско иго“, сите славјански народи ронеа „крокодилски солзи“ за да ја „ослободат“! А зошто? – За доброто на Македонија !... Не и не!... Зошто додека Бугарија да ја „ослободи“ во 1912 год. од Турците, следната година ортачки и крвнички ја поделија: Срби, Грци и Бугари – „сојузници-разбојници“! На ум ми иде приказната за милосрдниот самаријанин... Македонија е како немоќен патник – лежи гол, изгонет, гладен и жеден дури и до сега!... Поминува „фарисејот“ (Европа), но никогаш ништо не помага; доаѓа „Леверинот“ (?) (Русија), но со задоволство си поминува, барем ѕирнала, потоа се појавува „самарјанинот“ „Бугарија“... и дури да го намести страдалникот во потребната суредба (гостилница), ете ги другите „келнерски“ „разбојници“!... Се разбира, за милосрдието на Бугарија и нејзе и дадоа ќелепур!... Па сега викајте си на ветер: „Држте го крадецот“. Јас мислам дека ако политиката на Бугарија беше само „самаријанска“, немаше да ги предизвика волчешките апетити и на другите. Зошто таа даде лош пример на корист и грабливост, така постапија и другите... Така што тоа не е дело ниту „самарјанско“ ниту пак „христијанско“, ами чисто и просто старославјанско (аспаруховско)! Ако нејзината политика не беше „фалш“, немаше да ја дотера до тоа дереџе Македонија – наместо под едно ропство (турско), сега токму 3 – 4 робии! Не е во прашање тоа кое е полесно или потешко, но нели Македонија не е единствена, ниту слободна, ниту на Македонците!? А тоа ужасната положба што се трпи како од ДН (Друштвото на народите) – б.р.), така и од Европа и Америка, па и од славјанството. А тоа не чини да е така! Бидејќи како што сосема мали народи имаат право на постоење како што се: Монако, Албанија, Андора, Данците итн. исто така стопати има право и Македонија. Но, ако некоја држава не и го дава „правото“, зошто уште чека и Бугарија? До кога таа ќе „злоупотребува“ со народот што е сличен со нејзиниот?! Нека тоа право го даде за пример!... Нека на мирен начин им го даде на Македонците тоа што е македонско! Зошто уште го држи туѓото претендирајќи дека е „нејзино“? Зарем Македонците се „Бугари“... Колку што Бугарите се Македонци, толку и Македонците се Бугари! – Голема разлика!... Едните биле пред Хри(ста), а другите во VII в. по Хри(ста) на Балканскиот Полуостров. Но штом и Бугарија го нема тоа „џентлменство“, не е чудно тоа и за другите народи што немаат никаква прилика. Нека не е чудно и страшно, зошто македонските „патриоти“ гинат низ бугарската земја повеќе отколку на друго место. Затоа што со прифаќањето на бегалците стана тесно и за Бугарите и Македонците. Си ја спомнувам приказната за „квачката и патчињата“. Во бугарската матилница (седало) се ставија и македонските јајца од патки; но кога се излегоа и пораснаа патчињата, сосема природно, ја побараа водата (слободата). А глупавата „кокошка“ – крека та крека!... Така и Бугарија преку својот „печат“ – „крека“ (но попусто); македонско убиство, ново македонско убиство, денес друго македонско убиство, пак македонско убиство итн. како да нема крај! До кога? Доста! А на спротивните брегови (земји) лисиците, свињите волците и другите творови (држави) ги доуништуваат Македонците што вечно странствуваат. Нешто полошо и од „Евреинот скитник“. Зошто на Евреите им ја дадоа татковската земја, а на Македонците уште не им ја даваат Македонија. Но, нека знаат тие народи дека оние што поробуваат – рано или доцна ќе бидат поробени! Барем ти, Бугаријо, не миј ги пилатовски рацете, туку навреме дај го нејзиниот дел! Инаку, какви што се другите поробувачки држави, таква си и ти! „Од еден дол дренка“, „какво куко такво пипи“, „се погледнал Алија и тој е од тие“! До кога ќе ја мамите Македонија со сништа и фантазии: „мижи, ќе те лажам“! Време е да се викне во парламентот та да екне дури до Македонија, не со „воено положение“ и бугарско „расположение“, туку на дело: Македонија за Македонците; т.е. ослободена „бугарска“ Македонија да им се даде на слободните „бугарски“ Македонци! Додека е време, дајте и автономија на Македонија! Зошто којшто потиска, ќе биде потиснат; којшто граба ќе биде ограбен; којшто погубува, ќе биде погубен! О Македонијо, белким севишниот ќе ти помогне та да се засрамат тие што не сакаат да ти помогнат – со правда, мир и слобода!“ (Документи II, Скопје, 1981 год., стр. 271-273;) |