|
|
HAPPY NATIONAL DAY U S A - ЧЕСТИТ ПРАЗНИК АМЕРИКА |
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен мионистер и амбасадор
Денес, кога го пишувам овој текст, е четврти јули - националниот празник на С А Д (Fourth of July), нашиот стратегиски партнер и воен сојузник во Северно-атлантската алијанса, НАТО.
И, како што е ред, им го честитаме големиот празник со желби за просперитет и благодети за Американскиот народ и за јакнење на стратегискто партнерство и соработка на сите полиња меѓу САД и Република Македонија.
Ќе ни треба многу простор да ги опишеме врските и соработката меѓу нашите две земји. На пример, читајки ги дипломатските депеши што американските дипломати ги испраќале од Истанбул во XIX-от век во Вашингтон, јасна е заложбата во полза на Македонија со нивната заложба за автономија во рамките на Отоманската империја. Јасна е заложбата на Американската дипломатија и за зачувување на целовитоста на Македонија на почетокот на XX-от век кога се погласни биле заложбите на соседите за поделба и распарчување на Македонија. Ќе останат длабоко во нашата колективна меморија ставовите на претседателот Вудро Вилсон за подршка на Македонија.
Нашето сојузништво особено дојде до израз во текот на Втората светска војна кога Македонските партизани рамо до рамо со Американците се спротиставија на најголемото зло на XX-от век - нацифашизмот! Македонија и САД се единствени земји кои с а м и се спротиставија и го победија фашизмот!!!
Америка својата подршка кон Македонија отсекогаш беше искрена и солидарна. И денес има понекој во поодмината возраст што ги памети "Трумановите јајца", како дел од помошта во храна кога земјата беше на работ на глад, истоштена од војната. Го паметиме и "Лоренс од Македонија", младиот американски дипломат (несуден македонски зет) кој беше задолжен за дистрибуцијата на американската помош на пострадатите од скопскиот земјотрес во 1963 година (подоцна стана и Министер -Државен секретар, за надворешни работи на САД). Листата на гестови на пријателство и солидарност немаат крај, но не може а да не го споменам гестот на претседателот Џорџ Буш помладиот кој ја призна Македонија под нејзиното уставно име и го иницира потпишувањето на Диговорот за стратегиско партнерство помеѓу САД и Република Македонија!.
Денес, благодарејки токму на САД, сме рамноправна членка на воената алијанса НАТО, што е најголема гаранција за нашата безбедност и целовитост, Воедно, нашата армија активно учествува во операциите што ги превзема Алијансата во борба против меѓународниот тероризам и други зла што му се закануваат на човештвото.
Соработката со САД на економски план, но и на многу други полиња и тоа пред се со нивна финансиска и стручна помош е постојан пораст, за што сме искрено благодарни.
За високото ниво на соработка меѓу двете земји голема е заслугата и на македонската емиграција која живее и твори во Америка, но не ги заборава своите корени во трите делови од разделена Македонија.
По традиција, амбасадата на САД ќе го одбележи националниот празник со голем прием (обично ме канеа со сопругата професор и амбасадор, но не овој пат!?) во американската амбасада на скопското Кале, а верувам нема да изостанат и oгномет.
|