|
|
Ламбе Арнаудов: Политичкото слепило и заблуди на антимакедонците |
Ламбе Арнаудов Количеството на позитивна енергија што се ослободува од ЗАБРАНИТЕ е еднаква на изведената ГЛУПОСТ од трујачите на слободата и правото на самоопределување на народите! Тоа подразбира, дека колку е поголема апсурдноста на забраните што произлегуваат од глупоста на мал број одродени и дегенеративни елементи во општеството, толку е поголема слободата со која онеправдениот народ се спротивставува на несериозните, глупави и многу често во Македонија налудничави наметнати забрани што ги гушат демократските придобивки за кои самиот народ се изборил и ги прифатил како нешто сосема нормално што му припаѓа на ЧОВЕКОТ. Триесет и три години сум сведок во центарот на збиднувањата но и премрежија што мојот народ ги изоде но никаде не стигна. Поточно, заслужено како и сите други народи и МАКЕДОНСКИОТ ги зграпчи цврсто демократско-државничките вредности во свои раце и направи држава со сите атрибути, нишани но и меѓународно воспоставени принципи, критериуми и начела за меѓународно признавање и целосно заокружена државност. Но, радоста кусо траеше. Шок и неверување, чемер и јад, гнев и бес, во првиот момент од времето на непријателското дејствување на антимакедонците, полека но сигурно се претвори во вистинска државотворна одбранбена стратегија која здраво ќе се спротивстави на овие антимакедонски монструмни обиди за разорување до темел на државата и потиснување до заборав на вековниот сон на македонскиот народ за сопствена самостојна независна демократска држава. Најпрогресивниот интелектуален капацитет и патриотски дух спакуван цврсто во редовите на ВМРО-ДПМНЕ заедно со својот најдобар другар и вечно верен пријател НАРОДОТ рече НЕ на непринципиелните предавнички ЗАБРАНИ што им ги наметнаа на својот народ. Најсигурниот и истовремено најразорен производ на ЗАБРАНИТЕ е отпорот со кој се брани слободата. Колку повеќе глупави ЗАБРАНИ толку повеќе извојувани победи, слобода, стекнати и новосоздадени човечки права. Двапати СДСМ го смени името, насилно, спротивно на волјата на народот, и што, Едно големо НИШТО. Освен владините политички куртизани и малкумина новинари папагали од најнедресираната сорта која само еден збор може да научи, никој не го прифаќа и не се вдоми, ниту се запомни, северниот студен ветар со кој сакаат да го замрзнат нашето вековно постоење. НАРОДОТ заедно со ВМРО-ДПМНЕ никогаш не прифаќаат да ги крштеваш и прекрстуваш од неразбрани кумови и распопови. МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА... и така сé до недоглед, сé до век и веков и сé погласно од најгласно на радост на сите освен на неколку прерано паднати осушени листови од големото МАКЕДОНСКО стебло благодарение на кои се регенерира и вечно гордо високо стои, дава плодови и ги наранува гладните, ги пои жедните, ги лекува болните и ги заштитува онеправданите. Го забранивте знамето со 16 краци што народот го одбра придржувајќи се кон традиционалните вредности и почитувајќи го значењето на истите како фактор, обележје и припадност. Судите, затворате, гребете шахти, а не сте свесни дека во нив ќе пропаднете, бришете мурали, ама сами ќе се избришете, разорувате украси, балкони, ѕидови...ништо, ќе се срушите без да некој ве руши. Познавам неколку илјади млади и постари момчиња кои имаат тетоважи со националното знаме на МАКЕДОНИЈА. Што ќе правете со нив, ќе им ја дерете кожата? Или можеби заедно со нив и сите полуматуранти, матуранти, апсолвенти, многубројните навивачи, сватовите од свадбите и други приватни забави и на крај протестантите во огромен број пред вашите очи ги веат знамињата илјадници, ќе ги соберете, ќе ги затворате и од МАКЕДОНИЈА ќе направите концентрационен логор...!? Соберете се, разбудете се, освестете се. НАРОД Е ОВА. НАРОД МАКЕДОНСКИ. ВМРО-ДПМНЕ Е ОВА. ОВА Е ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ. ТРИТЕ СТОЛБА НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА И ВЕЧЕН НЕПОКОР. Гледате дека на маслат не ве стават. НУЛА. Така се справува НАРОД. Водете однапред изгубена битка. Тешко ви е ама ПОМИРЕТЕ СЕ! Ако тоа не го направите, сите кои досега мислеа дека сте глупави, останувајќи слепо против својот МАКЕДОНСКИ НАРОД, само ќе им потврдите дека навистина сте глупави. П.С. Сакам да ги потсетам традиционалните пријатели на ВМРО-ДПМНЕ и стратешките партнери на мојата татковина РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ да погледнат во Архивот на Република Македонија или во паралелните архивски материјали од Комунистичката Партија на Македонија денес персонифицирана во ликот на СДСМ. Таму ќе најдете доказни материјали за преку шеесет (60) илјади Вмровци осудени на повеќегодишни тешки робии а некои за жал и на смрт, оквалификувани под обвинение дека биле слуги и работеле во интерес на империјалистичката и експанзионистичка политика на Соединетите Американски Држави. Тие кои ги обвинуваа и осудуваа немилосрдно синовите на Македонија кои беа цвет на демократијата, е сега, денес нивните синови и внуци истото го прават на најпрогресивниот, најслободарскиот и најдемократскиот елемент во РМ кој пак е собран околу партијата ВМРО-ДПМНЕ, која пак од друга страна е персонификација на историското ВМРО вашиот некогашен, сегашен и во иднина вистински пријател. |