Среда, 19 Јули 2023   
Големите сили и соседните земји денес како и во минатото, македонското прашање сакаат да го решат согласно своите интереси

1usa12

Интересни настани кои се случувале во периодот:1895 до 1925 и од 1941 до 1945 година

„Во периодот од 1895 до 1925 година врз база на податоците од досиејата на Американската агенција за имиграција и натурализација, околу 15.000 лица кои имигрирале во САД се изјасниле како Македонци, иако во тоа време не постоела државата Македонија.

Постојат досиеја за раната македонска имиграција во САД која се случувала во почетокот на 20 век. Овие досиеја се интересен сведок за потврдување на македонскиот етнички идентитет.

Друга многу важна серија информации содржани во досиејата на Американската агенција за имиграција и натурализација во врска со раната македонска имиграција во САД индицира дека тие навеле различни земји како земја на потекло: од Турција - 4.979, Грција - 906, Македонија - 4.194, Бугарија 267, Албанија 5 и Србија 188.

Овде јасно е покажано дека најголем број од македонските имигранти, или поточно 4.979 Македонци, ја посочиле Турција како своја земја на потекло. Ова е поради тоа што пред балканските војни во 1913 година, цела Македонија и' припаѓала на Турција. Меѓутоа, она што навистина боде очи е дека речиси еднаков број Македонци ја посочиле Македонија како своја земја на потекло, иако таа во тој период не беше држава“.

Со Букурешкиот договор во 1913 година и со Версајскиот договор во 1919 година, големите сили ја поделиле Македонија, а потоа се обиделе во 1944/45 година да го спречат создавањето на македонската држава, анулирајќи ги притоа придобивките на македонскиот народ во четиригодишната народноослободителна војна и правото на самоопределување, обединување и создавање на самостојна македонска држава.

Денес истите тие повторно се обидуваат преку спорот со Бугарија да го оспорат и правото на опстојување на земјата. 

Во 1941 година, македонскиот народ ја започна народноослободителната борба врз основа на претходните слободарски традиции, втемелени во Илинден 1903 година, а врз основа на Крушевската платформа. Вековниот стремеж за конечно ослободување и создавање на независна македонска држава во која би влегле сите нејзини делови, вклучени во програмските поставки на ВМРО (Обединета) и Комунистичката партија на Македонија, ги обедини силите на македонскиот народ  на страната на антифашистичката коалиција. Нивните стремежи биле поткрепени со Атланската повелба (1941) и конференцијата во Техеран (1943), како и повеќе меѓународни акти и декларации кои го гарантирале правото на равноправност, самопределување и обединување, а биле гарантирани од страна на големите сили (САД, Велика Британија и Советскиот Сојуз).

Ако денес, влегувањето во Европската унија за македонскиот народ значи можност да се обединат трите вештачки поделени дела на Македонија, така и одлуките донесени на Второто заседание на АВНОЈ (1943), за создавање на рамноправен принцип на идната федеративна југословенска држава, како и за забрана на враќање на кралот и монархијата, за македонскиот народ биле прифатливи затоа што биле најблиску до неговата обединувачка програма.

Меѓутоа, токму авнојските одлуки ги предизвикале сојузничките сили, посебно монархистичките сили на Балканот, да го спречат создавањето на македонската држава без разлика на нејзиното рамноправно учество во рамките на антихитлеровската коалиција. Кон нив се приклучиле и КПГ со својот негаторски став кон македонската нација и држава, додека БКП веднаш по одлуките на АВНОЈ, божем излегла со барање за создавање на независна самостојна македонска држава надвор од рамките на Југославија.

За време и по Втората светска вјна, посебно активно учество имала Велика Британија. Под нејзино влијание на 16 јуни 1944 година е потпишана спогодбата Тито-Шубашиќ, на која покрај другото, било договорено во новата држава да се формира единствена влада од претставници на АВНОЈ и на кралската влада од Лондон.

Но, токму д-р Иван Шубашиќ, кој во својот говор одржан на 9 јуни 1944 година,  обраќајќи се до народите на Југославија, ги наведува само Србите, Хрватите и Словенците, што значело непризнавање на македонскиот народ, ќе го предизвика македонското раководство.

Новосоздадените услови предизвикаа Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ и Главниот штаб на НОВ и ПОМ на 6 мај 1944 година, да испратат делегација на Вис. Оваа делегација во состав  Методија Андонов-Ченто, Мане Чучков и Кирил Петрушев на 24 јуни 1944 година, се сретнаа со целиот состав на НКОЈ и на президиумот на АВНОЈ, на кој е поддржана идејата за обединување на Македонија во рамките на Југославија.

Сепак, веднаш по конституирањто на АСНОМ во име на Президиумот, несогласувајќи се со спогодбата Тито-Шубашиќ, кој како и други ројалисти не го признаваат македонскиот народ, претседателот на Президиумот М.А.Ченто упатил протест до претседателот на НКОЈ маршал Тито, во која се вели дека Спогодбата треба да овозможи постигнување на единствен фронт против окупаторот, опфаќајки ги во него борбените сили на сите народи на Југославија, а со ваквата постапка се постигнува спротивното.

Своите ставови раководството на Народноослободителното движење на Македонија ќе ги внесат и во документите кои ќе произлезат од Првото заседание на АСНОМ, одржано на 2 август 1944 година во манастирот „Св.Прохор Пчински." Со тоа АСНСМ се конституирал како врховно, законодавно и извршно тело на Македонија како федерална држава во демократска и федетивна Југославија.  На ова Првото заседание на АСНОМ присуствувале не само преставници од Вардарска, Егејска и Пиринска Македонија., туку и странски воени мисии. Пред сите нив при прогласувањето на АСНОМ било истакнато дека се поставени темелите „за остварување на идеалот на македонските поколенија, за слободна обединета Македонија.“ Се сметало дека македонската држава создадена на АСНОМ треба да биде столбот за обединување на цела Македонија.

Интересно е што иако присуство на воените мисии од странство на Првото заседание на АСНОМ значело дека македонската државност била меѓународно призната, сојузничките сили и соседните држави постојано ги потенцирале документите на Обединетите нации кои не дозволувале решавање на граничните прашања во услови на Втората светска војна.

Денес, откако поминаа 78 години од Втората светска војна и 33 години од излегувањето од Југословенската федерација, денес кога Македонија е членка на НАТО, сеуште постојат ретроградни сили кои ги помагаат аспирациите на Бугарија во попречување на евроинтеграциите на земјата.

Македонците веруваат на воспоставеното пријателство со американскиот народ и се придржуваат до воспоставените принципи. Но тие неможат да дозволат да го изгубат својот идентитет, зошто идентитетот не е од вчера, туку тој е изграден со милениумското постоење. За тоа сведочи библијата и бројните историски споменици.

Ако амбасадорите на САД, Франција, Велика Британија, Германија и други во Македонија ги прочитаат овие редови, најверојатно ќе имаат друго мислење за Македонија и за Македонците.

Интересите како и по втората светска војна се исти. Силите кои се вклучени можеби се различни но се сеуште моќни за да го попречуваат развојот на Македонија надевајќи се дека македонскиот народ ќе исчезне од лицето на земјата.

Но едно како да неможат да сватат дека ова е библиски народ кои опстоил со векови и повторно ќе опстои и покрај сите напори.

Клетвите на македонските мајки чии синови загинале за Македонија ги стигнува сите, кои се обиделе да ја уништат Македонија и Македонците.

Македонија Вечна!

АМИН!

1DOOM Македонска нација

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.