Среда, 26 Јули 2023   
Мартин Треневски: ПРОМОЦИЈА НА КАПИТАЛНОТО ДЕЛО "ОД АРХИВАТА НА МАКЕДОНСКОТО ЛИТЕРАТУРНО ДРУШТВО ГРИГОР ПРЛИЧЕВ"

1martin1 Мартин Треневски

Овој број на мојата редовна рубрика "ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ" всушност го посветувам на еден значаен настан што ќе се случи на 28ми јули (петок) во амфитеатарот на Македонската академија на науките и уметностите /МАНУ/ со очеток во 11.оо часот и воедно е покана за заинтересираните да повелат и со своето присуство да дадат почит на настанот.

   1promo martin

Станува збор за претставување/промоција на книгата "ОД АРХИВАТА НА МАКЕДОНСКОТО ЛИТЕРАТУРНО ДРУШТВО ГРИГОР ПРЛИЧЕВ" од Сиднеј, австралиска сојузна држава Нов Јужен Велс, чиј автор е нашиот познат и плоден литературен деец Иван ТРПОВСКИ, по потекло од Охридско!

   Книгата на над шестстотини страници многу непосредно не запознава со активностите на друштвото во изминатите 45 години и е одличен приказ за творечкиот потенцијал што нашите луѓе го понеле со себе во далечна Австралија.

   Книгата пред се е наменета за запознавање на македонските научни институции, но и пошироката јавност во земјата како Македонците на тие огромни далечини (Австралија е далеку од Македонија дваесетина илјади километри) го негуваат феноменот на враќање кон корените, и тоа преку творештво на мајчиниот македонски јазик.

   И како што рекол големиот Блаже Конески "Јазикот е нашата татковина", членовите на друштвото преку своите збирки на песни, раскази, драми и други литературни сочиненија си ја негуваат својата љубов, но и носталгија кон прататковината Македонија таму, далеку зад Екваторот!

   Ние сите овде на браникот на дедовината над која се надвиснале многу темни облаци што го загрозуваат дури и опстанокот на Македонската нација, од дното на душата им се заблагодаруваме на нашите сонародници кои таму, далеку, во Австралија го негуваат својот мајчин јазик, традиции и култура и ги афирмираат во тамошната мултикултурна средина.

   Голема благодарност на МАНУ и нејзиниот претседател академик Љупчо Коцарев што ни овозможи нашата почит кон делото на Иван Трповски најискрено да ја искажеме во храмот на македонската наука и култура - МАНУ!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.