Среда, 02 Август 2023   
Да ни е честит и вековит 2 август Македонски Илинден

1DOOM Македонска нација

120 години не делат откако македонскиот народ на ден Илинден 1903 година се крена со оружје во рака на востание за да ја ослободи Македонија од османската тиранија. Истовремено изминаа 79 години од АСНОМ, другиот Илинден, кога во манастирот Прохор Пчински се поставија темелите на современата македонска држава.  

Овие два најкрупни датуми од нашата понова историја ги славиме благодарение на творците кои ја создадоа Тајната македоно-одринска организација. Тие со својата децениска  макотрпна и систематска активност на крајот на 19 и почетокот на 20 век, успееја да внесат револуционерна свест во голем дел од македонските маси и да го подигнат неговиот борбен дух за престојната револуција. Истовремено ТМОРО, предводена од Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Даме Груев, Димо Хаџи Димов им ја отвори вратата и на другите народности под услов да ги прифатат принципот за потпирање на сопствените сили.

На 2 август 1903 година се крена Илинденското востание. Во ова крваво и пред време кренато востание, беа ослободени градовите Крушево, Клисура и Невска, како и многу планински села. Создавањето на Крушевската република го зазема врвното место на оваа славна Илинденска епопеја. Иако со краток век, Крушевската република и Илинденското востание беа таков настан што значеше многу и за свое време и за времето на иднината. 

Ниту еден настан од нашата понова историја не остави така длабоки траги во свеста на македонскиот народ како Илинден. Ниту еден настан не беше така често употребуван во натамошните борби на нашиот народ како пример за потик за борби за слобода на македонскиот народ како што беше Илинден.  Меѓутоа, ниту еден настан како Илинден не беше така често и злоупотребуван, со цел да се оспори самоослободувањето на Македонците. 

По Балканските и Првата светска војна македонскиот народ и неговата територија беа раскинати на три дела од страна на соседите, што доведе емиграција на маса Македонци во соседните земји и преку океанот.  Иако распрснати насекаде во светот, македонскиот народ од сите три дела и од сите страни на светот го поврзуваше Илинден како заедничко дело на целиот македонски народ.  

Илинден 1903 година беше потик и за антифашистичката  народноослободителната борба на македонскиот народ во Втората светска војна. Партизанските единици на македонскиот народ ги носеа имињата на дејците на Македонската револуционерна организација: Гоце Делчев, Јане Сандански, Даме Груев, Пере Тошев, Питу Гули и др. Ова борба резултира со Првото заседание на АСНОМ одржано на 2 август 1944 гидина, на ден Илинден,  во манастирот Прохор Пчински каде се донесени одлуки со кои се удрени темелите на македонската современа држава, која потоа дел од својот суверенитет го пренесе на повоена Југославија.

Македонската држава својот суверенитет го поврати на 8 септември 1991 година, по одржаниот успешен референдум за осамостојувањето на Македонија. По повеќе од три децении Македонија повторно е изложена на пропагандите на соседите.

Но како и во минатото, и покрај сите уцени, поткупи и заплашувања Македонците нема да се откажат од својот национален идентитет.

Да ни е честит и вековит 2 август – Македонски Илинден

АМИН!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.