|
|
ЗА "МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ" - ДЛАБОКАТА ДРЖАВА РАБОТИ НА ХИТЛЕРОВСКИОТ "ФАЈНЛ СОЛУШН" |
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 207 Како што врват деновите со овие пеколни горештини, се зголемува притисокот врз пратениците од опозицијата да гласа во Парламентот за промена на Уставот на земјата и вметнување на бугарите во него како "конститутивен народ"!? Ситуацијата станува се подраматична бидејки опозицијата е категорична дека нема да прифати промена на уставот на РМ под бугарски диктат за вметнување на бугарите како конститутитен народ во нашиот Устав! А со тоа расте и нервозата кај длабоката држава од обете страни на Атлантикот бидејки овој - според нив важен детал од зацртаното сценарио за бришење на македонсците како нација, не се остварува како што замислиле тие!!! Проблемот е до тој степен неразумен што актерите од Брисел не почитуваат ниту Конехагенски критериуми, ниту пак принципот на реципроцитет (вметнување на Пиринските Македонци во бугарскиот устав). И што е најапсурдно, емисарите од Брисел не убедуваат дека, според нивните лажни ветувања, дека немало да има други блокади и барања од Бугарија, освем оваа поред нив "ситница", т.е. да сме го променеле Уставот!? Во меѓувреме, агресијата од Софија станува се поинтензивна и побескрупулозна со СанСтефанските небулозни барања на наша сметка и на сметка на нашите интереси. Дури се дрзнаа да ни го присвојуваат и нашиот и само наш најсветол празник - Илинден, прекрстувајки го во "Илинденско-преображенско востание". A што имаме ние со "Преображенското" востание, ако воопшто имаме нешто, мене навистина не ми е јасно!? Многу хартија и минутажа на електронските медиуми потроши милионерот Таче (Ковачевски), со имплантот во македонското МНР Бујар Османи и ним слични, за да не убедуваат во исправноста (!?) од "епохалното" решение за промена на Уставот со што, според нив, небаре сите врати во ЕУ ќе ни бидат ширум отворени. а прашањете за почеток за членство во ЕУ е само рутинска работа за недефиниран број на години (бескрупулозно лажат дека тоа е можно до 2030 година). Но да не мудрувам повеќе за Преговарачката рамка што ултимативно ни ја наметна ЕУ за промена на Уставот на РМ и тоа во стилот "земи, или остави", и веднаш да го претставам мојот личен став. А тој е: не само што не треба да потклекнеме под притисоците, туку НЕ СМЕЕМЕ ТАКВО НЕШТО ДА НАПРАВИМЕ!!! Бидејки тоа прктично ќе значи: она што бугарите сега ни го прават илегално, т.е. без наше знаење и одобрение - формирање на бугарски клубови, врбување за пари на очајници да земаат бугарски пасоши, најава за формирање на портали и телевизии и сл, ако евентуално ги вметнеме во Уставот на РМ, тоа ќе можат да го прават слободно, уште поагресивно и побескрупулозно! Преговарачката рамка во суштина е кукавичко јајце што ни го спреми и на секој начин се обидува да ни го подметне длабоката држава и од онаа, а и од оваа страна на Атлантикот! И тука немам никакви сомнежи, барем судејки според тоа што се ни направија последнава деценија и повеќе, што ни го прават уште поинтензивно и сега, а го знам и од други - многу позначајни извори!!! Си дозволувам да констатирам: oва што ни го прават нашите стратегиски партнери и бирократите од Брисел несомнено многу, ама ептен многу ми наликува на Хитлеровската нацистичка теорија и пракса за "конечно решение (на германски: Die endlosung, или на англиски: final solution) (тоа го искусивме и ние за време бугарската фашистичка окупација na Makeдонијa во втората светска војна), што Адолф Хитлер им го подготви на Евреите во Втората светска војна (т.е. нивно истребување). Конкретно, во нашиот случај се применуваат семожни методи и средства - на долга патека - да се изврши асимилација, т.е бугаризација на македонското население и да се постигне долго и прецизно подготвуваното сценарио на длабоката држава отаде Атлантикот, подржана од Брисел со цел да не асимилираат и бугаризираат под плаштот на ЕУ, и со тоа конечно да се постигне целта - да нема македонци и со тоа и да се реши еднаш за секогаш македонското прашање! Тоа даги мои, не смееме да го дозволиме, заради огромните жртви дадени за денешната слобода и независност, за нашава, но и за идните генерации!!! А кои се интересите на нашите сожители - албанците и зошто Бујар Османи толку упорно работи на антимакедонската агенда, а во полза на големоалбанските аспирации!? На ова прашање деновиве укажа и големиот познавач на меѓународната сцена д-р Васил Тупурковски кој отворено посочи дека тие, албанците (со сесрдна помош на нивните спонзори отаде барата) работат на проектот голема Албанија!!! Значи, дами и господо пратеници, не помислувајте да отстапите од досегашниот цврст став на негласање за промена на Уставот со усвојување на Прегоравачката рамка на ЕУ. Не дозволувајте генерации македонци после нас да ве проколнуваат и да уринираат на вашите гробови за такво предавство - далеку било!!! Нацистичката платформа за "фајнл солушн", т.е. конечно решение за македонското прашање со елиминирање (асимилирање) на македонската нација слично на Етрурците (високоцивилизиран народ што се претопиле/асимилирале со римјаните, за што пишував во една моја претходна колумна), НЕ СМЕЕ ДА ПОМИНЕ!!! М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор во НАТО, Шведска, Норвешка, Финска и Естонија, ген. конзул во Канада и придружник на амбасадорката на РМ во Австрија |