|
|
Наместо власта да ја брише историјата, време е таа да замине во историјата |
Свекрва Посетата на Курти на Тетово и на Чаир воопшто не е случајна и за неа одобрение дала меѓународната заедница, сметаат експертите. Политичкиот аналитичар од Србија Миљан Јовиќевиќ истакнува дека Албанците сакаат да присвојат дел од Македонија во т.н. „Голема Албанија“. –Без поддршката на Меѓународната заедница, Курти не би можел да оди во неофицијална посета на Македонија. Европската Унија вети соживот на Албанците и Македонците, но тоа не е можно бидејќи Албанците сакаат да одвојат дел од Македонија и да ја припојат кон Албанија.... Ова е почеток на крајот на Македонија, ако нешто не се преземе сега, може да се случи катастрофа од големи размери – рече Миљан Јовиќевиќ за „Информер“. СДС реална закана по интегритетот на земјата и по мирот во регионот! Власта предводена од СДС и ДУИ, продолжува со својата политика на демакедонизација на македонската држава. Таа постојано ги понижува Македонците, бришејќи го секој спомен од борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава. Во тој контекст беше избришана и улицата „Втора македонска бригада“, која потсетува на херојската антифашистичка борба во која е родена новата македонска држава. Втората македонска бригада (20.XII 1943 – VII 1945) е бригада чиј борбен пат бил низ Македонија, Егејскиот дел на Македонија, Сремски фронт, Србија, Хрватска и Словенија. Тоа е бригада која учествувала во ослободување на Прилеп и Кичево, бригада која водела успешни борби со бугарските окупаторски власти, против германските сили и балистите. Од оваа бригада има голем број загинати борци за слобода на Македонија. И наместо да се почитува нивната жртва, власта го брише името на прочуената Втора македонска бригада, со цел да се закопа секој спомен на неа, за да се закопа антифашистичкото минатото на државата. Оваа ненародна и марионетска власт го брише името на улицата и го менува од „Втора македонска бригада“ во ‘Адем Демачи’, лице кое било обвинето за сецесионизам во СФРЈ и лице кое нема допирни точки со историјата на Македонија. Опозицијата реагира дека преименувањето на улицата се случило пред две години од страна на Град Скопје без никаква дебата и консултација на граѓаните. Тогаш велат, советот насилнички преименил скоро 500 улици и мостови и други објекти во главниот град. Се поставува прашањето зошто токму сега се изведе церемонија на промена на името и која е крајната цел на посетата и говорот на косовскиот премиер Албин Курти на Чаир и Тетово, ден пред одбележувањето на 22 години од потпишувањето на Рамковниот договор во Охрид? Целокупната иконографија која се создаде за доаѓањето на косовскиот премиер може да се протолкува и како закана на актулната власт до опозицијата - да ги прифати уставните промени. Како да се протолкува фактот дека МВР која беше присутна на настаните во Чаир и Тетово, не презеде мерки за да го острани знамето на Голема Албанија. Но зато знае да го гони адвокатот Тони Менкиноски за веење на знамето со сонцето од Кутлеш. СДС како да не е свесна дека со своите постапки за да остане на власт што подолго, повторно предизвикува реална закана не само по интегритетот на земјата, туку и по мирот во регионот. Тие не реагираа на скандалозната посета и изјавите на Курти кој и делеше совети на Македонија дека треба да се држи што поблиску до Косово, Албанија и Бугарија, а што подалеку од Србија и претседателот на Србија Александар Вучиќ. Ваквата изјава на Албин Курти, која преставува мешање во внатрешните работи на земјата, како да не ги тангира македонските власти, но ќе го предизвика претседателот на Србија Александар Вучиќ кој посетата на Македонија, ќе ја оцени како невиден скандал, а промоцијата на идејата за Голема Албанија и Курти како премиер на сите Албанци, како обид на Курти „да крене духови на немир, не само во Македонија, туку и на југот на Србија. Молчи СДС, молчи и меѓународната заедница, а последиците ќе ги сноси македонскиот народ. Понизноста на СДС и Ковачевски кон ДУИ, само да им опстои владата дозволи Скопје да стане косовски пашалак. Отука, наместо власта да ја брише историјата, време е таа да замине во историјата. Време е да и се каже на СДС: ДОСТА Е со распродажба на националните интереси на државата! |