|
|
Ако Македонија е Бугарија, зошто 51 % од Македонија го "подарува" на Грција? |
Александар Џеповски Дали овде некој е глуп или сето тоа нема апсолутно никаква логика? Редно е Бугарија да си го "собере" најголемиот дел најскоро а исто така ова се однесува и на Грција која се скапа од трубење како Македонија е грчка па ајде нека и таа си го "собере" Пирин па и нашиот дел, доколку е така. Арно ама... не било така како што си прават кутрите тие, со лаги и глупости не отидоа далеку. Најубаво ќе биде да им дадеме еве 3 месеци да седнат и разговараат Бугарите и Грците да одлучат чија е Македонија, вака не може повеќе, не се издржува. Проблемот е дали една страна лаже или двете, но едно е сигурно, ќе треба психијатри и психолози сето тоа да го набљудуваат и да даваат упатници за лудници. Да не заборавиме дека имало порано и трета страна а во поново време и четврта страна која исто така се замеша и се спобудалува во ист ритам со браќата од Кавказ. Сето ова се одвива и функционира преку Калето со алиби преку ЕУ. Оваа трагикомедија не е од вчера и има преку 200 години историја. Сите овие 4 новокомпонирани држави на Македонскиот Полуостров се создадени исто како и сите новокомпонирани држави во Европа а сите тие не постоеле никогаш предходно. Со сигурност знаеме дека освен Македонија имало земји како Баскија, Каталонија, Корзика кои ете угнетени се и не им даваат да дишат и да се вратат на своето. Русија е посебен случај, создадена од Македонски конвикти - затвореници испратени во Сибир од античките Македонци и во 9 век станува посебна и најсилна земја до ден денес и до крај по желба на Горниот. Навистина, редно е да се договорат новокомпонираните соседи на Македонската почва кој е поголем лажго и поголем крадец на се што е Македонско. ДОКОЛКУ НЕ СЕ ДОГОВОРАТ И НЕ ПРИЗНАВААТ КОЈ ГИ ТЕРА ДА ЛАЖАТ, КРАДАТ И УНИШТУВААТ НАМЕРНО БОЖЈА ТВОРБА НАРЕЧЕНА МАКЕДОНИЈА, МОРА ДА ОСТАВИМЕ НЕКОЈ ОД ОДОЗГОРА ДА ИМ СУДИ, ПРЕСУДИ И ДА ИМ ДАДЕ ОДГОВОР ЗА СИТЕ НИВНИ ГЛУПОСТИ СО КОИ ГО МАЛТРЕТИРААТ ЦЕЛИОТ НОРМАЛЕН СВЕТ. АМИН !!! |