Среда, 23 Август 2023   
Власта е најголен кочничар на Македонија на патот кон ЕУ

1svekrva Свекрва

Власта не успеа да ги протурка уставцните измени на собраниската седница одржана на 18 овој месец.  СДС не само што не успеа да обезбеди 80 пратеници потребни за промена на Уставот, туку едвај имаше 70. Дури и пратеници од владејачкото мнозинство беа против уставни измени. Откако власта увиде дека го нема потребното мнозинство, го одложи гласањето за Предлогот за пристапување кон измена на Уставот, со што по кој знае кој пат го прекрши Деловникот на Собранието. 

По ова фијаско на власта, од сите страни доаѓаат пораки дека единствено решение да се излезе од кризата се предвремени избори. Меѓутоа, премиерот Димитар Ковачевски вели дека дента кога ќе се изгласаат уставните измени, ќе поднесел оставка и ќе има избори. Очигледно е дека тој бега од избори, со што се повеќе ја заглавува државата.

Меѓутоа, не може политичар кој не бил избран од граѓаните, кој нема легитимитет и никаков кредибилитет, премиер кој ништо позитивно не направил откако е дојден на власт, да продолжи да биде на функција. Исто така, не може да се толерира неговото неодговорно однесување и како таков треба што побргу да замине во историја, за да не направи уште некоја непоправлива штета по македонските граѓани и нациналните интереси на земјата. 

Всушност власта, која од уста не ја вади евроинтеграцијата и која ја обвинува ВМРО ДПМНЕ дека ги блокира евроинтеграциските процеси, е таа која е најголен кочничар на Македонија на патот кон ЕУ. Таа ги прифати налудничавите барања на Бугарија, кои никој жив не би ги прифатил и кои ги загрозуваат националните интереси на земјата. Власта предводена од СДС и ДУИ и даде алатка на Софија за да може да ја уценува Македонија на секој чекор со вето.  

Со оглед дека власта нема поддршка од македонските граѓани за уставни промени и за да се исправат сите грешки кои ги таа ги направи со својата полика на демакедонизација, потребни се промени – распуштање на парламентот и предвремени избори.

Едноставно, Македонија нема време за чекање. Мора да оди напред, но не со СДС и ДУИ, кои со својата политика ја вратија земјата во 19 и почетокот на 20 век, во време на пропагандите. Во време кога Македонија ја расчеречија балканските држави и големите сили.

Македонија не смее да дозволи повтрно да биде делена, не смее повеќе да дава, зошто нема пто повеќе да даде. Се што македонскиот народ постигна во единственото слободно парче македонска територија, беше раздадено од СДС. Освен сопствените џепови, ним не им е гајле за мнозинството Македонци. Затоа, со нивната политика Македонија тоне се подлабоко.

Дојде време Македонците да се прекине тој слободен пад во ништавилото. Дојде време нешто и да се поврати. Дојде време и за реципроцитет. Така Софија треба да престане да ја негира македонската посебност и да престане да смета како втора бугарска држава, потоа да дозволи регистрација на здруженијата на Македонците во Бугарија и да се откаже од заканите за вето на патот на земјата кон ЕУ, па да може да се раговара и за влез на Бугарите во уставот.

Меѓутоа, СДС и ДУИ не се кадарни да водат политика која ќе ги штити интересите на македоскиот граѓани и националните интереси. Тие се кадарни за лаги и манипулации, па дури и да го разделат и она малку што македонско што остана. Поради ваквиот однос, мнозинството Македонци не ја  оправдуваат нивната политика.

Ковачевски и СДС ја донесоа Македонија во ќорсокак. Прифатија услови против кои се 80% од граѓаните. Политиките на Ковачевски не соодвествуваат со ставот на мнозинството Македонци.

И самиот Ковачевски знае дека уставни измени нема да има, се што прави е ден повеќе да ја задржи својата позиција. Не му се важни ниту граѓаните, ниту државата. Но треба да е свесен додека тој себично размислува за себе и за кликата околу себе, Македонија тоне.

Единствен излез од оваа криза се само избори.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.