Среда, 23 Август 2023   
Марија Емилија Кукубајска: Чувај своја хроника, Сара, Вера, Македон

1Marija Kukubajska Марија Емилија Кукубајска

Умна, силна си како од искона, Сара, царице, мајко стара, мајко млада, Македонка светска.  Хибридни комарци бодат, се ројат против родот твој. Автономни оружја автономија цепат и на туѓ имотен лист ја лепат. Внатрешни и надворешни органи ти вадат и вештачки садат, парчат, ломат, арчат. А и тело и јазик одредуваат интегритет, идентитет - личен, народен. Ова не си ти. Не сме ние. Народ соголен, изабен, изеден, беспомошно да гледа. Брзаа, во се’ да не’ сменат, и пред светот и меѓу себе да изгледаме виновници.

 sara Сара, скулптура од Бруно Каталан

А целта која им е на новите терористи?

Здрава, невина жртва грабаат, со нездрави слободи и криви права!? Заштита од погрешните ли чекаме!? Исправи се, народе! Доста не’ одродуваа од се’ наше. Нов светски пат требало да не’ затрупа се’ до нивниот таен траен Трон? А Троновци знаат - ние златна стопа сме, лорандит струна во Европа. И зошто да не летаме на ист човечен погон, а не во прогон на наши умови од татковински богатства!? Вештачки к-умови, и земја и народ ни’ запишуваат за свои, ген им менат на децата, мајко, сестро, жено, девојко наша, Македонка.

Зависници од дрогирана лага да ги прават, тие феудалци вулгарни, анални, комунални, со централни агресори, скриени зад расипан закон. Си играат со народот наш. Лажно важни одлуки потпишаа, препакуваа комунизам, фашизам и феудализам против нашите човекови права. Учената Македонка слугинка да им биде, а беше учителка на народи, посветена на светска правда и мир, љубов и ред. Прогресираат анти-соседите сега, и низ затвори свират:

„Не смееш да си веќе она што си, туку само она што нашата био-етика ти одредува во дел од пеколот. Ред е Македонската трагедија да ја симнеме од с-цена. Наши Божествени комедии ќе ја сменат со дигитални, фатални богови, дизајнирани, ревидирани за патниците да заборават свои само-чувства. Суши, палежи, преселби - ви вадиме душа, тела се рушат.  Нова  Химна на радоста, ќе свири, а не Хор на затворениците. Вистина ви усмртуваме. Наше време диктираме сега, услови за ваше ништење. Решавање конфликти упростивме со наша наука: синтетика од смотана генетика и машини без етика, без совест. Дипломатите наши не признаваат морал, само златна кал. Империја ви изедовме, та не вас, нејзините остео-остатоци. Со наши обистинети лаги ве кремираме, ве сервираме во камена кора, од наши зделки издлабена мора.“ ... Така диктира диктатурата на демократијата пост-човечна.

Иако се крши закон, и правото се криви, никој да не не’ штити од светска жетва на нашите органи, ни институции да не’ бранат од рации, од корнење на нашите плодни генерациски  култури... иако во терор, хорор, помор е Судбината на човекот, не иде вака! Доста е. И ние  сме трајни светски тестаменти. И ти Сарa, и ти Македон, природни интелигенции. Во кој  потпис, отпис, натпис ве нема - откажете го! Чувајте си хроника, станете, вистина бранете!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.