|
|
Александар Џеповски: Македонија во моментов ги има најголемите предавници во својата историја |
Александар Џеповски
Митрески и СДС со нивните антимакедонски постапки јавно докажаа кои се предавници а кои се патриоти. Ковачевски и СДС ја донесоа Македонија во ќорсокак. Прифатија услови против кои се 80% од граѓаните во Македонија.
Цела година Ковачевски шири лаги дека ќе има уставни измени, дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи и што уште не. ВМРО-ДПМНЕ остана на зборот и на ставот против уставните измени под бугарски диктат.
Честитки за сплотеноста на пратеничката група и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кои што покажаа дека ја почитуваат волјата на народот и се против вакви наметнати уставни измени под диктатот од официјална Софија.
Македонија во моментов ги има најголемите предавници во својата историја, а тоа се СДС и нивните полтрони.
Дури и врапчињата знаат кои се модерните предавници во 21-виот век и тоа со тапија, ама ајде да одвоиме некоја минута и некој збор екстра на некои продадени души од типот на Митрески и антимакедонска фела.
1. Ја распродаваат Македонија за пусти сребреници,
2. Се министер до министер од ДУИ, тендери кај ДУИ и некој по грешка од СДС.
3. Променја име и знаме, Прифаќаат Бугарски уценувања за пусти пари.
4. Античката историја ја даваат на јужните, средновековната на источните, едно нешто не направија добро за Македонија, а на народот му ја расплакаа мајката според зборовите на Амди.
5. Поранешен Премиер на Македонија осуден на 11 години затвор со цел да го убијат! и да мора да побегне во егзил. За еден обичен блиндиран Мерцедес во сопственост на Владата а употребуван од Црпко и неговиот самоназначен наследник Ковачевски.
6. Злоупотребија Милијарди евра за кои цел свет и цела Мсакедонска јавност чекаат одговор за што се потрошени.
7. Уставобранители само затоа што пееја Македонска химна и го бранеа Уставот на РМ, осудени на робија преку 200 години!
8. Нерешени убиства во тетовската модуларна болница, автобуската несреќа во Бугарија, пациенти умрени за лек, пензионери на питачки стап, руинирано здравство, тендери во четири очи, корупција во секоја институција и многу други нерасчистени криминали, и замислете, до ден денешен никој не е виновен или пак осуден!. И многу, многу други афери без завршница.
Тоа ли е успехот на СДС и нивниот патриотизам?
Вакви предавници и антимакедонци како Митрески и СДС на времето добиваа соодветна казна. Може ли да замислите кое задовлоство и израз на лицата имаа тогаш Македонците кога разбраа, каква казна си ја добија предавниците кои мислеа дека со крвавите сребреници испаднале попаметни од сите?.
Но посебно денес народот Македонски уште повеќе ќе се радува кога истата таква казна ќе ги стигне и современите предавници.
Заради сето ова, секој Македонец кој ја спроведува идеологијата на четирите букви ВМРО, треба да биде буден.
МОРА ДА СЕ СТАВИ КРАЈ НА ОВИЕ АНТИМАКЕДОНСКИ ИГРИ, КАДЕ ПРЕДАВНИЦИТЕ ГЛУМАТ ПАТРИОТИ, А ПАТРИОТИТЕ ГИ ОСУДУВААТ НА ДОЛГА РОБИЈА И ГИ НАРЕКУВААТ ПРЕДАВНИЦИ..
КРАЈОТ НА ПРЕДАВНИЦТЕ ОД СДС ЧАС ПОСКОРО МОРА ДА ДОЈДЕ И МОРА КАКО ПАРТИЈА ДА СЕ ИСКОРЕНИ ОД ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА ВО МАКЕДОНИЈА, ЗА ВЕК И ВЕКОВ!.
Тој што нема чувство за својот род, не може да има чувство за друг!. АМИН !!! |