|
|
Македонија одбележува триесет и две години независност |
Свекрва На 8 септември Македонија одбележува триесет и две години независност. На овој ден во 1991 година македонските граѓани на референдум се изјаснија за самостојна и суверена држава. Со тој чин беше исполнет сонот на многу генарации. Но, отогаш до денес Македонија помина низ многу премрежја: оспорувања од соседите, ембарго, промена на знаме, привремено име, приватизација, атентат врз претседател, воен конфликт, Рамковен договор, друг претседател загинат во авионска несреќа, територијална поделба, сменето уставно име, воведена двојазичност, влез во НАТО. Во текот на 32 г., државата наместо рај на земјата, стана пустина. По повод Денот на неависноста обично се редат успеси, Но кога истите ги нема, броиме само неуспеси. Власта која толку многу се фали дека е државотворна, нанижа толку многу неуспеси на домашен и меѓународен план што тешко можат да се наведат сите. Во текот на 32 години независност, никогаш не биле толку многу скандали, како што ги има денес за време на владеењето на СДС и ДУИ. Едноставно, во последните години во земјата цвета јавашлак, корупција и криминал, поради што гинат луѓе. Народот плаќа Данок во крв. На 13 фебруари 2019 година, на патот Скопје – Тетово, кај селото Ласкарци, се случи тешка сообраќајна несреќа, во која автобус на „Дурмо-Турс“ излетал од патот и се превртел при што загинаа 13 патници. Според медиумите, нецелосната исправност на кочниците на автобусот и брзината со која возел возачот биле причини за автобуската несреќа кај с Ласкарци. На 8 септември 2021 година додека власта го славеше Денот на независноста, се запали модуларната болница во Тетово, каде поради безбедносни пропусти имаше 14 жртви. Два месеци потоа, на 23 ноември, во тешка сообраќајна несреќа во Бугарија, во која се запали автобус на превозникот „Беса транс“, загинаа 45 лица, од кои 12 деца. Автобусот немал добиено извод од лиценца за превоз во домашен и меѓународен сообраќај. При напуштање на државата оваа агенција користела потврда за друг автобус, прекршувајќи ги законите. Заеднички именител на овие несреќи е немарноста, корупцијата и непочитување на безбедносните стандарди, за кои тешко некој да одговарал. Сепак, Денот на независноста ќе го пречекаме со еден од најголемите скандали за време на владеењето на СДС и ДУИ. Медиумите пренесуваат дека медицински сестри, но и врвот на Клиниката за онкологија, заработувале на маката на граѓаните. Односно, пациентите кои се лечеле од рак наместо цитостатици добивале обичен физиолошки раствор, а вистинската терапија завршувала во Косово. Секоја доблесна Влада досега би се извинила и распуштила, би закажала предвремени избори. Но наместо тоа, без срам и перде, вината често ја префрлаат на опозицијата или граѓаните, и упорно трубат за промена на уставот за да земјата ги започне преговорите за членство во ЕУ. Меѓутоа, оваа власт како да не можи да согледа дека нашата земја како кандидат кој најдолго чека на почеток за преговори за членство во ЕУ и натаму е играчка на политиката на меѓународната заедница. Се додека имаме вакви скандали и Македонија не се демакедонизира, особено Бугарија, како маша на големите сили, ќе го попречува влегувањето на земјата во ЕУ. Прво тоа го правеше Грција, по што земјата предводена од СДС и ДУИ, без разлика на мислењето на мнозинскиот македонски народ, го смени уставното име за да влезе во НАТО. Во 2020 година станавме дел од Алијансата. Под притисок на Грција и сега на Бугарија оваа власт почна да се откажува од сопствената историја. Поради насилното и ненаучно менување на историјата на македонскиот народ, се наруши образовниот процес, а учениците остануваа без учебници. Власта, со својата економска политика е неспособна да создава вишок на вредности. Таа креира само сиромаштија и како паразот се обидува да се прикачи за ЕУ за да може да цица што може повеќе пари, но не за народот, туку за својата елита.Поради тоа, власта сака во Уставот да ги внесе Бугарите, оние кои го негираат македонскиот идентитет, јазик и култура, како и постоење на македонско малцинство во Бугарија. Во текот на 32 години независност, државата наместо да стане рај на земјата, стана пустина. Особено ова е изразено во последните години. Како резултат на владеењето на СДС и ДУИ има масовно иселување од земјата: напуштени села, градови, уништени институции, здравство, образование, економија и тн.. За да можеме да славиме подобри резултати за време на Денот на неависноста потребно е оваа ненародна власт што побргу да замине во историјата. Потребно се нови луѓе, кои бескомпромисно ќе удрат по јавашлукот, корупцијата и криминалот, кои ќе ја вратат довербата во институциите, кои ќе создадат услови за живеење и ќе го спречат иселувањето, кои ќе го вратат детскиот џагор во училишните клуши, кои ќе ги поништат штетните договори, ќе обезбедат лекови за сите граѓани, ќе направат земјата онаква каква што сакавме да биде кога на 8-ми септември 1991 година гласавме за независна и суверена држава. Да ни е честит Денот на независноста |