Среда, 13 Септември 2023   
КОЈА Е РАЗЛИКАТА ПОМЕЃУ МУЛТИКУЛТУРНА КАНАДА И „ДВОНАЦИОНАЛНА“ МАКЕДОНИЈА

1slavek3 Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Според пишаните документи концептот на мултикултурализмот во неговото дескриптивно значење е нашироко прифатен. Да се каже дека некое општество е мултикултурно, значи да се посочи на културните различности на тоа општество. Таквата употреба на концептот е еднаква на значењето на културниот плурализам.  Бидејќи нормативното значење на мултикултурализмот се однесува на можните начини на општествена организација, која за свој принцип ги има културните различности, а културниот идентитет има суштинска улога во конституирањето на личниот идентитет на поединецот.

1canal

Бидејќи културата, односно културната заедница е од такво фундаментално значење за животот на нејзините припадници, културните практики на малцинските културни заедници треба да бидат заштитени. Така, според информативните податоци за една од најголемите земји на земјината топка-Канада, која е федеративна држава во Северна Америка и има парламентарна демократија и уставна монархија на кралицата Елизабета II во рамките на Комонвелтот, Таква е состојбата со мултикултурта и во Австралија.

Ка­нада е држава во која живеат повеќе от 38 милиони жи­те­ли, главно од англиско и француско потекло, а има и повеќе од сто други нации, меѓу кои и околу 200.000 македонски доселеници и нивни потомци од сите делови на етничка Македонија. Служ­бени јазици се англискиот и францускиот јазик. При­пад­ни­ците на сите народи го зборуваат мајчиниот јазик, имаат свои цркви и други верски објекти, училишта, друштва и друг вид асоцијации.

Канада е прва земја во све­тот ко­ја официјално го признала мул­ти­кул­тур­но­то ша­ре­­нило и ја продолжува континуираната и дос­ледна не­­дискриминациска политика, со што мул­ти­­кул­ту­рата се прогласи за политика на Владата на Ка­нада, каде што секој има право на слобода на свеста, ве­рата, мислата, изразувањето, мирното собирање и дружење, негување на сопствената кул­тура, про­па­гирање и применување на сопс­тве­на­та религија и упо­треба на мајчиниот јазик.

Канада е составена од 10 покраини (провинции): Ал­берта, Британска Колумбија, Квебек, Манитоба, Но­ва Шкотска, Њу Бранзвик, Њуфаундленд, Онтарио, островот Принц Едвард и Саскачеван, како и од две са­мостојни територии: Јукон и Северозападната об­ласт на Арктичкиот (Францускиот) Архипелаг.

Канада зафаќа поголем дел од Северна Америка, и се граничи со Соединетите Американски Држави на југ и со американската држава  Алјаска на северозапад. Се протега од Атлантскиот Океан до Пацификот на запад.  По вкупна површина (вклучувајќи ги и реките и езерата), Канада е втора земја во светот, по Русија. По земни површини, пак, е четврта, по Русија, Кина и Соединетите Американски Држави.

Разни групи на ескимски и индијански народи ја населувале Северна Америка уште од предисторијата. Иако не постојат писмени докази, сепак разните форми на камена уметност, петроглифите и античките артефакти зборуваат за илјадагодишната историја. Археолошките наоди потврдуваат за човечки живеалишта во Јукон уште од пред 26.500 години, а во јужно Онтарио уште од пред 9.500 години.

Првите европски доселеници се Викинзите, кои околу 1000-та година се населуваат на брегот на Атлантикот, во областа, денес позната како, Ланс о Медоу (француски L'Аnce aux Meadowe), но, пак, нема писмени докази. Следната посета е од Европејците во 1497 година, од истражувачката експедиција на Џовани Кобато, ита­ли­јан­ски мо­­репловец во служба на Англија.

Први до­се­ле­ници од Европа биле Французите, кои во 1608 година под вод­ство на Самуел Шаплен го основале Квебек. Во 1620 година Канада била позната под името „Нова Франција”. Ис­тата година формирана е засебна ком­па­ни­­ја со за­да­ча да се колонизира новата земја и да се користат нејзините големи богатства.

Според историските податоци, со Уставниот акт од 1 јули 1867 година името Канада е прифатено како име на целата држава, која според многу показатели, како што се степенот на човековиот развој на ОН, индексот на глобализацијата, квалитетот на животот, одржливоста на животната средина и економските слободи, таа е меѓу најдобрите земји во светот.

Денес Канада, заедно со Австралија, се смета за светски пример на мултикултурно општество. Од Втората светска војна во оваа демократска и многунационална земја се од­ви­ваат значајни социјални, културни и еко­ном­ски прео­­бразби, а со тоа и голема трансформација во неј­­­зиниот етнички состав.

Со тоа, мултикултурата на заедништво, почит и љубов кон Канада се прогласи за политика на власта на Канада, каде што секој староседелец или новодојденец како Канаѓанин има право на слобода на свеста, верата, мислата, изразувањето, мирното собирање и дружење, уживање и развој во сопствената култура, пропагирање и применување на сопствената религија и употребата на мајчиниот јазик.

За разлика од Канада, во Македонија се мисли дека националистички поделби, ќе донесат „позитивни“ резултати за државата. Политичатите од албанска националност како да немаат крај во барањата и освојувањето од административното до високополитичко ниво, со идеи за голема Албанија, за што денешниот систем и власта молчи. Затоа, генерациите кои доѓаат мора да го зачуваат идентитетот и унитарниот карактер на македонската држава и да се  престане распродажбата на вредностите на нашата држава.

А, тоа треба да се постигне со правата и обврските на мултикултурата и по примртот на Канада не е важно колку и какви битки ќе се водат, важно е да се продолжи Македонците и другите етнички групи во Република Македонија, никогаш да не се откажат и да остават недоразбирање, самоволие и омраза за идните генерации, за и тие да продолжат да ги спроведуваат  мултикултурните светски вредности. Бидејќи борбата за Македонија е вечна, исто како што е вечна борбата помеѓу доброто и злото. И со право се вели дека Македонија ќе опстојува се’ додека светот светува и веков векува.

Ние во Македонија треба да учиме  од мултикултурата во Канада, која  не е само декларација, туку Законот за мул­ти­култура на Канада што се спроведува на дело. Канад­ска­та нација која на картата на светот постои око­лу 130 го­дини, а која е составена од над сто ет­нич­ки групи, прет­­ставува пример за многу народи и зем­ји. Етничките гру­­пи со своето заедничко живеење го гра­дат познатиот ка­­надски мозаик на културата составен од културите на народите што живеат на тие простори.

Меѓу стотината разни етнички групи што живеат во Канада е и ма­­кедонската. Македонскиот народ, кој со векови беше, а и денес во не­кои соседни земји е жртва на насилна асимилација, политичко угне­тување, дена­цио­нализација, принудно раселување, измачуван и изло­жу­ван на политичко и економско угнетување, си најде посебно место во современото мултикултурно општество на Канада.

Затоа,целиот нарот во Канада, без разлика од каде дошол се Канаѓани и се горди што се Канаѓани, но и нивна обврска е во таа мултикултулна земја да не бидат ништо друго, освен Канаѓани, за разлика од мултикултурна Република Македонија, каде дел од етничките Албанци (со балистички идеи), поддржани од нас Македонците (граѓаните) и од надворешни сили, ги прескокнале и ги заборавиле границите на татковина Македонија и што би рекол Исус Христос „незнаат што прават” (н.з)

Во Канада, околу 200.000 Македонци од сите краи­шта на етничка Македонија свиле семејно гнездо во демократска и мул­тикултурна Канада. Нив ги има од Преспанско, Битолско, Охридско, Струшко, Тетовско, Прилепско, Скопско, Велешко, Штипско, но најбројни се од егејскиот дел на Македонија: од Лерин­ско, Костурско, Воденско, Солунско, Кајларско, а има и од пиринскиот дел на Македонија и од Албанија. особено од Мала Преспа.

За жал и Република Македонија има многу недоречености во врска со македонските патни документ, особено за Македонците од егејскиот и пиринскиот дел на Македонија. Ако одреден број етнички Албанци имаат и македонски, и косовски и албански документи кои слободно ги користат во многу потреби, Македонците од Егеј и Пирин, мака мачат да ја доказат својата националнот и место на раѓање, од причини што во нивните земји се на сила фашистичките закони за малцинствата. Веројатно ние Македонците ќе треба да го проучиме законот на Евреите во светот, кои со две раце се применува, и добиваат државјансво на Израел, доколку лицата се чувствуваат  и се декларираат како Евреи (н.з)

Меѓутоа ова за Канада не важи, за која  често се вели дека таа е „ветената земја” за Македонците, особено од егејскиот дел на Македонија, кои во Канада ги уживаат сите човекови права. Додека во својата родена земја се туѓинци: немаат свои училишта, ни цркви; им се оспорува на „демократски начин” на­цио­налниот идентитет; врз нив се врши аси­ми­ла­ција денационализација и систематско ис­тре­бу­ва­ње од род­ната дедовска македонска грутка.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.