Петок, 15 Септември 2023   
Ламбе Арнаудов: ЧОВЕКУ! СО МАКЕДОНИЈА СИ СÉ БЕЗ МАКЕДОНИЈА СИ НИШТО!

1 Lambe Ламбе Арнаудов

Постои линија зад која трпението престанува да биде врлина.

Денес, ако седнам да пишувам и ги набројувам причините што ја пречекориле линијата, заради која трпението престана да постои, најверојатно ќе го соборам светскиот рекорд во должина на една колумна. Ќе биде тоа за ГИНИСОВ РЕКОРД и сигурно подолга од двата романи на Лав Толстој, Војна и Мир и Ана Каренина заедно.

Таков збир на неправди, навреди, понижувања, ограбувања, громорозни институционални убиства, премолчени злосторства, изигрување на правда, предавства, велепредавства и што ли уште да набројувам, досега не е забележано во ниту едно цивилизирано организирано општество, како тоа што се прави во МАКЕДОНИЈА мојата ТАТКОВИНА, во која со векови живее и опстојува мојот благороден и честит МАКЕДОНСКИ НАРОД, како што тоа го прави ДИВА ОРДА нелегална и узурпирана власт од страна на партиски поданици, дури и на срам и грев на партијата на која и припаѓаат.

Но, за жал и без осуда и од органите на партијата ниту од членството, што ги прави директни соучесници во разорувањето, ограбувањето, распарчувањето на државата и распродажба на идентитетот на народот, древен МАКЕДОНСКИ.

Ние денес, од меѓународниот глобален “праведен ТРИБУНАЛ“ сме единствениот народ каде што и со закон од внатре и со ЗАКАНИ од надвор, забрането ни е да сме патриоти и да го зборуваме, чуваме, негуваме и унапредуваме сопствениот идентитет.

Каде се чуло и видело еден министер учен недоучен, партиски водоносец и приглуп донатор да се вивнат високо над институциите на државата, да дивеат и ограбуваат, одлучуваат за ТЕБЕ ГРАЃАНИНУ, единствениот од кого произлегуваат и на кого му припаѓа власта.

Ти се потсмеваат на ова секаде во демократскиот свет, величествена титула, што само ТЕБЕ ти прилега.

Ќе дозволиш ли, таква една збирштина на простаци, антинационални и антидржавни глупаци и будалетинки, твојата конкурентност како слободен човек, на пазарот на универзални вредности да ти ја сведат на 0, ништо.

ТИ! Кој што не си потклекнал никогаш и пред никого досега не си свиткал кичма, сега ќе се повлечеш пред група паразити и микроби кои само со едно замавнување на твојата десница лесно можеш да ги збришиш и си обврзан и пред ГОСПОД и пред НАРОДОТ тоа да го направиш.

Остана ли без твојата мила татковина МАКЕДОНИЈА за која си должен да ја сочуваш и за себе и за идните генерации за да не те осудуваат, ама и за огромниот пиетет што треба да го искажеш и ги испочитуваш стотиците илјади жртви кои го положиле својот млад живот на ОЛТАРОТ НА МАКЕДОНИЈА, а за тоа само добиле скромен надгробен ЕПИТАФ кој ќе те потсетува на должноста и заветот што треба да го исполниш пред себе, пред своето семејство и пред твојот народ, но и да ги ОБЕСХРАБРИШ непријателите на татковината.

Остана ли без МАКЕДОНИЈА која додека си растел те доела, те хранела, те обликувала како организам човечки, во чии клетки, ткива и органи и самата се внедрила и те признала за свое чедо новородено и се радува исто како биолошка мајка со своето првородено дете, голем и единствен грев е што не се простува ако ја изневериш твојата хранителка, учителка, надобудница, воспитувачка и водителка низ животот.

Ако дозволиш овие кучиња од хартија да ти ја одродат мајка ти, ќе нема кој да се грижи за ТЕБЕ. Или поточно ќе те препуштат на таканаречената грижа на човештвото од каде што Одборот на бегалци на Обединетите нации ќе назначи некој патувачки амбасадор од глумци или бивши политичари со сомнителни вредности да се грижи за тебе, посетувајќи те еднуш на 10 години, и тоа тогаш кога ќе им е потребна реклама и пропаганда за загрозената кариера нарушена од прекумерна употреба на преголема доза на алкохол, наркотици и често, за жал, учество во инцест изживувања во третиот чин на нивната забава, а за твои страдања.

Линијата е помината, успехот е поништен заради голем престап преку цртата. МАКЕДОНЕЦУ!

Земи ја работата во свои раце, сам заврши си ја работата, како многу пати досега, победи како што секогаш си победувал.

ПОБЕДИ сега кога е биеш најважната битка за СЕБЕ, за СИТЕ, за МАКЕДОНИЈА затоа што со: МАКЕДОНИЈА СИ СÉ!   

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.