|
|
Македонскиот народ верува во Христајан Мицковски и во пратениците на ВМРО ДПМНЕ |
Свекрва
Професорот Христијан Мицковски има силен личен интегритет. Тој е личност која е подготвена без внатрешни сомнежи да се жртвува себеси за своите уверувања.
Во одбрана на македонскиот идентитет тој има голема поддржка од членството на партијата и македонскиот народ. Исто така, во оваа борба тој ја има и поддржката од ветераните на ВМРО ДПМНЕ, кои се спремни во секое време да застанат на браникот на македонската држава.
Повторно сме сведоци на негирање на Македонците, како и обиди креирање на големи држави на сметка на нејзината територија. Притисокот за влегување на Бугарите во уставот не е ништо друго до отварање на пат за поделба на земјата, веќе видено за време на Втората светска војна. Македонскиот народ во Вардарска Македонија во борба со германските, бугарските, италијанските и балистичките фашистички сили за време на Втората светска војна, имаше околу 25000 загинати борци. За жал нивните синови и внуци кои се денес во редовите на социјалдемократите ги испоганија нивните гробови и ја погазија нивната борба за независна и суверена македонска држава. Под притисок на Грција, тие дозволија да се смени името на државата, а под притисок на Бугарија тие се дрзнаа да ја корегираат историјата, прифаќајќи туѓа историја која го негира македонскиот идентитет, јазик и култура. Уште од осамостојувањето на земјата, државите учеснички во поделбата на Македонија во Букурешт во 1913 година и нивните спонзори меѓу големите сили, водат специјална војна против македонскиот народ. Во текот на три децении од Лисабонската декларација (1992), во која се признаваше држава без да го содржи името Македонија, овие сили не‘ користат гасни комори или не се фрлаат напалм бомби врз Македонците како во минатото, но вршат притисок сами да се откажеме од својот македонски корен. СДС за да ги зачуваат привилегиите и нејзиниот коалиционен партнер во власта ДУИ за да ја оствари големоалбанската идеја, која се совпаѓа со интересите на некои големи сили, прифаќаат се што ќе им се сервира од т.н. меѓународна заедница. Го сменија името и ги поткопааа темелите на македонската држава. АСНОМ-ска Македонија повеќе ја нема. Имено, челниците на СДС како ништо да не ги интересира подалеку од линијата Групчин – Подмоље, а изгледа дека остатокот би го однеле, како што вели поранешниот македонски екс премиер со бугарски пасош, а сега во власта - кај „своите браќа Бугари“. Единствено кој дава отпор е опозицијата, предводена од Христијан Мицковски, лидер на ВМРО ДПМНЕ. Тој се противи на диктатот од Софија, Бугарите да влезат во Уставот на Македонија. Па поради овој отпор, Мицковски се наоѓа под жесток притисок на петоколонашите во власта и т.н меѓународна заедница. До него отворено или во скриена форма доаѓаат секакви понуди, но и меки и тврди закани за да го прифати барањето на Бугарија. Мицковски и претениците на ВМРО ДПМНЕ го застапуваат ставот на мнозинството Македонци и во моментот нема индиции дека ќе попуштат под притисоците. Сепак, познавајќи ја бескрупулозноста на домашните предавници и нивните народбодавачи, македонскиот народ се плаши да не се повтори ситуацијата од октомври 2018 година кога седум уценети и поткупени пратеници на ВМРО ДПМНЕ и еден од коалицијата гласаа за промена на името. Свесни за популарноста на Христијан Мицковски и ВМРО ДПМНЕ, кои со помош на македонскиот народ нема да дозволат СДС и ДУИ да спроведат демакедонизација. внатрешните елементи, петоколонашите и агентите на меѓународната заедница вршат и ќе прродолжат да вршат притисок до парламентарните избори за нивна политичка елиминација. Се виде на 18 август единството на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени и таа тема е затворена. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Уставот под бугарски диктат. Македонскиот народ верува во Христајан Мицковски и во пратениците на ВМРО ДПМНЕ. |