Среда, 27 Септември 2023   
Членството на ВМРО ДПМНЕ сплотено како никогаш досега!

1svekrva Свекрва

Членството на ВМРО ДПМНЕ сплотено како никогаш досега!

ВМРО ДПМНЕ како партија во својата историја памети одредени разединувања меѓу своите лидери, но мнозинството членови секогаш застанувале зад актуелниот претседател на партијата. Така беше кога Никола Груевски го замени Љубчо Георгиевски, така е и сега кога на местото на Груевски е Христијан Мицковски.

Христијан Мицкоски по доаѓањето на власт се соочува со низа тешкотии и тој упорно работи да ги збие редовите од партијата и да ја поврати довербата на нарадот.   

Мицкоски  доаѓа на чело на партијата во декември 2017 година, по низата бомби и обвинувања на повеќе партиски функционери за финансиски криминал и злоупотреба на службената должност, големи долгови и обиди да се избрише партијата од централен регистер.

Исто така, Мицкоски доаѓа на чело на партијата во време кога СДС и ДУИ ја разнебитуваат државата, кога се распродаваат националните интереси, кога се негира името, идентитет, јазикот и културата на македонскиот народ и кога едноставно е тешко да се биде Македонец. 

Меѓутоа, со своите секојдневни заложби за Македонија, за правичен третман на државата и македонскиот народ во евроатланскиот интегративен процес, па за правично општество, независно судство, за искоренување на корупцијата и криминалот, за развој на економијата, за раст на платите и пензиите, за подобрување на состојбите во здраството и образование и т.н., Мицкоски успева да ги збие редовите во партијата и да ја поврати довербата на народот.

Така на Локалните избори во 2021 година ВМРО ДПМНЕ освои градоначалнички места во 42 општини, што е повеќе од двојно од СДС која освојува само 16 градоначалнички места. Две години потоа, анкетите покажуваат уште поголема предност. Таа изнесува скоро три према еден и ВМРО ДПМНЕ е на прагот на најголемата победа на следните избори од осамостојување до денес. 

Денес ВМРО-ДПМНЕ е единствена партија која претставува пречка во целосно разнебитување и распродажба на македонските национални интереси.

Нападите врз ВМРО-ДПМНЕ и врз актуелниот лидер на партијата Христијан Мицкоски, како што велат одредени актуелни политичари, „ќе доживеат фијаско, а ВМРО-ДПМНЕ со Мицкоски на чело, од нив ќе излезе уште посилно.“ 

Таквата констатација е сосема во право зошто денес, кога државата се наоѓа на крстопат, кога е доведена во прашање нејзината иднина, членството на ВМРО-ДПМНЕ ги зби своите редови и е уште пообединето и верно на Христијан Мицковски. Сите структури во ВМРО-ДПМНЕ му даваат поддршка, а зад него стои и мнозинството од македонскиот народ.  

Едноставно кажано, ВМРО-ДПМНЕ нема да потклекне, а пратениците нема да ги изгласаат уставните измени. И покрај тоа, под водство на Мицкоски, Македонија ќе стане членка на ЕУ, а набрзо, ќе дојде време кога многумина од сегашните претставници на власта инволвирани во корупција, криминал и распродажба на националните интереси ќе одговараат пред лицето на правдата.

Тие ќе треба да објаснат многу работи, меѓудругото и тоа како од обични граѓани станале милионери.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.