|
|
ВАЖНО Е да се обединиме против лошото владеење! |
Македонија се наоѓа на крстосница, а изборот е повеќе од јасен: или ќе продолжи бездушната апатија која како вртлог ги влече луѓето кон дното или ќе ги промениме работите.,Македонија и граѓанинот губат на секое поле. Власта го понижува секој еден граѓанин со цел да наметне слика дека ништо не зависи од народот. Власта се плаши од народот, зошто знае дека тој е суверен и единствен кој одлучува за Македонија. За лични бизнис интереси ја жртвуваат иднината на цела генерација. Економијата тоне, здравството произведува смрт, образованието се распаѓа, земјоделието е запуштено, правдата е уништена, народот живее живот на рати. И додека економски го убиваат секој човек и СДС и ДУИ со штетните договори ја зациментираа безизлезноста. Народот може да стави крај на апатијата, криминалот и безизлезноста. ВАЖНО Е да го крене гласот. ВАЖНО Е да се обединиме против лошото владеење! ВАЖНО Е сега, вистински важно е сите да се приклучар на промените и да знаат дека од секој еден зависи заедничката иднина и иднината на нивните најблиски. ВАЖНО Е сега да знае секој дека ако сака да ги промени работите мора да се обединиме околу ВМРО ДПМНЕ и само така секој еден глас ќе има вредност и важност. ВАЖНО Е да се направи разлика помеѓу власта, слугите на власта во опозицијата и опозицијата што ја руши власта. ВАЖНО Е секој да учествува во решенијата и програмата кои ќе ги создадеме, во програмата и понудата за која ќе се избориме. ВАЖНО Е да победи надежта, да се гради иднина. МАКЕДОНИЈА да застане на нозе. Да изгрее сонцето на слободата, да ја кренеме главата, да дојде почетокот на обновата во која веруваме и за која се бориме. Државата се наоѓа во мигови на пресвртница, на колективно рестартиње на деградираното општество и на враќање на вредностите во кои веруваме. Лошите и криминални политичари не се и не смеат да бидат посилни од добриот и напатен народ. Се бориме за достоинство среќа и иднина. За нашата горда и просперитетна Македонија. За генерациите што немаа можност да се изборат, а оставија завет, но и за генерациите што доаѓаат. За среќен народ! За иднина во која веруваме и заедно, само заедно ќе победиме. |