Среда, 04 Октомври 2023   
Обраќање на Мане Јаковлески на втората годишна конференција на Унија на Ветерани

1 2

Почитуван Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Пр. Др.Христијан Мицкоски, Почитуван Генерален секретар Ѓорѓија Сајковски, Почитувани членови на ИК, ЦК, ОК, УМС, УЖ, Патриотски институт, Почитувани Пратеници, градоначалници, поздрав и до нашите браќа и сестри во Дијасората и Пиринска, Егејска и до нашите браќа и сестри во делот во Албанија, поздрав и до Уставобранителите кои сеуште неправедно лежат во затвор.

1_9.jpg

Браќа и сестри, Чест ми е што ја имам можноста да Ви се обратам на 2-рата Годишна конференција на УВ, Насловена: ТРАДИЦИЈА КОЈА ОБВРЗУВА, ЗА ИДНИНАТА КОЈА ДОАЃА.

Претседателот Х.М. пред повеќе од две години донесе историска одлука да се формира УВ. На 21 септемви, пред десет  дена, по предлог на ИК, ЦК донесе одлука за промена на правилникот за работа на ВМРО-ДПМНЕ, со која промена  УВ се изедначи со правата и обврските со УМС и УЖ.

Ја добивме довербата и затоа што ние сме чувари на аманетот и идеалите на Илинденците и партизаните, запишани во документите на Крушевската Република и АСНОМ, кои денес се испоганети од челниците на СДС.

Мораме да ја оправдаме оваа доверба што ни е дадена!

Браќа и сестри, секој почеток е тежок, така и нашиот почеток како УВ не беше едноставен, беше тежок но сепак многу се сработи.

За ова релативно кратко време Формиравме: 72 општински УВ, 1116 УВ во Месните Комитети, регистрирани се 34.200 членови од редовите на УВ низ цела Македонија.

Во организација на Задграничните Комитети од Перт и Аделаида, на 10 јуни 2023 пред Централниот Штаб на ВМРО-ДПМНЕ поставивме биста со ликот на идеологот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Богдановски.

Исто така да ја спомнам и традиционалната средба на УВ во Манастирот Пеленица, во организација на Драги и покоен Слободан-Мане и ОК од Кисела Вода и Драчево.

Унија на Ветерани заедно со сите партиски структури активно учествуваше на последните локални избори, на кои убедливо победивме во 42 Општини.

Следејќи ги упатствата на партиското раководство и претседателот Христијан Мицкоски, поединечно или групно се направија повеќе 100-тици средби низ целата Држава.

Исто така се одбележуваа настани и јубилеи и се оддаваше почит на значајни личности од нашата историја.

На средбите по ОК, се разговараше за тоа како да се подобри  работата на искусните и лојални ветерани и истата да се издигне на највисок степен во целосна корист на Партијата и Татковината.

УВ во ОК исто така беа многу активни во кампањата на последните локални избори, одбележуваа значајни датуми од нашето минато, и одржаа стотици состаноци или средби.

Ја користам оваа прилика, Во името на Извршниот комитет на Унија на Ветерани да изразам длабока почит кон Општинските Унии на Ветерани, за се што направивте и понатака ќе правите за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија.

Почитувани, Благодарение на посветеноста и одговорноста кон предизвикот пред кој македонскиот народ е исправен во најтешкиот период од своето постоење успеавме да го извлечеме најдоборото од нас.

Сето тоа зачинето со грижа на совест, дали сме направиле се за својот народ и за Татковината Македонија, како основачи на ВМРО-ДПМНЕ и втемелувачи на самостојна Р. Македонија.

Но, би било нереално, доколку отворено не признаеме дека сме имале и грешки, дебати, па дури и несогласувања но, сето тоа било со цел за подобра ефикасност во работењето.

Длабоко сум уверен дека иако сме највозрасни членови и најскоро формирана партиска структура, понесени од грижа и одговорност за да го достигнеме пропуштеното, се правеа ненамерни грешки.

Со новиот далеку пофункционален статус, убеден сум дека во иднина уште повеќе ќе ја унапредиме функционалноста и ефикасноста во работата на У.В.

Браќа и сестри Ветерани, Состојбата во Македонија е многу сериозна, СДС и ДУИ Освен лоповлук и распродажба на виталните национални интереси ништо корисно не направија.

Сменија име, идентитет, менуваат историја, местат тендери, трошат државни пари за незапочнати и без проекти- патишта, ги полнат сопствените џебови, крадат лекарства од пациенти со најтешки болести, а наши граѓани умираат.

Им се ближи крајот. За неколку месеци ќе има избори. Не чека голема работа, а ќе успееме ако сме сложни и обединети.

На наредните избори, Потребна ќе биде масовна излезеност. Да не се залажуваме и да кажеме и без мојот глас ќе победиме. Секој оној кој што така мисли, прави корист за СДС и ДУИ.

На наредните избори Потребен ќе е секој еден глас.

Да бидеме внимателни, се појавуваат мали партии кои глумат патриоти, да не им веруваме, тие работаат само да земат некој глас од нашата ВМРО-ДПМНЕ.

Организираат и платени „патриоти“, со цел да шират раздор меѓу нас, и да го поделат гласачкото тело, мора да внимаваме, мора да бидеме будни.

Да ги  возобновиме контактите со сите стари членови, независно од какви причини се пасивизираа во минатото.

Нашите активности да продолжиме да ги реализираме во соработка со Општинските Комитети и со структурите на Партијата.

Да ги засукаме ракавите и на наредните избори да обезбедиме над 61 пратеник.

Наша Света должност е: Македонија каква што ја наследивме од нашите предци, да ја предадеме на нашите деца и внуци.  

Затоа 2-рата годишна конференција на УВ е насловена: ТРАДИЦИЈА КОЈА ОБВРЗУВА, ЗА ИДНИНАТА КОЈА ДОАЃА.

1 12

Браќа и сестри, Од име на УВ, сакам да му се обратам на нашиот лидер.

Претседателе Христијан Мицкоски, немој да потпаѓаш под било какви притисоци, закани, уцени и манипулации од страна на оваа антимакедонска дружина. Имаш поддршка од сите структури на Партијата.

Претседателе Христијан Мицкоски, заради доброто на нашата држава и заради доброто на сите граѓани, главата горе!

Претседателе Христијан Мицкоски, имаш целосна поддршка од УНИЈА на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ!

Да живее организацијата!

Да живее ВМРО-ДПМНЕ!

Да живее Македонија.

Мане Јаковлески, Претседател на Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ-Верни на Организацијата.

Струмица:1.10.2023г.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.