|
|
Честит 11 Октомври - Денот на народното востание на македонскиот народ |
Свекрва 11 Октомври - Денот на народното востание на македонскиот народ е ден кога го славиме почетокот на антифашистичкото востание и Народноослободителната борба против силите на Оската и нивните слуги. На тој ден во 1941 година, продолжувајќи ги слободарските традиции на македонскиот народ за создавање на слободна и независна македонска држава, ја започна борбата против фашистичкиот окупатор, застанувајќи на вистинската страна. Македонскиот народ застана на страната на антифашистичката коалиција, на прогресивната страна. Македонските диверзантски групи многу порано пред 11 октомври имаа повеќе вооружени акции против окупаторскатафашистичка војска и полиција. Познати акции се:уништувањето на германски авион на аеродромот во Скопје (јуни 1941), диверзијата на рудникот Радуша за земање експлозив (август 1941), судир кај тунелот Богомила (септември 1941) и др. Сепак за почеток на организирано востание против окупаторите се смета 11 октомври 1941 кога 16 паризани на Првиот прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ ја нападнал бугарската полициска станица-Участок, затворот и телофонската и електричната мрежа во Прилеп, Дејствија имало и во Кумановско, каде на 12 октомври 1941 година бил формиран Кумановскиот (Козјачки) партизански одред, а во областа Менкова колиба Карадачкиот партизански одред. При првите судири со бугарската војска, Карадачкиот одред бил разбиен на 14, а Козјачкиот на 17 октомври. Скопскиот партизански одред кој не бил информиран не учествувал во акциите на 11 и 12 октомври, но со своите активности од формирањето на крајот на август до распуштањето на крајот на октомври, допринел за продолжување на борбата. Во текот на четиригодишната борба, овие партизански одреди ќе прераснат во доброрганизирана Народноослободителната војска на Македонија, која на крајот на војната 9 мај 1945 година ќе има околу 110.000 борци. Круна на оваа борба се одлуките на Првото заседание на АСНОМ одржано на 2 август 1944 година кога се исполенти аманетите и повеќевековните идеали на Македонците за основање на македонска држава. Македонија сама се ослободи од фашистичката окупација, при што загинале околу 25.000 лица. Од нив најголем дел на фронтот, а остатокот се цивилни жртви и колаборационисти. Меѓу загинатите се и 7.144 Евреи кои беа депртирани од бугарскиот окупатор во 1943 година.. Денес, после 82 години од почетокот на антифашистичката борба, македонскиот народ е ставен пред нови искушенија. Соседите го негираат името, идентитетот и јазикот на македонскиот народ и бараат ревизија на историјата. И додека се соочуваме со барања за ревизија на антифашистичката борба од каде Македонија го црпи својот државен и државотворен легитимитет, како и со низа други проблеми (економски, здравствени, безбедносни итн.), македонското општество е поделено. Во време кога во срцето на Европа се води Руско-украинска војна, во време кога се релативизира антифашистичката борба во повеќе европски земји, во Македонија едноставно нема консензус по виталните национални интереси. 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ треба да биде симбол кој ќе не опоменува дека Македонија не смее да потклекне. Време е како во минатото, за време на Втората светска војна, да се сплотиме и да ги поразиме корумпираните, криминалните и антидржавни елементи во земјата кои ја разјадуваат државата. Време е да ја отстраниме актуелнава власт која ги распродава националните интереси на Македонскиот народ. Нека е честит и вековит празникот! |