Среда, 01 Ноември 2023   
Резолуција на XVI пленум на ЦК на БРП(к) во врска со ситуацијата во Пиринскиот крај

1svekrva Свекрва

Бугарија денес го попречува влегувањето на Македонија во ЕУ, како што во минатото поради Пиринска Македонија, односно Москва, го попречи создавањето на федерација на Јужните Словени. Поради самостојната политика на тогашна ФНР Југославија и можноста од проширувањето со формирање федерација на Јужните Словени, што би го намалило влијанието на Москва на Балканот, Јосиф Сталин и ИБ побараа безусловна капитулација, која беше отфрлена од југословенската федерација.

Резолуцијата на Информбирото (ИБ) која беше донесена во јуни 1948 година, доведе до промена во односите на социјалистичките земји и тогашната ФНР Југославија. Резолуцијата се одрази врз Југословенско-бугарските односи и го попречи формирањето  на федерацијата на Јужните Словени и присоединувањето на НР Македонија и Пиринска Македонија.

На 12 и 13 јули 1948 година под претседателство на др. Георги Димитров бил оддржан  XVI пленум на Централниот Комитет на Бугарската работнила партија ( комунисти) [БРП(к)] на кој се разгледаа „националистичките, антимарксистички и антисоветски позиции“ на тогашните југословенски раководители.  На XVI пленум на ЦК на БРП(к) беше донесена Резолуција со соодветни решенија во врска со ситуацијата во Пиринскиот крај, во која стои:

„Тргнувајќи од констатацијата:  

-дека на конференцијата во Блед беше постигната спогодба помеѓу другарот Георги Димитров и Тито, во смисла дека присоединувањето на Пиринскиот крај кон Народна Република Македонија и враќањето на Западните краишта кои Народна Република Бугарија ќе биде извршено во рамките на една општа федерација на Јужните Словени и дека дотогаш Пиринскиот крај (респективно Западните краишта) остануваат во целост под суверенитетот на соседната држава, давајќи му на населението културна автономија и дека таа спогодба беше систематски нарушувана од страна на југословенските раководители и особено од раководителите на народна Република Македонија;

-дека југословенските раководители, спроведувајќи го својот тесно националистички став, фактички се стремеа само кон присоединување на Пиринскиот крај, одлагајќи го под разни изговори создавањето на федерацијата на Јужните Словени и на тој начин го покажаа својот неискрен однос кон прашањето за федерацијата;

-дека поради таа политика на југословенските раководители и раководителите на македонската компартија, во Пиринскиот крај се создаде фактички недозволена положба на држава во држава, кога разни неофицијални емисари на Народна Република Македонија си дозволувале да се однесуваат неконтролирано во Пиринскиот крај и да распируваат непријателство кон бугарскиот народ, бугарската држава и БРП(к), а нашето бескритично однесување кон таа политика попречи да се пресече на време таа агитација;

-дека тоа непријателство и македонскиот теснограден национализам најдоа силен израз во со ништо неоправданото забранување на наши весници и наша литература во Народна Република Македонија, наспроти многукратните протести од наша страна, како и во непријателската и клеветничка пропаганда против нашата партија и бугарскиот народ, која се води систематски од Колишевски и другите раководители на Македонската комунистичка партија, при јавното или премолчено одобрување на ЦК на КПЈ.

-дека спроведуваната од Колишевски и други скопски раководители политика на прогонување на каква и да е пројава на бугарска национална свест кај населението од Народна Република Македонија и на одрекување на правото на национално малцинство на бугарскиот елемент во Народна Република Македонија, е јарко одредување на ленинско-сталинското разбирање на националното прашање и на правото на населението само да ја определува својата национална припадност;

-дека таа неправилна национална политика на раководителите на Народна Република Македонија само налева вода во воденицата на империјалистите и на нивните агенти иванмихајловистите, кои се стремат кон создавање „автономна“ Македонија под раководство на американските империјалисти. -

Пленумот решава:

1. Решително ја  осудува антимарксистичката и тесно националистичката политика на југословеските раководители и на раководителите на Македонската компартија, која разгорува непријателство кон бугарскиот народ и налева вода кон империјалистите.

2. Поради новосоздадената положба во Федеративна Народна Република Југославија, нужно е да се потцрта дека федерацијата на Јужните Словени и евентуалното присоединување на Пиринскиот крај кон Народна Република Македонија се возможни при една Југославија, која ќе остане верна на заедничкиот социјалистички и демократски меѓународен фронт.

3. Да не се допушти во иднина никакво нарушување на суверенитетот на бугарската држава во Пиринскиот крај; да се запре секакво безконтролно преминување на границата од народна Република Македонија во Пиринскиот крај и обратно; да се стави крај на непријателската агитација на разни емисари (учители, книжари и др.) и да се отфрли практиката на принудно изучување на официјалниот македонски јазик од страна на чиновниците, принудната претплата на населението за македонски весници и др. во Пиринскиот крај.

4. Да се продолжи со ненамалена енергичност политиката на културна автономија за македонското население во Пиринскиот крај преку изучување во училиштата на историјата на македонското ослободително движење и популаризирање на неговите дејци; да се создаваат македонски аматерски уметнички колективи и сл., да се воведе факултативно изучување на македонскиот литературен јазик во училиштата, кое да се врши од месни македонски учители, да се наречат училиштата и други општествени и културни установи, организации и друштва со имињата на познати прогресивни македонски револуционери и сл.

5. Да се продолжи систематски грижата за подобрување на материјалната и здраствената состојба на населението од Пиринскиот крај.

7. Да му се остави на населението во Пиринскиот крај самото слободно да ја опредлува својата националност.

8. Да се засили борбата против михајловистите и великобугарските шовинисти, агенти на англо-американските империјалисти, кои би се обиделе да ја искористат сегашната положба за воскрснување на своите архиреакционерни и во служба на империјализмот планови по македонското прашање.“( „Работническо дело“, 15. VII. 1948 г., „Од признавање до негирање“, 1970, Скопје)   

Ако по Втората светска војна Софија признаваше македонски народ, јазик, култура и историја, денес таа не само што не го признава, туку врши притисок за влез на Бугарите во Уставот и непосредно го попречува влегување на Македонија и други Балканските држави во ЕУ.

И наместо ЕУ да изврши притисок врз својата членка Бугарија, Брисел својот притисок го насочува кон Скопје. Постојано преставници на меѓународната заедница, ЕУ и САД наместо во Софија доаѓаат во Скопје, и македонскиот народ има постојани неисполнети ветувања. Според овие ветувања Македонија досега требаше да биде членка на ЕУ!  

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.