Сабота, 04 Ноември 2023   
Македонскиот јазик не е признаен во ЕУ

Едно од важните прашања поврзани со патот на Северна Македонија (порано Република Македонија) е прашањето за македонскиот литературен јазик. Македонската политичка слабо обучена тројка задолжена за возење по европскиот пат (Ковачевски, Османи, Маричиќ) често повторува дека македонскиот јазик е веќе признаен во Европската Унија и дека тоа прашање воопшто не е и нема на биде на дневен ред во натамошните преговори. Таквиот став често го рецитираат и други високи (и ниски) владини и партиски претставници.

Не би имало културна смисла да се рече дека именуваното трио, а не само тоа, ја дезинформира сопствената јавност или дека ги лаже своите граѓани, особено Македонците. Поприфатлива би била формулацијата дека нивните тврдења не се точни. Најверојатно само тие ги знаат причините да тврдат нешто за кое и самите знаат (или би требало да знаат) дека не е така како што декламираат. Заблудата што ја шират заедно со други повикани и неповикани владини и партиски портпароли носи штета, не корист.


Меѓу неколкуте наводни аргументи, тие и нивните верни политички сателити, како потврден факт го истакнуваат договорот со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража, позната под кратенката ФРОНТЕКС со седиште во Варшава. Со тој договор, потпишан лани, а ратификуван годинава, е официјално дозволено дел од македонската граница да ја чуваат и странски полицајци за спречување масовни налети од мигранти. Тој не задира во ништо друго поврзано со односите Македонија – ЕУ.


Несомнено дека македонската преговарачка страна вложи доста напори и се избори договорот да биде потпишан и на македонски јазик, без фусноти, покрај другите 24 официјални јазици на Унијата. За тој чин доби и честитки од странците. Меѓу нив и од францускиот претседател Макрон, кој подвлече дека со тоа „се признава македонскиот јазик и целосно се почитува унитарниот карактер на македонскиот идентитет“. Но таа Макронова изјава е само дипломатска бела ракавица, официјално не значи ништо, нема општоевропска вредност.

Слично е и со донесената декларација во германскиот Бундестаг, со која се признаваат македонската култура, идентитет и јазик. И таа има повеќе симболична, а помалку практична вредност. Тие се дел од картотеката на многубројните лицемерни изјави од високи претставници на ЕУ, како и дадените од разни амбасадори. Ваквите изјави се плацебо-пилули да си ја смират својата совест и да ги намалат болните чувства на загрижените Македонци. Во тој кош се и изјавите за јазикот на претседателката на комисијата, Урсула фон дер Лејен.


Еве ги фактите пред кои македонските политички богови би требало да молчат.
Во денешна Европа официјално постојат 225 автохтони јазици. Меѓу нив и македонскиот јазик. Европската Унија има 24 официјални јазици. Таму, во нејзините матични „книги“ не фигурира македонскиот. Го нема како признаен јазик. Ги нема ниту српскиот и црногорскиот јазик, иако двете држави одамна ги имаат почнато преговорите. Го нема ниту албанскиот затоа што Албанија е на преговарачко рамниште со Македонија.


ЕУ има 27 членки, а помалку службени јазици – 24. Тоа е така затоа што некои земји имаат ист јазик. Официјални јазици се: холандски, француски, германски, италијански, дански, англиски, грчки, португалски, шпански, фински, шведски, чешки, естонски, унгарски, летонски, литвански, малтешки, полски, словачки, словенечки, бугарски, ирски, романски и хрватски. Како што земјите биле примани така за службени биле примани нивните национални јазици, иако имало исклучоци. Хрватскиот, кој по распадот на Југославија се одвои како самостоен од тогашниот српскохрватски, е последниот службен јазик во Унијата.


Значи, прашањето е кога македонскиот јазик ќе биде признаен како официјален јазик на ЕУ?
Одговорот не е ниту лесен ниту едноставен, како што нашите политичари сакаат да го прикажат.
За еден јазик да стане официјален, потребно е прво земјата да стане рамноправна членка. Како што се гласа со апсолутен консензус за приемот, така е потребен консензус и за јазикот, барем засега додека не се укине таквата процедура. Гласаат сите 27 земји. Но и притоа има исклучоци. За нас особено поучен е примерот со Ирска. Оваа островска држава е примена во ЕУ во 1973 година. Поради разни спорења околу англискиот јазик, ирскиот јазик за официјален е признаен дури во 2007 година, 34 години подоцна од приемот.


Прашањето е дали нешто слично може да се случи и со македонскиот литературен јазик? Дали властите ќе гледаат во гравче или ќе бараат некоја нова Баба Ванѓа за да дознаат што ќе се случува?


За признавањето на македонскиот јазик како официјален јазик на ЕУ клучен фактор се бугарските услови и барања. Како што е познато, официјална Бугарија не ги признава македонскиот народ и македонскиот литературен јазик. Ги смета за бугарски, најмалку до 1944-1945 година. Бугарското собрание во 2019 година има донесено декларација за непризнавање и таа обврска ја има оставено како аманет до сите идни генерации. Како што има ставено вето за приемот на државата, такво вето има доставено до ЕУ и за името на јазикот.

Како предупредување и опомена до Европската комисија во посебна декларација на Министерството за надворешни работи на Бугарија доставена до сите земји членки укажува дека упатувањето во документите на ЕУ на официјалниот јазик на Република Северна Македонија во никој случај не треба да се толкува како признавање на „македонскиот јазик“ од страна на Република Бугарија. „Секое повикување на официјалниот јазик на Република Северна Македонија во официјални/неофицијални документи/позиции/изјави и други на ЕУ и нејзините институции, тела, канцеларии и агенции мора да се разбере строго во согласност со Уставот на оваа земја и никако не се толкува како признавање од страна на Република Бугарија на ’македонскиот јазик‘“.
Ако се гледа текстот на тој документ во целина, станува јасно дека бугарската влада става до знаење дека услов за Република Северна Македонија да стане членка на ЕУ е да ја прифати интерпретацијата на бугарските историчари за потеклото на македонската нација и на македонскиот јазик како единствена историска вистина.


Таква е вистината за македонскиот јазик во Европската Унија. За жал.
Ете, тоа е резултат на работата на македонските политичари и дипломати.

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.