Среда, 22 Ноември 2023   
Бугарско толкување на историјата од почетокот на османскиот период

1svekrva Свекрва

Политиката на негирање на постоење на македонска насионална самобитност, јазик, литература и правата на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, кон крајот на педесетите и почетокот на шеесетите години на минатиот век ги  оживеа Санстефанските претензии на  Софија. Особена улога во подгревањето на големобугарските анбиции имаше највисоката научна институција на Бугарија, Бугарската академија на науките (БАН), која во ноември 1968 година објави брошура под наслов „Историско-политичка информација по македонското прашање“.

Првично оваа информација беше прифатена како став на тогашната БКП, а потоа и на самата бугарска држава. Брошурата на БАН стана еден вид програмски документ на тогашна НР Бугарија по однос на македонското прашање.

Со оглед дека ставовите на Бугарија по однос на македонското прашање не се изменети и денес.

Ви пренесуваме делови од брошурата на БАН од 1968 година, со цел читателот самиот да извлече заклучоци за тоа какви се не барања преку историската комисија ќе и бидат испорачани на Македонија, за да ги прифати доколку не сака да добие вето за започнување на преговори за влез во ЕУ.

Во брошурата на БАН, па антиката и средновековието, се осврнува и на османскиот период, за кој ќе напише:

„ ... Во 1396 година бугарската држава конечно паднала под османско ропство кое продолжило 480 години.  Развитокот на бугарската народност за долго се задржал, но не прекратил. За време на целиот период на турското владеење се нижеле непрекинат ред борби, оружени востанија на народот во сите краишта на некогашната бугарска држава. Во својот говор на прославата на ајдутството другарот Тодор Живков рече: „И особено силно, особено вознемирувачки се исправува пред очите тешкиот подвиг на ајдутите, на оние синови на Бугарија, кои во текот на пет ропски века не дозволија името на Бугаринот да стане синоним на поимот роб.“

Во услови на борба против османските освојувачи, а потоа и против потисништвото на грчкото свештенство, продолжувал развитокот на бугарската народност.

Во 18 и 19 век, кога во Турската Империја започнале да се развиваат стоковно-паричните односи, да се зародува капитализмот, да се формира и развива боржуазијата, тогаш врз основа на бугарската народност се создадоа услови за никнување и развиток на бугарската нација. Тоа станало во сите делови на бугарските земји, во тој број и во Македонија. Како во Дунавска Бугарија и Тракија, така и во Македонија, националноослободителната борба во сите нејзини етапи – за нова просветна и црковна слобода, за национално ослободување – се развивала како борба на бугарскиот народ.

Нешто повеќе. Во тој период во Македонија се родени и живееле низа истакнати дејци на бугарската преродба, кои работеле против погрчувањето, за зачувување на бугарската народност, за формирање на бугарска национална свест и се бореле против османското ропство и грчката патријаршија. Тука се родиле: првиот наш преродбеник Паисиј Хилендарски, Јордан Џинот, браќата Миладиновци, Неофит Рилски, Рајко Жинзифов, Кузман Шапкарев, Григор Прличев, Георги Динков (учител на Димитар Благоев) и др, Но сите тие како и дејците на бугарското националноослободително движење од другите краишта на бугарските земји, вклучително и Георги Раковски, Васил Левски, Љубен Каравелов, Христо Ботев и др., еднодушно се воодушевувале од идејата да ја видат својата татковина – Бугарија ослободена од турското угнетување. Тие се бореле од името на една нација – бугарската нација.

Уште пред два века, имено Паисиј, роден во будното бугарско место Банско во Македонија, го издигнал својот странствен повик: „О неразумни и јуроде, поради что се срамиш да се наречеш Болгарин!“ И неговата словено – бугарска историја се препишувала од рака на рака, ја обиколувала земјата  - Мизија, Тракија и Македонија и ја будела националната свест на Бугарите.

Во статија до бугарски весник во Цариград Јордан Константинов (Џинот), роден во Велес, книжевник и просветен деец, пишува: „Ако ме пита некој школски человек, си ли ти Болгарин? Аз полноотвествам: Болгарин сум! Зошто не е чесно на моето славенобулгарство да творим зло и лукаство. Прави Болгарин не лаже, не завидуе, не денгубуе, не лицемерствуе, не блудуе, за печена кокошка верата не разменуе.... Повистине, нема повеличествено од Болгарин. Болгаринот чрезмерно ради, оре, сее, торгуе, воинствуе, верност има, гостољубие... Булгарин е љубител всекое добро. Болгарин е срамота да се стрицуе од свој род и јазик...

По низата светли на пламени родољупци, родени во градовите и селата во Македонија, особено силно блескаат имињата на браќата Димитар и Костантин Миладинови. Тие пламено се бореле за заштита на својот народ, за бугарска преродба, и во таа борба маченички загинале во цариградска зандана. Со голема енергија двајцата браќа работеле за остварување на преродбеничкиот идеал – независна бугарска црква, бугарски училишта, настава на свој роден бугарски јазик, за будење на националната свест меѓу широките маси на нашиот народ. Во 1861 година тие го издале зборникот „Бугарски народни песни“. Тие песни ги преставуваат најдобрите примери на бугарскиот фолклор. Во поканата за собирање абонати за Зборникот, печатена истата година К. Миладинов пишуваше: „Пред 6 години се зафативме да собираме песни од сите страни на Западна Бугарија, т.е. од Македонија, на пример од Охрид, Струга, Прилеп, Велес, Костур, Кукуш, Струмица и други места, уште и од Источна Бугарија.

За високото патриотско самочуство на браќата Миладиновци говори и извонредно интересното писмо на Димитар Миладинов, што го испратил во 1852 година до уредникот на „Цариградски весник“ – Александар Егзарх. Во него тој ја истакнал опасноста од распространувањето на грчкиот јазик во Македонија, укажал на неопходноста децата во училиштата да го започнуваат обучувањето на својот мајчин јазик (т.е. бугарски јазик). Во тоа писмо тој пишува: „ ... Речиси шест осмини на Македонија, населени од еднојазични Бугари, се учат на елинско писмо и од Елините се нарекуваат Елини...“ При своето затварање, Д Миладинов изјавил: „Јас одам во сигурна смрт, но народот бугарски, за кого сум војувал  и за кого ќе умрам, нема да умре заедно со мене. Тој ќе остане и по мене и еден ден ќе воскресне величествен.“

Само неколку дена откако разбра за загинувањето на браќата Миладиновци, Љубен Каравелов пишуваше: „Ќе поминат цели стотина илјади години, а нивното име ќе се изговара со почитување и во бугарските песни, и во бугарските приказни, и на седенките. А народниот поет Иван Вазов восхитено го воспевал нивниот подвиг:

А бедните браќа во претсмртни страдања

ги испуштаат своите последни стенкања.

И веќе опфатени од гробниот студ,

Праќаа збогум на божјиот свет

И шепотеа тивко со гаснечка сила:

„Колку многу те сакам, Бугаријо мила!“

Друг деец на нашето националноослободително движење – Григор Прличев од Охрид, автор на поемите „Арматолос“ („Сердарот“) и „Скендербег“, пишува: „Ние Бугарите толку време бевме ругани и презирани од сите народности што е време веќе да се освестиме ... Време е да се покажеме луѓе меѓу луѓето. Бугарската трудољубивост ретко се наоѓа кај другите народи; тоа не облагороди... “

Истакнатиот преродбеник Рајко Жензифов од Велес укажуваше дека Бугарите ја населеуваат Северна Бугарија, Тракија и Македонија.

Во своето литературно творештво тој го изразувал длабоко своето бугарско национално чуство. Во статијата „За преводот на „Словото за полкот Игорев“ Жинзифов сметаше за потребно да подвлече: „Ние за бугарски јазик го сметаме тој јазик што се говори во цела Македонија, Тракија и Бугарија, меѓу кои говори има многу малку разлика, ... нема Македонци, нема Тракијци како одделни народи, туку има само Словенобугари, кои живеат во наведните места, чии имиња, можеби, имаат свое право во географијата, а не во народноста; накусо речено, има еден цел бугарски народ и еден јазик бугарски, кој, како и секој друг јазик, има свои наречја.“ 

Со оглед дека ставовите на Бугарија по однос на македонското прашање не се изменети и денес, со цел читателот самиот да извлече заклучоци за тоа какви се не барања преку историската комисија ќе и бидат испорачани на Македонија, за да ги прифати доколку не сака да добие вето за започнување на преговори за влез во ЕУ.

(извор: „Од признавање до негирање“, Култура, 1970, Скопје)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.